Кајг,
ги слушам, велат, исти како емигрантите кои ги пренесуваат со бродовите кои носат црвени елеци за спасување, па и покрај тие црвени елеци сепак емигрантите се удавиле,
па ги поставиле елеците пред парламентот во протест за условите на транспорт и општо емигрантската проблематика.
...искрено мене воопшто не ми личат на посочениот пример, ни на крај памет за споредба.
ги слушам пак другите, велат, исти како волонтерите во Црвен Крст со црвени елеци.
...искрено и овие воопшто споредбено не ме потсетуваат вака гледајќи на прв поглед!
- Ееееее, Би, па и ти го претеруваш, како на ништо не ти личат, мора на нешто или некого да те потестуваат вака надуени со вакви црвени елеци како душеците со мемори пена од Топ шоп.
Искрено мене ме потсетуваат на една дамнешна серија што ги гледав како трчааат натаму наваму покрај обалата и се чудев што тоа држат во рака, а баш ништо не прават, а и не е важно кога беа сите убави,згодни, сексуљави и што најважно во црвени купачи, црвени тренерки, црвено,црвено, црвено свееее,
Беј уач. беееее, веднаш знаев дека ми личат на нив!
со ќелавиот како главен сега по најново!
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)