Сите Македонци на интернет денес споделија видео репортажа некаде од почеток на 80ти во Србија каде што деца раскажуваат како јаделе ќотек.
Јас добивам ќотек по еднаш, двапати на ден. Мене ме тепаат со каиш и ме боли. Јас добивам ќотек со дрвена лажица. Мене ме тепа мама каде што ќе стигне-овие сведоштва на деца се снимени во 1981 година...
www.facebook.com
Го јаделе тој ќотек најчесто за: проблеми што ги направиле, работи што не ги научиле а требало, непочитување на правила и авторитети, лековерност, глупост и слично. Реакцијата посебно од средновечните сфрјовци како што и можете да прочитате од линкот беше позитивна: така требало, така било правилно, затоа тие генерации пораснале како што треба, а денешиве биле од мочка правени. Главно оние што биле во рани 80ти родители на деца се сега во втора половина на 60ти и 70ти години. Ќотекот бил од рајот излезен. Ок да речеме дека се слагам, затоа предлагам да се примени сега на истите нив за апсолутно истите престапи.
-Не си научил 4 типки на банкоматот и висиш како мисир 2 саата во банка да извадиш пари? Ќотек.
-Ти пишува цена на сликата ти пак прашуваш за цена? Ќотек.
-Си се помочал во гаќи? Ќотек. Ако ти можеш да се правдаш дека си сенилен и толку знаеш и он може да се правда дека бил дете и толку знаел.
-Пипкаш лебови во Стокомак? Ќотек.
-Го сакаш Кам во поштенското сандаче? Ќотек.
-Пишете Амин ако сакате во следните 3 дена да добиете пари. Ќотек.
-Си дал податоци на преваранти телемаркетери кои после ги искористиле да вадат брзи кредити од овие новокомпонованите лихварници? Ќотек.
-На матичниот лекар му го раскажуваш цел твој живот и животот на твоите деца додека надвор луѓе чекаат ред? Ќотек.
-Не си се бањал 2 недели, а се возиш во ЈСП во август? Ќотек.
-Немаш рефлекси да отидеш до купатило а сакаш уште кола да возиш? Ќотек.
-Докторот ти рекол да ги пиеш лекарствата, ти се инатиш и не ги пиеш? Ќотек.
-Гласаш за СДСМНЕ зошто ти дале пенкало и тефтер? Ќотек.
-Не знаеш кохрентна мисла да сврзеш на социјални мрежи и од една реченица со 7 збора имаш 8 правописни и граматички грешки? Ќотек.
-Си се тетовирал ЈНА? Ќотек 2 пати на ден.
-Им се дереш на децата зошто не го знаат ТВОЈОТ пасворд на имејл? Ќотек.
-Абе не ми треба никаков мајстор јас сум за нив мајсторот (дали се работи за молерај, да се смени дел од кола, столарија, струјна или водоводна инсталација...) и заебуваш работа? Ќотек.
-Пиеш секој ден по литро ракија? Ќотек.
-Те заболува најмалиот прст на левата нога и одма дигаш узбуна и одиш на доктор како да ќе умреш? Ќотек.
-Плачеш затоа што не сакаш да одиш во старечки дом? Ќотек. Некој јадел затоа што плачел дека не сака во градинка. Сега на тебе е ред.
-Изречито ти е кажано да не палиш рингла затоа што после ја забораваш и ризикуваш пожар а ти пак палиш? Ќотек.
-Ти на докторот му држиш лекции и му викаш да брка работа пошто дедо ти Стојко пиел 3 литра вино на ден и пушел 5 табаци качак па умрел на 95? Ќотек.
-Ти кажале да не мрдаш од кревет ти со ишијас и вештачки колк одиш да го копаш пиперот во бавча? Ќотек.
-Ама јас не се разбирам, децата тоа знаат. Ќотек.
-Се возиш во ЈСП во денови бесплатни за пензионери а реално немаш потреба да одиш никаде? Ќотек.
-Се жалиш на храната што ти ја спремаат дома деца, снаи, зетови? Ќотек.
-Каде да дојдам во тој имбокс? Ќотек.
-Кажаа на вести бил гец преку некој интернет 5ге ја праќал вакцината за ковид и после тоа кога сака може да те утепа? Ќотек.
-Излечете ја спондилозата засекогаш! Ова што ќе го прочитате ќе ве шокира! Фармацевстките фирми го мразат овој човек и неговото откритие! Лекот може да го направите од обични намирници што ги имате дома! Кликнете овде за повеќе! Ќотек.
Абе како за генерација која пропагира ќотек многу некако гомна излеговте. Најверојатно затоа што не сте јаделе доволно ќотек. Од рајот бил излезен? Епа ела ваму.