Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Се е јасно до кое ниво е стигнато пијанството на вечерта кога Хрвати ја порачуваат онаа "Ѕвезда пева Маракана" и се дерат како луди Делије :D


Како поминува време и како се повеќе ги запознавам Балканците толку повеќе мислам дека сме најтоп луѓе колку и да светот јаде гомна за нас, колку и да имаме автошовинисти и петтоколонаши што трујат дека сме најлоши, скоро отворениот локален паб, кафана, биртија, клуб или институција само ми го потврдува тоа, за 2 месеца работа ја собра буквално секоја нација и народност во местово, толку смешки, муабети, дешавки, заебанции и мислам дека не постои никаде колку и да звучи ова као клише. Видеата што ги ставаат на инста страната пак уште толку ги прави посебни моментите, познаствата кои се шират за кратко време исто. Топлината која ја имаме никогаш не може да го замени кешот на западниот свет, исто така колку и да звучи и ова клише, секој ќе се сложи дека на крајот од животот остануваат убавите спомени и ништо друго. Последниот викенд исто ми ја докажа барем и мене оваа теза, по грешка залутува германски пар некаде околу 30+ во местово, као слушнале музика, немало каде да одат вечерта, додека фештата е на загревање, дечките седат срамежливо на шанк на страна, не поминуваат некои 20 минути, стануваат да играат и не престануваат до 3 сабајле, мажот го држеше микрофонот, поднаучи некој збор во текот на вечерта од еден рефрен, му ја утепавме од пуштање песната само за да го викне тој збор :icon_mrgr: на одење се изгушкаа со цел локал, женскава солзи дури пушти дека за овие сите години во градот не си поминала никогаш ваква забавна вечер и не запознала вакви луѓе. По мене ова беше доволен доказ за муабетот што го терав погоре а може и секогаш низ форумот. Почнаа да идат луѓе од доле на викенд во местово хаха, ако е некој некогаш на минување во Германија нека пише, нема да му биде досадно гарантирам :D
 
Член од
28 март 2023
Мислења
640
Поени од реакции
1.006
За последен пост би рекол добра форумска кариера имав. Stir the shit here and there have fun and chill.

Нооо, тоа не е се. Доколку се јавите во следните 24 часа нема да добиете ништо.

Ве поздравувам и ве сакам од сите 3 акаунти од кои 1 е избришан а на другите 2 ќе го заборавам лозинката (нема шиптaр смајли)

Have fun and dont die. Ова е битно да запамтите.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.861
Поени од реакции
6.477
Најјако ми е некој лиглина ко че се спордуваат со мене. Јот кеј, и вакви има, ја имаат и смелоста и дрскоста.
Многу треба за ко мене. Ама стварно. А им гарантирам од старт, не сакаат да сум јас. Ептен не сакаат ко мене, само така суперфицијално им личи дека сакаат.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
747
Поени од реакции
2.138
Драга, сум приметила дека лошотијата има заглупувачки ефект кај некои. И да им направиш добро, не регистрираат како такво,оти ко шо вика Руми, што имаш во бокалот, тоа тече од него.

Имаше едно потсетување, го пратија во групата од фирмата. Сеа ја гледам зафатена оваа од кај нас во канцеларија, ај да направам добрина, пред да се изгуби пораката нагоре од зилиони известувања ѝ ја препратив во лична порака. Ова едно 3,4 пати се има десено од август. Овој пат, ми го спушти, ми вика не мора втор директор да ми изиграваш, јас ќе средам пред тие двене други шо ѝ се као публика секад. Буквално мисли дека ѝ правам лошо и дека нешто ме посрами големата госпоѓа.

Inner voice : Ој точаку со неподмачкани ланци. Ти правам услуга, скришно те потсетувам, да не ти се дерат и трет пат месецов за доцнење. Кај нас во канцеларија така стално си се потсетуваме, кога ќе иде инспекција, кога има рокови за пополнување документи, наместо да се олајаваме јавно и директорка да прашуваме, гледаме прво у најтесен круг у канцеларија да решиме јер и на главниот така му праиме услуга уствари. Ама, дека ти само за местење и пакосии постоиш, мислиш сите како тебе се. Не заборавив на стапицата крај на фебруар месец, ама ете не сум ти, не си играм со ничие парче леб. Шо ми е гајле, закасни другпат и нека ти го разнесуваат името низ групен чат сите да видат.

Што ѝ кажав : Во право си срцка, така испадна, фала што не ме сфаќаш погрешно, знаеш од его не го правам. Во право си, при можност и да се означи човек во група нема потреба од полнење сандаче без потреба.

Многу убаво ме разбра што ѝ реков оти после се усрами. На одење ми вика, грл ти си така посензитив, не го сфати негативно коментарот мој нели? (пипа пулс дали сум ѝ "објавила војна" , Боже, дај ми малку од нивното слободно време и енергија, ветувам попаметно ќе ја искористам). Одма ѝ одговорив ,, Не се секирај, кој ни е најблизок е од наша канцеларија, само за во иднина, меѓу 11 и пол и 2 саатот идат највише известувања во групата, колку можеш следи, ако пропуштиш нешто, прашај ме."
Ми се насмевна, ми мафна и се качи на автобус.

Јака му душа на маж ѝ, жими све.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
130
Поени од реакции
307
Драга, пошто цитирање не е дозволено, јас вака би рекол на членот погоре

Полн ранец/новчаник е пола здравје :smirce:
Автоматски споено мислење:

Драга, пошто цитирање не е дозволено, јас вака би рекол на членот погоре

Полн ранец/новчаник е пола здравје :smirce:
 
Член од
20 мај 2023
Мислења
605
Поени од реакции
2.731
Мачињата што живееја со мене во соба скоро 10 месеци, што ги шетав од стан у стан при селење, летово морав да ги однесам дома кај мајка ми пошто последнава газдарица не дозволи животни у соба. Мајка ми со драго срце ги прими, ама под услов дека мора да живеат и да ги храни у дворот, пошто мачка/куче внатре у куќата НИ-КА-КО. И на тоа се согласив само да бидат на сигурно. Еве ја денес ми пушта слики на вибер како се галат и спијат - на кревет у дневната :icon_lol:
Мајка :love:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Драга, знаеш што е најдобра реакција кон нарциси луѓе? Никаква реакција. Нарцис ти е тип на човек кој си го храни егото од реакцијата на тие што го опкружуваат. Па наоѓа места ко социјални мрежи, форуми и сл. кај што ќе добива што повеќе лајкови и слични лајнарии.

Особено ако нарцисот е токсична прасица што сама мава цела кутија Toffife.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.505
Поени од реакции
11.454
Во не толку далечно минато девојките храбро одлучувале да го напуштат домот за да се омажат за своите момчиња спротивно на правилата кои ги диктирало општество. Во тоа време општеството имало строги идеи за тоа со кого и како можеш да се омажиш. И обично семејствата одлучувале, оставајќи малку простор за избирање кога е во прашање љубовта.

Овие жени, барајќи љубов и слобода, одлучувале да ја земат иднината во свои раце. Бегале тајно, планирајќи состаноци на скриени места, далеку од неодобрувачките очи. Некои го правеле тоа затоа што нивните семејства не го одобрувале, други за да избегаат од тешки ситуации, а некои само сакале да бидат со личноста што ја сакаат, дури и ако општеството не се согласува.

И од денешна перспектива колку и да изгледа сулудо сето тоа, на некој начин е достојна за почит таа нивна пркос да ги следат своите желби кога е во прашање избирањето партнери и бунтот против очекувањата на општеството. Нивните приказни покажуваат неверојатна храброст и решителност. Овие жени ги оспориле правилата, покажувајќи дека љубовта е посилна од она што го диктира општеството. Нивната храброст одекнува низ времето, а нивните постапки зборуваат погласно од зборовите, учејќи не дека понекогаш вреди да се прекршат правилата за тоа што не прави среќни и задоволни.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.211
Поени од реакции
9.773
Не станува збор за храброст затоа што за да постои храброст треба да постои одредена свесност за ризиците од одредени постапки односно разбирање на математиката у таа одредена ситуација. Морам да признаам дека не ја разбирам комплетно целава проблематика, да кажам дека е будалаштина знам дека не е точно. Статистички земано многу мал процент од бегалките настрадале у такви ситуации, има тука влијание интуицијата....некое спознавање кое е надвор од рамките на стандардните можности на една глава да ги процесуира податоците.....а кога сме кај тие магични ствари, начекав две флаши од по 0,75 L вино, стариот го има спастрено пред некоја година и испив едно литро........милина :love:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.505
Поени од реакции
11.454
Изборот да ги следат нивните срца, да ја приоритизираат својата среќа и да се омажат поради љубов, особено ако тоа значело одење против општествените норми или очекувањата на семејството, и те како е храброст, бидејќи барало од нив да го оспорат статус квото. Они ризикувале со осудување, отфрлање или дури и лична безбедност во некои случаи.

За многу години Св. Архангел Михаил!
 
Член од
22 август 2022
Мислења
747
Поени од реакции
2.138
Драга,
Мајче конечно ме послуша си направиле reunion со другарките.
Завидувам на другарствата од тоа време, Кајги. Кога дошла за татко ми, на првото работно место откако се омажила, тие 3 другарки, абе цел живот, ден денес си се блиски. Значи, 40 години еден кусур да не најдеш. Плус и на исто место работеле, ни кариерно ни приватно ривалство, макс причина за подљутуење ако некоја нашла некој убав рецепт за благо / погача, а заборавила да го сподели и е фатена на дело на следната слава.

Ми пренесоа трачеви, така.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom