Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.655
Поени од реакции
59.655
Dear K,

Се чувствувам како гомно бидејќи направив глупост. Му дадов 2/5 на доставувачот на храна, затоа што бев гладен и под стрес од обврски. Никогаш не сум дал никому подолу од 5/5. Или им давам 5 или не оценувам. Не сакам да им чепкам во лебот, имаат и тие фамилии за хранење.

Нејсе, нарачав ручек од ресторан кој е на 5 минути пешки, затоа што бев зафатен со работа и не можев да отидам а фрижидерот ми е празен, од истата причина. Возачот го подигнува, вози до некаде, застанува и не мрда преку 25 минути. Мене цревата ми се превртуваат, почнува да ми се врти во главата, му звонам 2-3 пати па некако се решава да тргне. Ми ја носи храната ладна, никаква.

Онака од принцип не треба да се носат никакви одлуки на празен стомак. Требаше прво да јадам, па ќе ми поминеше, како што ми помина. Сега имам грижа на совест, затоа што доаѓам од сиромаштија. И сакам да се потсетам дека овие луѓе се сиромашни како јас што сум бил некогаш, и како што „недајбоже“ пак може да бидам еден ден.

И затоа го пишувам постов, малку да си олеснам и некогаш кога ќе пребарувам постови да ми излезе како потсетник: Ио, не биди гомно.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.921
Поени од реакции
21.991
A боље ке му беше никнејм само Ио.
Тој ти е месечина на Јупитер(знае @Scirea младата дама, а римска божица на младост(Juventus) ), највулканесто тело у цел наш сончеф систем. Фрштиф вулкани како што фрштиф титуле на Интер.... oh wait.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.401
Поени од реакции
28.587
Драга,

се супер се ова статииве што ги пишува @Византиецот. Дечкото се гледа дека е начитан од областите на уметност, историја на уметност, архитектура, историја, генеалогија, ваљда и хералдика. Темите за готската и романичката архитектура на црквите му беа вистински учебник за аматери и непознавачи на тематиката. Не треба да се заборави и темата за византиска уметност и архитектура. Штета што повеќе не е активен во тие теми.
Единствено што не можам да сфатам е зошто на таков грандиозен настан во сред Швајцарија морал да облече толку селска лакована шпиц кондура.
Подобро со опинци да отишол и во народна носија.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
После утринско кафе, многу малка вода од бојлер и нескафе проверување емаили. Моето кафе е брзо и ефикасно, нема многу ритуали само да ме расони. Сега ќе медитирам малку, па доаѓа жената за чистење треба со неа, па доручек и ќе земам да пишувам нешто за криптовалути поточно физички производи со НФТ тоа ми е за денес работа. Инвестициите ги проверив не се мрднати многу толку за нив денес обично не проверувам често се држам да стратегијата чести проверување ме дистракитираат од планот и стратегијата. Се надевам дека после ручек ќе прошетам и повежбам. За вечер се договарам за излегување од сега.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.667
Поени од реакции
88.548
Жена и два мажи седат во елитен ресторан на маса и јадат. Жената почнува нешто да се жали како е угнетена додека ја сечи тортата на маса. Дијалогот меѓу двата мажи.

Маж 1. - Ау, не знаев дека жена ти била феминистка...
Маж 2. - Не, не е феминистка...ама грда е како феминистка


И ако мислите дека е ова некој амерички скеч, не е...туку е ретро емисија за народна музика од 80-те на Собранискиот канал :LOL: .

Ако ве интересираа кои беа актерите
Мара Попара
Илко Стефановски (Бате Бошко)
Петар Мирчевски (Ацо, ќе пукам АЦО!!!)
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Јас излегов од Македонија, ама византиското не излезе од мене.
Купив стан, го опремив, топ апарати. Ама нешто во мене знаеше дека нешто не е како што треба. Денес купив мини шпоретче, да готва на тераса, да не ми смрди по дома на храна. Среде Европска метропола. Да имав прикладна тераса и поголем шпорет ќе ставев, да можам малку ајвар и пршки на зима да правам.
Чекам кои служби ке ми притропаат на врата во следниве денови. Ако не пишам ме стрпале во некоја зандана ради ширење балканштина:)
Автоматски споено мислење:

п.с. Открив комбинација која ги спојува Модерното скапо Европско готвење и Традиционалниот македонски карактер на компулзивна опседнатост тарпезаријата да не ти мириса на јадење од кујната. Се вика sous vide готвенје. Као само најаките ресторани и кувари вака праеле. Ја вакумираш храната и со посебно пемпере што врти ја вариш во сад на некои си 60 степени неколку саати. Миризба јок.
Добро би било братот Византиец да се произнесе околу совид начинот на готвење.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom