Драга Кајгана (виртуелен дневник)

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.494
ДК

Интересна работа е што голем дел од популацијата не сака слобода на говор. Проблемот е што генерално земено слободата ја земаш здраво за готово се додека ја немаш.

Проблем со слободата на говор(да слободата на говор има проблем) т.е не е проблем туку цената која се плаќа е дека и глупи и злобни луѓе ќе имаат можност да бидат слушнати.

Е сега и покрај ова бенефитите се неколкукратно поголеми бидејќи алтернативното сценарио е многу полошо.

Во земја каде што има слобода на говор добриот говор се јавува како антитежа на лошиот говор додека таму каде што нема лошиот говор е цензуриран и иде "под земја" каде се ствараат меури на едноумие и радикализам, најпрост пример е национализмот во наци-германија или верскиот радикализам денес.

Проблемот со регулација на говор е со тоа кој би бил тој што би го регулирал говорот?

Во најдобро сценарио тоа ќе биде нешто што имаме денес неспособни бирократи кои секогаш гледаат личен интерес и се под влијание на криминалци и политичари.

Во најлошо сценарио имаш ситуација како С.Кореја каде имаш едноумие и целосен тоталитарен систем.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.396
Поени од реакции
5.774
Сторив нешто што требаше да го сторам поодамна, едноставно ми дојде преку глава...уште нема исход, кој знај дали и ќе има хаха...се имам чувство како да се наоѓам во некоја константна состојба на самрак, ниту знам дали сум пред изгрејсонце ниту дали е зајдисонце.

Некои денови надежта ми се крева во плафон и се осеќам како сум на сред пладне од што ,,пукa'' сонцето надвор, денес се осеќам како ноќта што е најтемна пред изгрејсонцето....и кога ќе ги сумирам деновите исто како во самрак.
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.451
Поени од реакции
1.887
Секојдневни забави во центарот на Охрид.. а толку малку народ, барем од годините што ги памтам јас. После попладневната дремка се упатив кон Свети Јован Богослов Канео, и шетајќи по староградските улици си враќам мемории од најубавиот дел од мојот живот. По пат ги поврзувам bluetooth слушалките и уживам во песните од Тоше. Таман стигнав, ми стигна mail за работа, па се вратив во изнајмената соба, полн со енергија и идеи за работа.. За еден час сработив работа што инаку би ја правел три- четири часа. Некое време пред полноќ, облеков некоја црна The North Face маица, ранец со вода и дуксер на грб и тргнувам накај касарна, да го видам овогодинашниот Ohrid Calling. Многу малку народ, барем за разлика од лани, ни упола. Можеби над 80% се малолетници, и покрај рестрикциите за млади лица после 00:00ч, родителска грижа голема нула, од мали нозе со маријана, што ќе прави тоа дете на негови дваесет... Трендот со повеќе од само машки и женски пол земал голем залак, не знаеш дали со дечко или со девојче да му се обратиш.. Срамота. Лично јас, интересно поминав и покрај тоа што оваа година секаде одам сам, секоја чест за Salvatore кој забавата ја заврши со "Чија си" од Тоше.
 
J

joli1

Гостин
јебига, ние у средно од генерација бевме десеттина луѓе што дувавме секојдневно и сите се знаевме, денес помладиве (од мене) генерации скоро сите дуваат, ама не можам да ги кривам ни јас, кога ова импровизирано државиче кај што ништо не функционира и никој не го боли ку*от за младите те гуши секојдневно и ти ги убива сите сништа, а потенцијалот ти го остава неискористен.

многу се плука врз младите, ама никој нема да превземе одговорност за тоа како живеат младите.
 
Член од
1 октомври 2022
Мислења
302
Поени од реакции
586
Вештачката интелигенција или Ai станува се понапредна со неа утре ќе може да се снимаат филмови со починати актери
Ai на клипот изгледа толку идентично како актерот шо е језиво #Aideepfake
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
" The greater part of the population is not very intelligent, dreads responsibility, and desires nothing better than to be told what to do. Provided the rulers do not interfere with its material comforts and its cherished beliefs, it is perfectly happy to let itself be ruled. "

~Aldous Huxley


Македонија ..... И народот.

FB_IMG_1691165551666.jpg
 
Член од
27 јуни 2023
Мислења
219
Поени од реакции
600
Чувствувам голема празнина и разочарување во душава,можеби многу луѓе ме разочарале,можеби е до мене а можеби и таква ми е среќата.
Што и да направам,колку и да се потрудам,какви промени и да направам среќата никако да ми се насмевне и љубовта никако да ме пронајде.
Не сакам да звучам очајно но многу ми е потребна љубов и внимание бидејќи знам дека го заслужувам тоа.
 
Член од
4 август 2023
Мислења
373
Поени од реакции
940
Сакам зима. Сакам да паѓаат големи партали снег, да може човек да облече палто и шал, да седне некаде и да се напие кафе. Мразам лето, и мразам се што е поврзано со летото. Посебно мразам плажи. Испотени луѓе легнати во песок, на +40. Мозокот им чади, кожата им гори, а кога сакаат да се разладат влегуваат во езерото/морето во кое цела плажа моча.

Лудница од забава, морам да признаам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom