Чекај сега, Очајна е алтер его на Хоуп, а Византиецот на?
Многу ве мешам бе луѓе со тоа профилите
Ова од Византиецот не е „Се качила вошка на рошка“ муабет туку си пишува човекот тоа што му се случува во животецот култулорошки гледано, откако се судрува со поинаков вид на менталитет, цивилизација не би рекол пошто имаме желба и ние балканците знаеме доволно цивилизирани да сме - АКО имаме.
Повеќе го гледам како негова зачуденост и изненаденост од детелното откривање на еден поинаков свет, за него чуден и туѓ, можеби и посакуван.
Мене ми е интересен еден друг феномен кај луѓето кои се преселиле од мкд во било кој правец. Имено, иди лик на одмор од Имачка и пази остава по пат жената да се мрцвари со едногодишно дете по авиони (сите летови ги поместуваат како ќе им прдне на овие од визер и пат од 2 саати трае 2 дена во принцип), а тој кутриот се закренал да дупни 2000+ км само и само за да го покажи џипот на сред село. Да кајганице, буквално на сред село пошто од село и доаѓа по потекло и учел основно таму па потоа кинисал имачка.
Тоа што сам ќе вози 2000+ км и тоа што жена му со дете мало сама ќе ака по аеродроми, ќе тегни колички, чуда... друго 20.
Добро што ги тера луѓето за своето чедо да не мислат само и само за да се истопорат некаде?
И шо со џипот? Кола, повисок клиренс има од другите, 4 тркала како и другите коли и мотор. И сега?
Башка шо не е нова од игла, на старо е купена, башка на кредит. И?
Другиот, начукал кредити за џип, за стан, за мебел за станот, за шо ти не со нецели 2 години зад него и работа во факинг DHL. Да му се чудиш на паметот. Па уште по другите вика абе не знам како живеете под кирија, во меѓувреме мене ми вели абе брат остај ти на другите што му викам него ми треба миниџоб, многу ми дојде ратата за џипот.
Бате, арен?
На 10 души само 1 здрав во главата. Му викам океј ти си макдеонец, тука си роден Германија, 40+ години си ги дупнал во живот тука и си дете на гастербајтери. Зошто немаш бесни коли, зошто немаш имот на кредит, како гледаш на тие работи?
Зошто да имам вика такви коли, за да се фалам по народот мкд кога ќе одам на одмор во лето? Зошто да се врзам со хипотека на 30 години кога не знам утре каде ќе живеам? Во 40 години променив неколку градови и работни места, секогаш сум напредувал со плата ама ја инвестирам во нешто друго, не во фиксно врзување за една куќа и едно место.
И таков ќе најдеш 1 кој размислува поинаку од обичното и општоприфатено да ме види селото размислување.
Брат, го заболе селото за тебе. Гледај да ти е погодено на душата, да си задоволен со тоа што го имаш - без разлика дали е ферари или рено меган. На никој ништо не си должен на овој свет, го живееш животот за себе.
Никогаш не ги разбрав ваквите карактери, некои стануваат такви после некое време од преселбата во странство иако претходно не гаеле такви размислувања. Не само чудно туку и поттик човек да размислува до каде е со себе си и дали и тој некогаш ќе се промени во таа насока бидејќи „сите така прават“.