Кеј,
ништо нема потенцијал да ми ја исцица енергијата (ама стварно) како зборување за други колеги. Која Германка му играла стриптиз? на кој Германец? на која забава? Навистина, нан оф мај бизнис. Mаргинални муабети. Не ме интересира.
Седам на пауза наспроти, ги гледам како ми разкажуваат приказни со ококорени очи, ги тумачам театралните фацијални експресии равни на јужно америчка теленовела. Без да ја слушам актуелната приказна. Сакам да излезам од просторијата со трчање, со дланките на ушите. Во исто време, ме тера некако на прозевање. Сега во исчекување сме на истата annual журка за да сме виделе кој од колегите бетер ќе се опиел. Тие не пиеле, пошто позабавно било да ги гледаш другите кај што се глупираат и се будат во полето на Рајна надвор од Стразбур, дур си трезен. Ова беше таков тип на Ставро педантна изјава, ми дојде два прста в грло да клам. Јеј, you must be fun at parties. Ќе падне ли секс. Ке има ли skinny dippin'. За повеќе шлајм, пуштете си го ау-сра-лискиот Love island. Византиецот штиклираше едно Komme nicht на списокот.
Ако им раскажам јас што имам правено приватно, ќе треба брза помош да викаме. Вода со шеќер ќе им матам. Ne e ok.