Драга Кајгана (виртуелен дневник)

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.482
Поени од реакции
13.694
Готвењето на ориз е вистинска уметност. Најтешко нешто кое уште не можев да научам да го правам. :unsure::нинџ:
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.269
Поени од реакции
2.025
Кајги, совет од мене до членот со пост над мојов пост.Нека гледа 24Kitchen ако го има.
Има куп објаснувања за јадења со ориз.И да гугла.
Не е тешко,прелесно е. ;)
Иначе, за Вил Смит.Едно време беше интересен, ама во последниве 7 години ептен претерува.За последниот настан треба да лета од Холивуд.
Шегата на Крис Рок не беше смешна, ама типот има кажано и дамбетер лоши шеги.Па, не доби slap од луѓе.
Вил претера.Можеше со зборови да му каже дека не му чини шегата.Ама, он се насмеа на шегата и одбра насилство. :rolleyes:
Стојте подалеку од личности кои бираат насилство!
 
Член од
4 април 2022
Мислења
20
Поени од реакции
36


Кул типче е Манџукич. Еве ви плус причина да навијате за Хрватска на свецково.


Ја погреба Енгелска у полуфинале светско првенство :pos:
 
Последно уредено:
D

dobramuzika

Гостин
Драга, види што си земав, па и со вкус на јагода, како пиче некое

IMG_20220404_181110.jpg

Океј, згора на тоа Драга, купив и пликоа, ќе се мењавам повторно со стикери, реков јас, како пиче некое

IMG_20220404_180958.jpg

Ако можеш да забележиш Драга, на левата рака имам боја од мастило, а тоа значи дека пишувам со лева рака, а ќе речеш тие со лева рака што пишуваат се нешто како демек интелигентни, ама јас сум доказ дека тоа не мора да значи така, затоа што за тоа од првата слика дадов 490 денари.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.230
Поени од реакции
30.445
Kako se gotvi oriz tutorial.
Prvo se mie orizot dodeka ne stane vodata cista.
Razmer 1:1 oriz i voda.
Dokolky se vari, se nosi vodata do vrienje i se namaluva na najniska temperatura i se poklopuva so kapak dodeka ne ja snema vodata.
Dokolku se peche se stava vo rerna isto dodeka ne ja snema vodata.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.269
Поени од реакции
2.025
Во Кина или Јапонија.
Шегата на страна море мажи, не бидете мрзи.
Жените не ви се слугинки.
Глејте емисии за готвење и гуглајте.
Имате раце и нозе.Станете и направете јадење.
Не е тешко!
 

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.291
Како лошо ве научил овој капитализам, што има лошо у тоа жена нозе да му измие од работа кога ќе си дојде стопанот, оризот да чури на маса у соба кога ќе влезе, или баница со праз, ехеее...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
Веројатно поминале години откако не сум пишал на темава.
Пост за себе, да си го читам во иднина.
Последните минути на работа знаат да бидат многу долги, па сосема случајно решив да ги „убијам“ со потсетување на СП во Франција, 1998 година.
Како дете кое не го интересирале екипните спортови, се' до моментот кога македонската женска ракометна репрезентација не се појави на светската сцена, единствениот допир со фудбалот претходно ми беше поврзан со финалето во ЛШ во кое Реал Мадрид го доби Јувентус, како и албумот со самолепливи сликички од СП 94-та.
Првентството во 98-та беше посебно за мене. Месеци претходно почнав со собирање на албумот со самолепливи сликички. Со оглед на тоа што сум бил прилично мал, веројатно сум немал со кого да се менувам, па до ден денес имам „туце“ со милион дупликати.
Ако ви се верува, оваа година, во екот на „пандемијата“ со сликички од ЕП 2020(21), најдов типче што едно 10-тина пати дојде од друг град, во Скопје, специјално за да се менуваме со сликички од 1998 година. Залепив едно 150-200 сликички летото, во албум стар 23 години. Сфативме дека логоата од клубовите се паѓале пеколно тешко. Мене ми останаа уште 80-тина сликички, кои веројатно никогаш нема да ги најдам.
Непосредно пред СП 1998, братучед ми ми го подари неговиот Пентиум 1. Една од првите игри кои ги имав, беше токму FIFA World cup 1998. Најлегендарна игра, која тешко да биде надмината некогаш. Покрај тоа што ги имаше СИТЕ репрезентации на светот и можеше да играш со било која од нив, играта нудеше натпревари и во сала, а исто така можеше да се игра со МАУС. Со Македонија си газев со Тони Мицевски, Ѓорѓи Христов и Дејви Главевски. Предизвик беше да играш со Вануату, како најслаба селекција на играта. Со години ја играв играта, на сите различни нивоа. Имаше низа „багови“ каде што голманот знаеше да прими гол од пола терен низ нозе или сред акција да ја спушти топката пред нозе и да дреме ко мисир, додека некој не му ја земе и не му даде гол. За разлика од новиве игри, таму можеше да му влезеш со клизачи на голманот, да го искинеш. Веројатноста велеше дека 80% добиваш црвен картон, но во 1 од 5 ситуации, се случуваше судијата да не досуди ништо и да дадеш лесен гол.
Играта во сала беше уште поинтересна. Нема аути, нема корнери, рогаш во плексигласот, даваш голови од спунт. Сум пишувал во темава многу пати, за тоа кога после 10-тина години, ја воскреснавме играта и игравме 2-2 со едни срби, кои ни беа дојдени на гости во маало. Седнати на средина од игралиште, пред 30-тина „гледачи“ (дечурлана од цела населба), Македонија ја совлада Југославија (со не знам кој резултат :D). Знам дека сите голови ги дадов играјќи со маус. На секој гол се славеше со пеење и урлање, па најблиските комшии викнаа полиција.
ЦД-то уште го имам, за жал, изгребано и недоволно сочувано за да се процесира... Ќе остане како вечен спомен од играта.
На играта можеше да играш и цела лига. Играв со Барнсли, поради Христов. Исто така, цела Индонезиска лига ја преименував во македонска. Можеше да се едитираат имињата на екипите и играчите. Правев македонска лига, користејќи ги составите од тогашниот спортски весник, СКОК. Играв со ЈСП Скопје, мојот маалски клуб.

