Листам мини водич за Côte d’Azur кој ми го поклони.. wait for it, шефицата (новата хаха).
Енивејс, крајна недела на Мај, прва од Јуни е букиран мојот нов трип кон азурнио брег. Cant.fucking.wait.
Таја исто веќе била таму и се згодило да е времето на Филмскиот Фестивал, па случајно завршила и на јахтата од 200 метри на Роман Абрамович, ова сето непланирано, ама за ова во друга прилика.
И ја го одбрав Кан, место Ница или Монако, пошто е најблиску до Свети Тропез, а и плажата е најубава.
Ако сте таму тоа време хит ми ап, да пијаме нешто дур посматраме бронзени русокоси.
Не одам таму заради олигархијата, туку заради природата. пошто палец на горе, најубав европски брег, тоа портокалите, тоа бреговите обраснати со бор. Има едно видео од Бардот од 70ти кај што вели дека и е многу криво што нејзината преселба таму, го навлекла талогот од светот по неа. Токму од тоа бегала, Париз и Католицизмот ја гушеле веќе некое време, Свети Тропез било селото на газот од Светот, кај што не очекувала дека ќе ги сретни тие од кој бега. То е, судба.
Ако слушнам некој скопјани таму кај шо си ги серат децата на плажа, че се прам дека не знам македонски, не се заебавам.