За нефункционалноста на државата...
Доста беше за Македонија и Шведска, сега малку и за Исланд. Поентата ми е дека колку и да звучи бајковито некое општествено уредување, во суштина смрди одвнатре.
Во рок од 2 месеци избива вулкан по третпат во истата област. Ситуацијата е следена од стручњаци и знаат отприлика кога да очекуваат вулкан, но не знаат точно каде ќе еруптира, знаат отприлика локација. Во таа област има град, има централа за дистрибуција на струја и вода и ја има ебената плава лагуна.
Почнуваат јаки земјотреси, градот повеќе не е безбеден за живеење поради огромните пукнатини во земјата. Пукнатините се длабоки над 10 метра, со вода во нив, некаде има и пештери во земјата каде што е отворена пукнатината. Ги евакуираат луѓето, супер, во меѓувреме ги тераа да плаќаат кредити на банките за земјиштата како да живеат таму. После побуна конечно се стопирани наплатите.
Праќаат работници ДА ГИ ПОПОЛНАТ ОГРОМНИТЕ ПУКНАТИНИ СО ЗЕМЈА. Не треба да си стручњак за да сфатиш дека тој град е пропаднат и апсолутно никогаш нема да биде безбеден за живеење. Која е целта да се поправа, особено кога се очекува да биде поплавен од лава? Загина човек, работник. Сам, без некој околу него да му помогне. Пропаднал во една од дупките сосе багер. Никогаш не го најдоа.
Градот, како што беше очекувано, беше делумно поплавен од лава.
Избива вулкан по третпат во близина на објектот кој нѐ снабдува со топла вода и струја, ја поплавува цевката за топла вода, со тоа веќе два дена нѐ остава без топла вода и затоплување. Надвор температурата е константно под нула.
Имаа три ебени месеци да смислат план Б, три! Добро знаеја дека ќе се случи ова. Сега допрва пробуваат да реконтруираат нешто и се надеваат да го завршат во рок од два дена. Вчера им го ризикуваа животот на луѓето и ги тераа со багери да градат заштитен ѕид и да ја насочат лавата во друг правец.
Битно плавата лагуна беше легално отворена до последен момент, за да измолзи неинформирани туристи колку што може повеќе, иако беше повеќе од ризично да бидеш таму. И заштитен ѕид беше предвремено изграден околу неа, затоа што џебот на некој капиталист е побитен од 30 000 луѓе кои се смрзнаа овие два дена. Моменталните препораки се да ставаме ќебиња на џамовите, да штедиме струја и вода и да користиме само ЕДНА греалка во секој дом.
Толку од куроболието!