Не знам дали сум се чувствувал така бидејќи сум бил дете, но еуфоријата тогаш ми беше далеку поголема отколку при сегашниве првенства. Купуваш списание во кое чисташ историја за првенствата, запишуваш резултати, Мекдоналдс имаа целосно покритие на првенството и ги даваа натпреварите на големи видео бимови, телевизори извадени по дворови и секако емисијата на МТВ.
Имаше емисија во која шутираа пеналчиња на мали голови. Се сеќаваш како уште на таа возраст го луштев на Лила која рокаше пенали со штикли :D
Албумот го знаев напамет. Правев статистики која екипа има највеќе играчи, кој играч е најстар, кој најмал, кој највисок, кој најнизок... Тоа беа албуми во кои имаше секакви информации за играчите, а не празнотија како сега... Имаше цел извештај за патот на репрезентацијата до првенството. Па, на патот на Романија, се воодушевував кога читав за Македонија и цело време пресметував колку блиску сме биле до тој бараж (сепак, многу далеку :D), во времето на Хаџиевски.
Некако уште тогаш се предодредив за кои репрезентации ќе навивам на светските првенства. Прво Мексико, а после тоа Франција. Не знам од каде поврзаноста со Мексико, ако за Франција било прилично разбирливо, бидејќи биле едни од фаворитите. Исто така, повеќето навиваа за Бразил, па јас одев контра, навивајќи за клубот кој имаше најголема шанса да им земе титула. Омилен играч Куатемос Бланко...
На секој натпревар на Франција, цртав француско знаме на главата :cool::D Знам дека ова посебно ќе им се допадне на жабарите од комитскиот дел на форумов (ќе се препознаат :D). Особено на четврт-финалето со Италија, ми ја имаа обоено целата глава :icon_mrgr:
Мемории од првенството имам многу. Го сакав Мустафа Хаџи од Мароко, како и Нуредин Најбет, поради Депортиво. За малку Мароко не помина група. Прв натпревар, Бразил ја доби Шкотска. Чиле имаше еден голман Нелсон Тапија и легендите Салас и Заморано. Бугарија со тој забрадениот грдлак, освои само бод на првенството. Нигерија прва во групата, со пресврт и победа од 3-2 над Шпанија. Натпреварот го гледав кај пријатели на моите, седнат на голем фрижидер за сладолед. Уште еден играч што многу го сакав, Виктор Икпеба. Мексико успешно ја мина групата, со победа над Кореја и нерешени со Холандија и Белгија. Кога одиграа 2-2 со Холандија, гледав во Мекдоналдс и се соблеков гол, вртев со маицата. Југославија и Хрватска лесно ги минаа групите, а се радував и на првата победа на Јамајка. Иран го доби САД, а Иран го немаше во албумот со самолепливи сликички. Американците беа апла реднеци, заедно со Иранците и Јамајканците беа дадени на само една страна, по двајца играчи на една сликичка.
Од елиминационата фаза, ќе остане запаметено како изедов шут од татко ми. Татко ми, класика југословенски навивач, чека да се изведе пенал за победа на Мијатовиќ (ако добро памтам) против Холандија, при резултат 1-1. Мијатовиќ стрела во пречка, а Давидс во продолжение дава еврогол за 2-1. Како што скокам јас за голот, така татко ми ми дава шут, летнав од тросед до телевизорот. Ич не го сакав Ивица Краљ, еден другар имаше дрес од него, па уживав кога ќе му дадев гол. Хрватска ја тресна Германија на Клинсман со 3-0. Бранеше еден Андреас Кепке, го отворија како црква во недела. Легендарниот нокаут меч меѓу Аргентина и Англија, кој аргентинците го добија на пенали, после 2-2 во регуларниот дел и одмаздата на наредното СП, кога повредениот Бекам се врати точно на тој меч и даде победнички гол од пенал (го повреди Душер (аргентинец), на двомечот на Депортиво со Манчестер Јунајтед, неколку месеци пред СП).
Полуфиналниот пресврт на Франција со Хрватска и головите на Турам, Бразил се провлече со Холандија. Натпреварот за трето место го гледавме кај другар на татко ми во двор. Зенден даде голчиште, ама хрватите си отидоа со бронзата на крајот. Финалето ќе го запаметам по тоа што при вториот гол на Зидан мавав со главата во ѕид :icon_mrgr:
Имаше и добро музиче на тоа првенство и бесни дресови. Особено оние на Јужна Африка. Еден куп класични „каро“ дресови, какви што имаа и ЈСП Скопје во тоа време. Комбинирано со копачка „Копа Мундијал“, класика третолигашка копачка. Нема смрт, од младинци до крај на кариера ги носиш. противникот знае зошто.
Рики Мартин изгази со неговата најавна песна за првенството, ама број 1 си остана за Карнивал Де Париз.
Класика навивачка песна. Дури и Шверцери ја имаат препеано. А не е срамно да се каже колку пати на пијано сме ја пееле нивната верзија на заебанција :icon_lol:
Најдобри изведби сред Будимпешта и во воз од Кочани до Скопје во 4 сабајле :icon_mrgr:

Сега мундијал во зима, да ти се плукнам... Ќе вадиме телевизори на снегче, првенство гледано со какао и бискивити со цимет.

Од помалку битните ствари, денес во поодминати години, умрел Сканси. Лик кој секогаш ми бил репер за споредба за нечија висина (научено од татко ми). Остави го него, за тебе е Сканси (повисок едно метро :D).
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.482
Поени од реакции
13.694
Е ама го отупевте, сите Џејми Оливери овде. Не реков дека не ги знам постапките, ги знам многу убаво. Не може да ми излезе како шо сакам е работата. Пет поста за како се вари ориз испишале, у ДК.
По порака можеше, како батко Лестер кој баш ми помогна. Плус тој се увери дека го погодив.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
986
Поени од реакции
1.013
Screenshot_20220404-220052_Lite.jpg Драга,
Денеска како мој специјален ден си објавив пост и на тој пост еден идиот реагирал луто. Сакам да му се изнасмеам в лице, зошто има онолку закочени? Господ на сите да ви даде се што ќе си посакате од убаво поубаво и да не наоѓате замерки на она што го имате, оти тоа што го имате можи некој го нема. Поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom