Драга Кајгана (виртуелен дневник)

H

HoT IcE

Гостин
Кеј конечно се решив да идам на ортопед. И си закажав пред две недели све фино лепо, и вчера бев. И влегувам таму, и ме прашува човекот како сум се повредил. И му објаснив како ја повредив раката, и што ме боли и како, и овој ништо ме погледна само и стана да ја види. И ме прашува пред колку време ја повредив раката, ми вика: пред колко време гу повреди руку, добро е што си дошја на време :D :D И кд му одговори: паа докторе повреди гу пред 5 године, 2 година средњно. :D:D И фаца на овога прајслес:
4786604.jpg
Се згазив од смеење, онака у фаца му се изнасмеав. И овој примети каква глупост кажа, и ми вика: Абе синко па што кур си чекаја до сга, и се смее хахаха. Вика ми, ај да не нагаѓамо, иди направи нови снимке, прати ме на нервно да види детаљно што како и ќе смо виделе на што смо.:pos::pos:

Морав да кумановски да го напишам муабетот пошто на литературно неможе да се долови моментот. :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Ептен ја сакам онаа детска наивност и логика. Беа дојдени на гости внучињава, едното 4, другото 5 години. И влечкаат со нив малечко кученце кое го зеле пред некој ден, 3 месеци старо, со име Рико. И го сместивме кутрето нивно во дуќанот, настрана од моево кое е пуштено во двор.

И по некое време излегува внучево (помалото) на балкон и му вика на моево:
-Диноооооооо, динооооооо!
Му викам абе оти така го викаш , не се вика Дино, Нео се вика. Нејчам бе да се вика Нео, Дино сакам да се вика! (дури онака нервозно по малку ради имево) :D
И му викам епа ко толку сакаш да се вика Дино, оти твоето не го крстиш Дино?
Аааааа нееее, Рико се вика моето, ми вели, нејчам Дино.

Види реков шо ти се вика памет, моево сака да го прекрсти, неговото цук.
И по некое време ај реков да се позафркавам уште малку. Ај да се смениме му велам, јас че ти дам големо куче, ти мене твоето, мало кученце. Нејчам вика, твоето е грдо. После му викам на татко ми да му го сврзи истиот муабет, да се позафркаваме. И му вели ај се смениме со кучињава. Ајде вика внучево. По пет минути негде оди до татко ми и го слушам, тивко му вели, ама поџамитка кажи......поџамитка.......да се смениме.....

Тие се тие муабети кои ми фалат се почесто и посекојдневно, наспроти мудрувањето и мерењето интелектуални ташлаци скоро од секој е.ан агол.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Мене и 15000 евра да ми дадат, ништо нема да ми значи :LOL:
Освен за патувања по Јужна Америка, да не речам за плаќање карта во еден правец, за ништо друго не би ми притребале :icon_mrgr:

Мора да се навратам пак на ВИН ПЛИН :цицки:
Значи колку само очекував таква глупост, му викам на татко ми слушај ја што ќе каже, сто посто ќе рече Вин Плин. Се дерам ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ во исчекување на одговорот и следи :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos: ВИН ПЛИН, ВИН ВИН ситуација :pos:

Иначе, нема ништо ново во сагата со сапунот, али пак ми се задеси необјаслива случка :icon_mrgr:
Станувам вчера сабајлето и гледам клучот од три клуча на привезокот, клучот од дома ми е СВИТКАН на половина :eek:
Што по ѓаволите... Си го враќам филмот, не ми текнува дека сум го користел некое време. Прва осомничена ми беше мајка ми, којзнае каква беља направила, па уште одма кога влегував дома (на враќање накај дома приметив) ме праша што ти е со клучот ќе ја скршиш бравата, без да знае дека отклучував со прецвикан клуч :cujte:
Татко ми проба да го направи и го докрши... :icon_mrgr:
Одма извадија теории дека сум го чувал на претопло (ВТФ?) или сум го свиткал дур ми бил во џеб. Ми викаат кај беше, вчера, како отклучи вечерта?
Вечерта се направив Џон Траволта, љокавме ефтино вино на кеј, толку се потфатив што од 12 до 3 замарав да правам слики со ефекти :pos:
Накај дома ми дојде грижа на совест, реков не искачам до петок :гик: За наредниот ден, да одбијам неколку понуди за искачање и да не одбијам една која вклучуваше играње пинг-понг :pos: Ама затоа денес не мрдам :вонзем:
Кај памтам што се случило со клучот, кога бегав од Спајдрмен вечерта?
:pos::pos::pos:
На другар сум му направил 500 слики со ефекти. Само што ќе го видев глупиот ефект, се ролав од смеење :pos: Глави од спајдрмени, дегенски фаци, космонаутски одела, аквариуми, џунгли, курци палци... :blablab: Денес другарот ги покажувал сликите на другиве од населбава, јадев тежок ремет :гик:

Заминува клучот во заборав, кој го ебит, ќе си направам друг :гик:

Во моментов во позадина оди народна музика и Српско селско, ама толку лошо пее типот што изведува нумери во живо, што прави да ги замразам некои песни што ми се омилени. Имаа и некоја теткетина што се дере како да ја колат, крвта да и ја испијам. Толку лошо пеење во живот не сум чул, а што ли слават само се прашувам? Толку урлање за факинг полуматура? Не се ни сеќавам колкави се децата во куќата, ваљда не начукаа по толку години :icon_mrgr:
Олег и Оља ака Золег и Зоља, поствоени имиња од 2001 :pos: Има логика, треба да имаат години колку за полуматуранти :blablab:
Каков пеницилин си најдов за урлањето... И јас затрештив музика до даска :icon_mrgr:

I turn my radio up and it's just my luck
Why-y-y-y-y-y-eh me?
I turn my tv on, it's the same old song
Why are you following me?
It's like a ‘missing you' sign
Is written on my face
Why-y-y-y-y-y-eh?
It's like everybody knows
Cause everywhere I go
The whole world is singing to me

Cecilia, you're breaking my heart
You're shaking my confidence daily
Oh Cecilia, I'm down on my knees
I'm begging you please to come home
Uh-uh-uh-eh-eh
Uh-uh-uh-eh-eh
Uh-uh-uh-eh-eh
Uh-uh-uh-eh-eh-eh-eh-eh

Тоооооо ЦЕЦОООООООООООООООООООО

ДРОГААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА :cujte:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ди кеј , не ми се верува дека и јас ќе го чуев ова Вин Плин прееска ама се качив горе :place:

Доаѓам дома сестра ми во дневна си пуштила клима, си сварила кафе и пуштила Среќни коцки и викам што ти е ма гаси ова, ми вика абе какво гаси мрш таму, нема боље од квизов. Ама дека ја знам сестра ми дека гледа бофал работи по телевизииве си викам ај заеби и си се качив горе. После на пауза од работење ја отворам темава и ги читам Џонтра и Колт :lolzz: Од утре и јас ќе гледам СК иако на времето кога одев на пливање ги гледав утринскине „рано ден“ емисии и до ден денес фаворит ми е бабата што праша дали акцијата „евро - квадрат“ важи за купување гробно место :zver:
 

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
И така драга ,

Пред една недела го изгубив паричникот во такси.Така просто си седев позади и да извадам пари да му платам,му го оставив на седиште.Истото утро пријавив во полиција дека е изгубен.Внатре имав 4000 ден, лична, возачка, картица за куцање од факс, картички од банки, здравствената и една многу драга слика од мене и сестра ми.Толку бев изгубена, пошто останав без ебан денар у мене и цела документација, денот ми помина крш.Наредните 5 дена јас бев убедена дека паричникот ќе се појави на моја врата :) Никој дома не примети дека сум во фрка со нешто пошто јас просто верував дека ќе го најдам и си кулирав.Утрово ме разбуди повик од полиција и ми го оставија дома пред врата со сите документи, освен нели парите.Али, јебем га дај шта даш.Барем се нашол некој паметен да го пријави во полиција.
И така драга,кефој сум денеска, сите ги сакам, и дечко ми и комшијата и ромите што просат и све по ред бацував денеска
Ајт биди поздравена до следна дешавка и извини што се губам од време на време :rolleyes:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не е пишано жена да те усреќи. Чекам на тикет, Шпанија кец. Женска фудбалска репрезентација. Го пратам во живо натпреваров, се нервирам, но не знам како да се дерам и обраќам на жениве фудбалерки, а да не ме чуе мајка ми и да не го навлечам гневот на феминисткиве.

Трчај ти со виолетовиот лак. Ама сериозно, виолетов лак. Пробав со комплименти. Трчај златце. Сериозно бе, златце? Трчај ти со шишките, мори. Само што реков мори, реагираше мајка ми. Се закани со сукало. Морав да прекинам.

Милион шанси, голманкава од Коста Рика олку на сопругот по дома не му брани. Голманко, во случај да не си мажена, НИКОГАШ ДА НЕ СЕ МАЖИШ.

Па после зошто мажите станувале хомосексуалци(број од Кочо ќе ве молам). Како зошто? Чекаат одредена женска репрезентација на тикет, онаа со најмал коефицент, ги паѓа. Разочарани, почнуваат да ги мразат жените и да сакаат мажи. Мислам, општо зборувам, не дека... Всушност, за добра сума... туку, тоа не е тема на муабет!

Бевте прекрасни, ве сакав и почитував, сметав дека сте нешто најубаво што му се случило на светов после Лед Цепелин, но после ова денес, ја изгубив целосната почит кон вас, љубовта... Благодарение на шпанската женска фудбалска репрезентација. Нив да им бидете благодарни, со мене завршивте.






































































Џабе пљампам, се уште ве сакам. :place:
 
Последно уредено:

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Жута,

Што убава беше онаа можност за промена на име на неколку месеци.Си ставав рандом имиња чат пат да има фестивал.Последново го одбрав не знам ни јас како,искрено не ни знам што значи.Небитно убаво звучи во моиве уши.Сакам кажам не знам речам ми е постов.И ова е небитно.10ти јуни, последното ѕвонче за учебна 2014/15 ќе згрми утре.Колку обожавав распуст еј.Обавезно после крај на школска година ќе отидев до кај дедо ми да се пофалам дека сум завршил и ќе ми речеше ајде сеа сладок живот почиња , ќе ги мериш улиците.А ја не дека не ги мерев вака, туку имав притисоци од дома.Се заради таа ебана дисциплина.Па како да седам мирен кога сите седум часа у денот ми се мртви со ист тон на предавање и без интерес.Дојдов, видов , предадов им беше мотото на оние у средно.Имаше и исклучоци, али у глобала после прва година сите знаев што ќе кажат.Ви ебам мртвите.Се враќам вчера мислам беше накај дома и тука у кафанчево кај воен базен полуматура грми синан сакич и остала багра.И си викам уреду е, полуматурава за децата е или наставнициве пепел да се праат.Ние полуматура праевме у Галеб. 240 души у место за 100.Сум славел полуматура офф, се срамам на моменти.Ај на спиење , лека ноќ
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не можам повеќе, плачам еј. Не знам зошто влегов во темата и прочитав за тие коцките.

На јутјуб гледам компилации од најсмешните моменти од тој квизот.

1. Се јавува еден маж и Вучиќ го прашува дали госпоѓата сака преса за коса или снаата?
А овој и двете се со кратка коса. :pos:

2. Небеска е името на првиот албум на пејачката?
Малку помош може?
Мија..
И пак бара помош и овој името и го кажува наопачки, а она никако не може да погоди. На крај и вика Мијата, ај сега ти кажи го наопачки. :pos:
Колку глуп народ има. :tapp:

3. Се јавува една повозрасна жена и вика може ли снаа ми да зборува место мене, ама со мое име по што заедно живееме.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Некои велат дека власта се клати. И на прчот јајцата се клатат, ама не паѓаат.

It just made my day. For a week. :D:D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.089
Животот знае да те пресече, нема да успееш ниту да трепнеш и цела сегашност едноставно ти ја снемува. Во зграда имав комшии, баба и дедо, луѓе во години. Се доселија пред 3 години во станот под мене. Прилично бучен брачен пар, постојано се расправаа за безвезни работи, постојано имаа гости, постојано им доаѓаа внуците, ама среќни луѓе у суштина. До душа ниту имињата не им ги знаев ама од гласните муабети пола живот им го дознав. Пред нешто помалку од две години почина мојата баба, до душа тоа не е тема на муабетов, а и дознав дека ќе станам татко иако среќата моја што не знаев дека ја чекам не беше до мене. Едноставно премногу работи да можеш да ги подредиш во глава пред да ти се сруши се ко кула од карти. И таков во некое полубесно - полуожалостено стање еден викенд земав посабајлечки да ги полевам цвеќињата на тераса. Само што почнав ѕвончето заѕвони, иако у суштина не отварам ако не очекувам некој, ко за беља отворив и пред очи ми изникна бабава од доле и ко од пушка почна да ми се жали дека и капело вода на тераса и ми паѓале лисја од цвеќето, демек ѓубре сум и праел. Ја нормално и се извинив и пробав да го завршам муабетот брзо, ама не, мораше да ми објасни зошто не чинело тоа што сум го правел. Ми пукна филм и и ја лупнав вратата, едвај се воздржав да не ја отерам у три мајчине. Попладнето излагам по леб, стариот нејзин седнал на клупа ко и секој ден, по цел ден. Обично секогаш кога ќе поминев покрај клупата на која седеше по нешто ми дофрлаше колку да почнеме муабет, првиот пат не му вратив ништо, а на враќање ми искоментира цинично - Лесно је да купиш кад нису паре твоје, на што ја му вратив глеј си работа стар мајмун. И се деси што се деси и од тогаш ги избегавав колку можам, а ниту имав желба да се расправам. 5 - 6 месеци после таа случка, беше некаде Февруари, бев на гробот на мојата баба, и правевме пола година, иако ми беше премногу тешко и ја сонував секоја вечер веќе почнав да се навикнувам некако дека повеќе ја нема. Истата вечер старите доле имаа жестока кавга до степен да не можам да заспијам. Стариот си маваше ракија и пушеше ко турчин, па можам да претпоставам дека тоа беше причината. Иако редовно ги слушав секоја вечер, беа необично бучни за нивни стандарди. Едно време бабава почна да вришти а стариов само го слушав како прави гаргара и се плиска со вода под чешма. После тоа го слушнав само гласот на нивниот син, кој во меѓувреме пристигна, по што се се стиши. И така едно недела дена бев благословен со, за мене, боженствена тишина, Можев да легнам во 10 без да ме разбуди лудачко дерење у 2 сабајле. Едно утро додека излегував, приметив црна лента над вратата кај стариве, претпоставив дека некој умрел иако не можев да знам, а и не можеше помалце гајле да ми биде. Истиот тој ден вечерта го слушнав само гласот на стариот и на син му, гласот му беше некако чуден, ко болежлив, а пошто веројатно ја имаше изгубено љубовта на животот можев да претпоставам дека тоа е причината. Ама не, ситуацијата се влошуваше од ден на ден, болежливиот глас се претвори во вриштење и лелекање од болка, не само душевна, туку и физичка. Тоа ме врати едно 20 години назад. Се сетив на дедо ми кога го доживеа третиот мозочен удар и легна во кревет. Баба ми сромашката се изнамачи со него, нека почива во мир и таа. Се сеќавам на гадни слики, отворени рани на нозете, на грбот. Дедо ми беше крупен човек, а баба ми едвај успеваше да го превртува за да не му се влоши ситуацијата, сама го миеше, му мењаше и чистеше катетар (грозно е знам), се сама правеше. А јас, јас бев уште многу мал и за да и помогнам одев до автобуска да го земам посебниот мелем кој една пријателка на баба ми која живееше во манастир во Неготино го правеше за него и ни го праќаше по шоферот. Иако и пазарував се и се трудев да помогнам, на сиромашката и беше премногу тешко да се грижи и за мене и за болен човек со една пензија. Забегав со мојава приказна да се вратам на стариот од доле, излезе дека таа кобна вечер стариот се шлогирал а жена му малку потоа починала. Кога сфтаив што е работата ми падна криво што го увредив човеков, али што е тука е. Секое сабајле го слушав син му пред да оди на работа, веројатно го преслекуваше и менуваше постелнина, болен процес кој почињаше со убедување и едно пола саат - "Бегај од мене бе" за да премине у вриштење налик на тоа од ќерката на Станис запалена на клада. Језиво али се навикнуваш, појезиво е што од сите тие гости, пријатели и внуци останал само еден човек кој доаѓа два пати дневно да те провери и стокми да не скапеш. Пола саат човечко присуство за да остатокот од денот го поминеш сам меѓу 4 ѕида чекајќи си го крајот. Денес после годинаипол не го слушнав неговото вриштење повеќе, нека почива во мир, се измачи многу али тоа е не можеш да си бираш музички желби, до душа сите не чека истото финале. А ситуацијава некако се повеќе ме тера да мислам дека у суштина животов е исто како кога во забавиште ве носат на вакцина, и така цела група сте преплашени од тоа што ќе се деси кога ќе влезете кај докторката, па дури си го чекаш редот можда ќе најдеш некој да направиш доволно занимлив и интересен муабет за обајцата, што ќе те натера да си го заборавиш стравот се до пресудниот момент кога со книшката ќе чукнеш на врата за да те боцкаат, а после тоа си слободен до наредната вакцина или инекција.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Стасаа од Пеко сандалките, па немаше бројка па само црни 45, нејќев црни се мислев ајде реков црни, ми се јавија рекоа само кафени :pos::pos::pos::pos::pos:, па такви сакв бре, еве ги :icon_lol::

IMG_20150610_103907.jpg
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Добро јутрооооооооо звездооооооооооо! Како си леп....... на овој слицииии.

Утро ко утро, ветерот ги тркала празните лименки од пиво низ дворот. Вчера избричив и брада и се. Чешаше у пичку материн.

Внук ми прославувал четвртматура. Заминав да си испрскам нешто во очи.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom