Да се надоврзам и јас кога сме веќе кај Цане, во една фирма кај што работев претходно секој петок од сабајле па до 12 часот имавме Цане деј.
Моја работа беше да ги пуштам сите хитови. Се почнуваше со Жаклина нормално, па после Елизабета, Касандра, Животот е песна, Не ме гибај во душата, Лено Лено Ленче, Кој ја мати водата на коњите, Газда Аце, Бабо бабо... После тоа се преминуваше на рок деновите на Цане, па стандардно се пушташе цела дискографија на групата Мадригали, а посебно драг ни беше концертот во живо од 1977 на МТВ.
Нормално не е целата поента само во песните, спотовите за истите се тоа што дава посебен шмек.
Мислам дека еден од најлегендарните спотови е тој за Жаклина, кој верувам сите го знаете. Групата оди по улица пред РЕК Битола, толку. И како ова да не е доволно, како што одат напред, наместо да се оддалечуваат се сѐ поблиску до комбинатот, визуелни ефекти на кој би подзавидел и Холивуд. Еве за тие што не се сеќаваат, да се потсетите:
Овој спот не ви ја доловува целата слика? Нема проблем, Цане е перфекција во секоја улога. Во спотот за песната Бабо, бабо можеме да го видиме како турски бег, како ја бара раката на Анѓа. Уште во првата сцена може да видиме дека бегот не е измеќар да доаѓа пеш, господски се појавува со Шкода и две жени од харемот. После двете млади госпоѓици учтиво седат до него само по долен веш и чекаат да се испазари со бабата, пред да почнат да мешаат. Ова оскаровско дело можете да го видите тука:
Како гратис од видеото го имам креирано овој прекрасен гиф:
Ако сѐ уште читате после горенаведените описи и видеа, веќе ви е јасна големината на Цане. Се префрламе на спотот за песната Елизабета. Повторно стандарден почеток и улетување со Шкода од која излегува Елизабета, која низ стиховите од песната е опишана како ороспија, а Цане ја собира, додека другиот тип е разочаран од животот. Секако во текот на песната има и квалитетно танцување од страна на останатите присутни. Видеото и гифот од него можете да ги погледнете тука:
Исто така Цане го почитува и Исус, па има песна и за него. Реално видеото не е ништо посебно, ама на 1:20 секунди може да видите како бубњарот на групата тропа во воздухот и се гордее со тоа:
И следново видео не е ништо посебно, ама ако пуштите на 0:28, не е многу пријатна глетка:
За видеата кои немаат спотови, муктиталентираниот Цане се потрудил да научи како се користи Windows Movie Maker за да не гледаме само слика кога го пуштаме видеото, ги има многу ама еве само еден пример:
И за крај, 16-минутното видео од концертот на групата Мадригали за кои стварно мислам дека се одлични и биле пред времето:
Се надевам дека ќе се врати Цане во Македонија да направи уште некој концерт, ако не ќе морам да одам во Аликанте. Затоа што реално, човек што гордо носел ваква брада и што избриша некој од пријатели на Фејсбук за да го прифати колегата кој го праша зошто го нема прифатено, вреди да се ислуша во живо.