Цел ден сум активен и исполнет со дешавки ама не престанав да мислам на Визанетецот, не лично за него туку општо за целото тоа негово мислење од денеска и цела таа омраза која ја има кон тоа од што потекнува, на крајот од денот и кон сам себе. И така си пијам пиво и си размислувам за минатото, за времето коа бев дете и зошто јас поинаку размислувам од него и ми текна на некои моменти кога бев дете и на зимските распусти како ги гледав сите тие македонски тв серии на мрт со патриотски мотиви и како од срце ги гледав, како и се што правам во животот и фала Богу што е така, ми текнува на кои сцени сум чуствувал лутина и бес, на кои сцени ми се насолзувале очите. И ми текна на "Курирот на Гоце" и музиката од најавната шпица и иако одамна не сум ја слушнал никогаш не ми испаднала од главата и сеуште кога ќе ја слушнам ги буди истите емоции во мене и сеуште ништо не се променило по тоа прашање. Иако сум сменил неколку града, работни места, сум работел со луѓе од 30 држави, за вие 22 години сум видел навистина многу работи, созревајќи сум сменил многу ставови, особини што во приватен живот, што во поглед на свет и работа, живеам пребрз живот што ми дава простор вакви емоции да ги немам и да сум ги искоренил, не знам зошто но иако сум скоро пак од корен променет за овие неколку години после 18ка, сеуште кога ќе ја видам сцената од "Мис Стон" кога македонскиот селанец е камшикуван од турски аскер додека оваа се крие на таванот и гледа, мене ми се насолзуваат очите, сеуште го имам истиот бес кога Гоце Влахов, Бог да го прости, го игра Јордан Пиперката во "Тврдокорни" и е бесен што е претепан од група Турци пред да стане комита.
Не знам колку ќе допре ова до Визанетецот или ќе ме разбере, тоа што сакам секој да сфати дека е грешка и сакам да ја поправи грешката е исто една од ретките особини што ми остана од дете, иако не е баш добра особина и затоа и таа заминува полека во историјата.
Музика : Љупчо КонстантиновГодина: 1977
youtu.be
Кој знае за што зборувам нека се сети, кој не нека научи ако сака. Среќен што растев скромно и на овој начин, уште посреќен за погоре споменатите работи.
ПС: Византецу, не сме толку далеку по тоа што сум те прочитал, добредојден си на дружба во моево место ако си по шетањето низ Германија.