Сношти видов некој си нов #DearMe тренд по нетот. Демек, шо памет би си дал на самиот себе Х години уназад. Поминаа 5 секунди, ништо не ми дојде, ама си го извртев муабетот ''Шо би рекол малиот од пред година дена, на овој сега''. И ме штрекна. Гарант малиот ќе ми врзе две и ќе биде у фазонот: Who the F are you, and what have u done to me?!?!
Шо да ти кажам ..
-Откажав спорт, скоро и да ништо не пратам веќе
-Тимот за кој навивам од кога знам за себе, го немам гледано од први јануари
-Штокот по кој си бев препознатлив (во пола од локалите не ме ни прашуваа шо ќе пијам) почнав да го менувам за смирнофф (а не ми е добар)
-Млеко пијам како луд
-Режимот на исхрана и спиење, калакурница
-Си го шлапнав ПС-от во дневна, а рачка немав фатено 10+ години
-Почнав стрип да читам #MuchGeek #WOW
-Осетив колку ослободувачко чувство е да НЕМАШ контрола над се' и сешто околу тебе и да не си ги токмиш стварите онака како што тебе ти пасуваат
-Прв пат кариерата не ми е примарна водилка во животот. Особа стапи на сцена, ми се отворија очите и конечно прогледав мислам
.. Фали уште смарт телефон да почнам да користам и трансформацијата ќе се комплетира!
Некни иначе едвај жив останав мислам. На своја кожа осетив зошто на ТВ постојано викаат да не се мешаат апчиња со алко. Грозно нешто, никогаш повеќе иста грешка.
ПС - Само моите дома се опседнати со БОМБИТЕ, или кај сите е така? Мислам дека Гоца и Зоки толку си ги немаат слушано муабетите, колку кај мене дома ..