Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ф

Флеш

Гостин
ЗОШТО !!!!!!!! ПОСТ НА ДЕНОТ ДРАГА МОЈА !

Порачуваш нешто за јадење од 100-500 ден, во сендвичара, ресторан, бурекџилница , ти даваат најлон со рачки (културно човечки).
Во зелените пазари исто така ти даваат најлон со рачки.
Купуваш електро опрема во познатите продавници ЕЛЕКТРОМЕТАЛ, ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ исто така ти даваат најлони со рачки...
Пазариш во маркетите, од 3000-5000 денари, ти даваат (куртон) ништо.
ШТО Е ПОЕНТАТА ?
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
Во само еден клик на тајм/грид со цел да видам колку нови и прекрасно миризливи ружи процветале НА ДНЕВНА ОСНОВА во мојата татковина, го пронајдов следното:
- Нема поефтини основни прехрамбени производи, па новинар на премиерот му подарил леб и фискална за да му докаже дека цените не поефтиниле како што ветил дека тоа ЌЕ биде.
- МВР и премиерот веќе еден месец бараат помош од НАТО за да се спасат од мејловите со дојави за бомби кои постојано ги добиваат, испратени на едноставен начин со ИП преку ВПН
- Радиаторите во Скопје не загреваат, бидејќи биле едвам млаки
- Скопје без надеж дека некој ќе го украси
- Карамбол во Скопје поради блокади од приватните превозници
- Струјата ќе поскапува по Нова Година
- За секое дете по 4кг. јаболки, наместо учебници во основните училишта
- БЕСА ги регрутира албанците за кога би пукнала војна во Косово
- ЕУ бара од Северна да се воздржи од штанцање државјанства
- Ученик албанец нападнал професорка во Велес и тоа замислете дури пред три години, па сега искочило во јавност
- За Ковачевски НЕ Е СПОРНО што жена му влегува во бизнис со струја
- Чад и смрдеа: Отпад и гуми се горат спроти „Бриколаж“

Сега е 16.30 часот, за уште побогата листа има време до полноќ

Држава за Северна е премногу мал збор, ДРЖАВИШТЕ БРЕ!!!!
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Кајги, ова со јаболките не е лоша идеја, ама прво требаше учебници да им дадат.
Освен ако мислат децава и практично да учат.Да пресметуваат тежина, маса и однос со гравитацијата на јаболкото.Ако го џитнат со која брзина ќе иде и остало... :pos:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
ДК

Можеби достигнување на столетието. Потребни се уште чекори и време за развој меѓутоа битно е да се докаже концептот.

Се работи за нуклеарна фузија или во превод бесконечна чиста енергија. Достигнувањето е производство на повеќе енергија отколку што се троши. Потребни се уште чекори за да мнозинството има бенефит меѓутоа ова е стварно спектакуларно.

Пред некои 80 години или повеќе се произведува компјутер(колку цела соба) па транзитори чипови итн. Денес имаме екстремно брзи, ефикасни и ефтини супер компјутери што се толку мали па можеме да ги фатиме со една рака.(Главно се користат за тупење на мозок на социјални мрежи ама битни ги имаме)

Нуклеарнава фузија кога ќе стане достапна не можам да кажам ама евентуално ќе биде и светот ќе биде поинакво место.


П.С Уште еден доказ дека науката и технологијата ни го подобрува животот, а не политичарите т.е пијавиците.
 

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
762
Поени од реакции
1.934
Dragi zolti stranici , krivo je vino, krivi se kockite ....

 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.073
Поени од реакции
2.572
Драга,

Сабајлево не се напив од терапијата. У таква ситуација мене мозак ми работи чудно, наместо да се опсесира со тоа колку е срање здравството, администрацијата и државата уопште, ја пијам кафе и добивам епифании за тотално небитни работи не само за мене ами и општо за човештвото. Сабајлево слушам комшијава Столе вергла не мож да запали голф четворката тегет и мозак ми избаци една јака епифанија проследена со блага еуфорија - он е албанец! Ит ол фитс! Он е платен од албанско лоби инфилтриран да одработува за големоалбанската кауза. Ко и секој инфлилтратор он прво кака за неговите за у старт да убие секаков можен сомнеж у правиот му идентитет и во исто време на каурската младина и пласира примамливи елаборати за фабричките грешки на се шо има клиторис, со тоа ја работи потсвеста на младио каур за ко ќе види женско да бега шо подалеку и така на следниот попис издоминираат неговите. Он и Пуно сигурно седат у иста канцеларија пуни со кеш и се смеат. Може е подобро сепак да го земам апчето и почнам да се нервирам кај живеам него да барам глупи логики кај шо нема.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.963
Поени од реакции
9.593
Кајги,
new job не е којзнае што работа во фабрика ама после тешкиот период се осеќам прероден полн со некоја друга енергија,но мене ми е најбитно што се вратив стариот јас. Да ја турниме зимава па ако се систематизираме и успееме да напредуваме може ќе продолжиме.
 
J

joli1

Гостин
замисли работаш на локација кај што фирмата го црпи најголемиот дел од профитот/прометот (да речеме дека четири други локации заедно не носат толку пари и промет колку локацијава кај што работам) и како резултат на тоа што имаш голем број на клиенти и воедно со тоа и многу работа, фирмата смета дека е правилно бонусите да ти се множат со практички дупло помал коефициент од причина што ти имаш работа, а другите локации не, па сум требал да сум ,,солидарен".

у друг превод - работаш х5 до х10 повеќе (зависи со која локација споредуваш), а заработуваш исто колку они, можеби нешто незначително плус, се во име на некаква си ,,солидарност".

ме интересира тогаш - која е поентата на варијабилниот дел од платата, на бонусите, доколку целта на фирмата е скоро сите прилично приближно да земаат пари, и да, како мислиш вработените во локацијата која што најмногу ти носи промет и профит да бидат мотивирани, кога се преморени од премногу работа и свесни дека заработуваат исто или нешто мааааааалку повеќе од колегите кои што работаат пет до десет пати помалку на дневна база?

ПС. јас немам ништо против тоа некој да заработува повеќе од мене, додуша, ако работаат повеќе, јас сум прв кој што би се согласил да земаат повеќе пари, ама овде за каква ,,солидарност" се работи сеуште не ми е јасно, значи солидарност претставува да се убиваш од работа за да надокнадиш што другите немаат работа, или како?
 
Последно уредено:
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.073
Поени од реакции
2.572
Драга,

Имам двајца комшии, Милан и Мирослав, имаат иста дијагноза ко и ја, пиеме иста терапија, исто шетаме кучиња секое сабајле. Денес се погоди и тројцата да не ги лапнеме апченцата, у таква ситуација прајме тешко небитни муабети со огромна жар и внесеност. Денес падна муабет за Ларс Вон Трир и неговиот Антихрист. Кој не го гледал еве ви у кратки црти....
Antichrist is a 2009 European horror art film written and directed by Lars von Trier and starring Willem Dafoe and Charlotte Gainsbourg. It tells the story of a couple who, after the accidental death of their son, retreat to a cabin in the woods where the man experiences strange visions and the woman manifests increasingly violent sexual behavior and sadomasochism.
Клучно за муабетот е што куќарката во шумата се вика Eden, метафора за оградениот безбеден простор, што нив ги прави Адам и Ева. Дебатата падна токму околу неа дека тука Вон Трир се бави со злото во жената, мрачната страна, Милан ја застапуваше тезата дека е Ева, секоја е зло, јас и Мирослав дека е Лилит. Дискусијата отиде во уште повеќе децимали, во дефинирање на Лилит, Мирослав се држеше до општоприфатената теза дека Лилит e првата но поради својата непокорност казнета да биде демон, жената која ги ждере своите деца исто ко што мајката во Антихрист дозволи нејзиното дете да падне а ја контрирав дека тоа е мисконцепција, Лилит најправилно би била жена која ја инкорпорирала мрачната страна, не и се препушта, ја има под своја контрола. а таа во која победил демонот е сосема друг, трет архетип и треба да има друго име а то шо Трир одлучил да го гледа само демонот, само мрачното е индикација за неговата дијагноза па муабетот отиде накај Гигер и неговата Лилит дека и он ко Вон Трир ја гледал жената како зло, се е мртво околу неа, а ја жестоко ја бранев тезата дека Гигер имал доминантна мајка, често ги поправал сликите кога мама ќе му кажела дека претерал, исто ко Вон Трир пател од анкциозност и страв на ниво на терор оти се плашел од нив а знаел дека ќе падне на нивната магија.... на крај ќе и попушти на мама... да скратам, муабетот продолжи у насока дали Гигер на стари години го надминал мами ишјуто, ја тврдев да но не престанал да гo штанца биомашинизмот дека тоа го направи славен па продолжил да го музе за разлика од Вон Трир кој сеуште пати од анкциозност и денес има паркинсонова како резултат на тоа.

Со нас шетаа Борче и Сребре, ни рекао дека сме им ги отекле јајцата, ние им ветивме дека утре сите ќе ја испиеме терапијата и ќе прајме муабет за вмро, сдсм, ахмети и колку е се курац у државата...... како шо си е нормално и ред од сабајле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom