Драга,
Кога гурбет си заминат сам, немаш таму фамилија или некој да те повлече едноставно да ти е врска со дома , копнежот по домот е многу подруг. Особено по градот кадешто сум се родила, учела, живеела. По мајка.
Наполнив ранецот крем банани ко дете да сум.
Некогаш ми доаѓа сѐ да оставам, да не ми е гајле, но не е така. Јас од многу одамна решив да не бидам на грб на моите. Напротив, ако можам, јас да ги поткрепам. За таа кауза морав да жртвувам некои нешта.
Среќата се смее на храбрите и трудољубивите велат. Можно е. Патот е подолг можеби ама, ми се чини како правиот.