Јас сум човек што многу е приврзан со музиката и музиката многу ми има помогнато во животот. Музиката ми била соговорник, потпора, мотивација, извор на енергија, пријател... И сега бајги ме дамлосува тоа што македонската музичка сцена доживеа катастрофален пад некаде таму после 2009 година во сите жанрови. Ете само рапот до кај 2014 може да се каже дека сеуште се наоѓаше нешто квалитетно, ама и тоа тогаш замре и сега сме во слободен пад, секој има дигнато раце од земјава и музиката во неа. Не за друго, ама кога ќе пуштам некоја нумера се присетувам на спомените од тоа време испишани кога песната била актуелна, стварно не знам која песна би ја пуштил за 10 години да ме потсети на овие денешни спомени. Денешниве песни се тотално без вредности и без поента, направени со зборови кои се исти/слични и на српски јазик, со милион употреби на србизми како демек скопски дијалект, а тоа за полесно да може да се пробие песната кај соседите. Ми се плаче искрено, како по ѓаволите од Мијата - Верувам во себе, Александра Пилева - Сребрени војници, Eye Cue - Магија, Лесен Удар - Сафирски прстен, Грин Аут - Фреквенции, доживуваме толкав пад и доаѓаме до време каде што единствени песни кои излагаат (и се промовираат) се од 2 Бона, Таско и не знам таму кој. Сфаќам лошо време, се е тргнато на лошо, ама зошто баш и музиката мораше, таа беше меѓу малкуте светли точки и убав начин за бегство од реалноста. Немам видено поголем нагли пад како што е падот на музиката во Македонија после посочениот период, веројатно земјава им ја цеди на артистите енергијата за творење и создавање музика.