Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
ДК,

деновиве светот направи еден огромен подвиг, ама истиот остана во сенка на плачките од драма квинот Џокович.
Surgeons transplant pig's heart into dying human patient in a first

Љубопитен сум дали муслиманите ќе сакаат да прифатат орган од ова животно :unsure:
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.841
Поени од реакции
6.452
Драга,

знам да ве отворам и прочитам ab und zu. Реков дека веќе не пишувам, но проблемот е во тоа што вака не сум се чувствувал. Веќе и здосадив на пола фамилија, која се покажа крајно трпелива и сеуште ме проверува. Знаат колку сум осамен. Исто и пријателите од Мкд. Не можам да лоцирам зошто интензитетот на тагава е вака голем.

Ај да почнам од старт, па можи некој ќе најди лек за мене во пораки: 7 дена бев во Хановер, северно во Германија, за да полагам испит. Неколку пати сум спомнал, но за тие кои не прочитале јас сум на самиот југ. Во галамата од Божиќ и Нова Година, еден другар не го видов речиси цел Декември. Детето седи во собата до мене во Вонунг-Гемајншафтот каде живееме. Во Германија пристигнав во Мај. Едниот ден се запознавме, другиот веќе бев на роденден кај него. Чудно за Германци, ми велеа дека воопшто не сакале интеракција со странци, во добар дел точно. Тој беше исклучок. Проблемот бев јас. Начинот на кој ги отстранувам или игнорирам луѓето кои треба да ги сакам. Позади ликот на Византиецот се наоѓа огромен интроверт, кој луѓето ги пребира на болен начин. Ме имаше видено како возам точак крај едно езеро летово, само климнав со главата за да го поздравам. Во Август со другари беа на тура од Минхен преку Алпите до Венеција. Ме праша дали сакам природа. Дали сакам да одам. Јас од една страна немав време од работа, од друга, пак држев дистанца. Нареден пат сигурно доаѓам.

Назад во Хановер - неделава зад нас, неколку пати се фатив во ситуација да ми текни на него, што ли прави златниот, месец дена не сум го видел - други пријатели во Германија немам. Барем не такви со неговиот мега златен карактер. Ако сакаш можиш да е дружиш со Руси - шо те викаат само кога им требаш и кога пијат - а се први да те навредат (или да пробаат да те навредат), кога се трезни. Такви се во генот тие. Или дружи се со Албанци кои вака или онака нас вечно не гледаат како конкуренција која треба да ја сотрат.

Изгледа потајно се надевав дека откако ќе положам испит, ќе земам ред други документи (не заборавајте дека сум со Македонски пасош), ќе се остварам делумно кариерно. Дури потоа ќе се сталожам и спонтано ќе се фокусирам на градење на вистински пријателства. Паѓаше прв во главава како потенцијален пријател.
Си дојдов вчера, ме пречека и ми честита за испитот, некој му кажал дека полагам.
И сега иди колуминацијата на мојот тажем пост - ме праша дали да ја прифати работната понуда од Берлин, од Минхен или од Цирих - Швајц. Фацата ми се смени. Забележа. Се поправив, Цирих реков. Ми рече и јас имам најмногу мерак за таму. Од една страна, не можи да ми текни на човек кој ја заслужува тиркизната убавина и сребрените одблесоци на Швајцарските езера повеќе од него. Од друга страна, сакав да ми биди најдобар другар за години - кога ќе го поднаучам јазикот подобро. Не е ок да сум олку тажен зар не?

Нелогичното: ме фаќа паника, Византиецу да не се вљуби во дер Јунге. Таман сретнав женска за која сум заинтересиран, Александрови тенденции во мојата македонска крф.

Логичното: кога си нов и сам, и кога било кој ти пружа рака, ако си добар човек го цениш тоа. Несвесно формираш врска со ликот, за која ни самиот не можиш да лоцираш колку ти значи. До моментот кога ќе ти кажи дека ќе си оди.

Ја прашав Quora: how do you deal with the leaving of someone you love deeply. Таму една Американка тумачи дека требало да се запрашаме - дали порадо би го сретнале човекот по кој сега тагуваме, или би одбрале воопшто да не сме го сретнале. Додава дека заради таквите луѓе сме станувале подобри ликови. Искуствата со нив се непроценливи. Сега сме некој друг човек, поради интеракциите со нив.

Дали сето ова е точно - јас незнам. Она што го знам е дека се осеќам како едно маче, мое милениче во Македонија. Всушност беа две, девојчина, ги чувавме со милост, ги сликав со Петунии крај ушината. Но некоја маалска легенда реши да ја отруја едната, немаја ни по 7 месеци. Ја најдовме здрвена во дворот. Другата беше толку тажна што кога ќе се видеше во стаклото од ветрината, мислеше дека тоа е сестраи и мјаукаше тажно, тивко. Одма ја земав во раце ама тоа не помагаше, упорно ја бараше сестраи.

Во моментов сум како стуткан весник. Во топка со која можиш да гаѓаш канта. Колоните од текст на него збрчкани низ тутканиците? Тоа ми се мислите. Фактот што на Германците (тие кои вредат) им требаат 6 години за да те прифатат во пријателски круг ми се мотка низ тие колони. Се што ми останува е да се дружам со Руси и Албанци. Или да седам самотнички в соба, како овие 2 дена.

Во спојлер оставам песна која една Германка изгледа му ја посветила нему па ја слушаше со денови во Јуни. Му посакувам се најубаво во Швајцарија. Да создаде круг од златни луѓе како него. Ослободени од чувства на конкуренција, гнев, љубомора и се друго нечисто. Некоја широкоградна Швајцарка dabei, да му роди дечиња со неговите бисерни очи, да биди среќен татко. Мене тагава ќе ми помини, иако ме загрижува. Последен пат се чувствував вака како дете, кога братучедите ми заминаја во Австралија. Тогаш имаше и крокодилски солзи. Сега уште не, ама рано е, можи ќе се стркалаат детски по образиве, некој од овие денови.
Ако вртам филм за тоа колку пати ме напуштиле пријатели кои сум ги обожавал во животот. Ќе ми стани јасно зошто повеќе не ги примам во животот. Прими ги, па пак врви низ истото кога ќе си заминат.

 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235

8:23
8:53
10:45

Многу сум изреволтиран. Не само заради кршењето на договорот од Преспа со користење на старото име на државава и подривањето на нашите ЕУ аспирации, туку и заради погрешното информирање на јавноста околу настаните за време на изборите во САД во 2016та.

Прво, Хилари вика „some macedonian guys“, па Карлсон вика „the citizenry of Macedonia“ и „thanks to the macedonians“. Не е фер.

Кога велешани создадоа страотна криминална мрежа во Франкфурт(и пошироко) за дилање тешки дроги, таа група сите ја нарековте велешката „франкфурт мафија“ и со тоа име стана позната во Европа, до тој степен германци да прашуваат колкава држава била таа Велес и кај се наоѓала....а кога исти(или слични) велешани истата креативна енергија ја насочија кон други цели, со иста страст и исполнителност и имаа видливи резултати, се заинтересираа големи медиуми за овој град-борец и неговите умни деца, тогаш нема велешка „Трамп мафија“, тогаш тоа се Македонци, од Македонија, тогаш сите учествувавме во матење мозоци на реднеци.

Не може придонесот за изборите во САД да биде споделен, а срамот од неуспехот во Франкфурт да биде ексклузивен. Срамота!
 
Последно уредено:

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Се зголемува денот, бавно ама се зголемува. Прашање на недели е кога ќе биде дневна светлина кога ќе си одиме од работа. За брзо време ќе се качат и температурите. Тоа пак, ја отвара можноста за спорадично пресретнување на убаво оформен camel toe по улиците на градот. Многу сакам camel toe.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
FB_IMG_1642327588925.jpg


Лице со груби манири и грубијан. Гледав еднаш еден јутубер од Германија патува низ светот и пристигнал во Бугарија, ја шета од Софија до селата од другата страна. Влегува во едно село, зборува со луѓето и овие како прави грубијани секаде го понудија со сокови, му понудија да јаде, пак го прошетаа, и сето тоа за без пари, и самиот кажа дека досега во сите земји локалците му барале кеш за да ги шета(најчесто јужна Америка). Тоа е тоа, вистински грубијанчишта. Ете и јас како прав грубијан, во една ситуација, сред запад, на еден паркинг гледам луѓе од 80+, како се мачат да внесат даски за полица или регал, заборавив што беше и си викам дај да им помогнам, сепак сме ние грубијани, по завршувањето ми понудија ситни пари, но им објаснив дека ние сме од грубијанскиот полуостров и за нас ова е чест и традиција, како вистински грубијани да им помагаме на постарите и изнемоштените. Еден друг попознат грубијан пак за време на пожарите им донираше пари, но поради тоа што е грубијан пак не успеа да ги задоволи, сепак цивилизираното од нив не може да дозволи грубијан да игра и да им ја уништи нивната среќа на угнетување и нивните вистински вредности низ вековите на колонизации и убивање, одземање на слобода, фрлање на бомби со осиромашен ураниум, правење на војни и свесно организирање на страдање на најголемиот дел од светот. Горд сум што сум грубијан и каде и да одам го покажувам тоа од себе, уште погорд на тоа што сум од македонскиот дел на грубијанство додека нивните предци држеле затворени Црнци во кафези, моите предци повикувале на еднаквост и заеднички бајрак на слобода.

Нека се пецнат малку автошовинистите од форумот вака во недела, поздрав со бугарскиот хит кој ќе ечи денеска до даска и ќе го слушне и Роџер до Швајцарија :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Стигнав и до бројката од 4000 мислења. Традиционално секој пост за заокружување на бројка оди тука. Некако мислам најбрзо стигнав од 3000 до 4000.

Форумот секако е посиромашен за неколку квалитетни форумџии од моментот кога се зачленив. Но самото тоа што се одржува толку време е секако за пофалба. А и тоа што постојано има нешто поради што секојдневно се враќам тука. Во моментов тоа се подфорумите Филм и ТВ и Музика, каде постојано се случува нешто интересно и функционираат одлично. Па еве посебен поздрав до сите што се активни на тие подфоруми.

Се надевам се читаме и на 5000-тото мислење. (y)
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
Супер сончев ден, поминат на Попова Шапка.
Скијање цел ден. Средени стази, сите ски лифтови во функција, шестоседот на Церипашина топ. Вака заклучок, денес претежно наши беа.
Имаше и припадници на една одредена група на граѓани, кои како и по обичај се подразбира облечени во сини фармерки, со ски опрема од деведесетите, употребувајќи ги своите моќни вештини во спуст техника, летаат надолу и гласно викаат ОП, ОП, ОП, ОП!

За оние кои не биле на Шапка, додека скијате и кога ќе слушнете таков извик БЕГАЈТЕ на крајот од стазата бидејќи навистина од горе се приближува ОПАСНОСТ и може да ве собере. Потоа истиот тој ОП, ОП, ОП, ОП успева некако да ја намали брзината, судирајќи се со ист како него и паѓајќи на земја со ненаштелувани везови према килажа, кои не му ги ослободуваат скиите од чевлите. Но преживуваат. Секогаш преживувале.
На Церипашина ги нема, таму е тивко, мирно и безбедно за скијање. Ратрак редовно ги таба стазите, нема џомби, тоест по краевите има доколку некој сака мини скокчиња. Како и да е, шега на страна, оправен е ски центарот и вреди за парите.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.595
Dear K,

Живееме во време на големи промени. За десетина години светот кој го знаевме од раѓање па се до некаде 2015 или нешто пред тоа, сосема ќе исчезне. Глобалните социјални мрежи станаа монструми. Медиумите, никогаш посилни. Народот никогаш повеќе поделен и позбунет. Милиони информации, дезинформации, шпекулации... на дневна база. Опинион мејкери, инфлуенсери, анонимни ликови со илјадници следбеници, секаков шлајм е насобран во таа виртуелна реалност. Менталитетот на толпа станува се поизразен, само отвори македонски медиуми и земи рандом случка од денес, и читај коментари. Пред неколку дена, жена која прочитала 400 книги за една година, беше нападната од толпата. Не мора веќе ни нешто лошо да направи човек. Толпата е тука да суди и пресуди, толпата не разбира црвени линии, не почитува приватност, толпата може виртуелно да ти упадне и во домот и да ти објасни некои работи. Физички не може, се уште. Толпата знае и умее да го симплифицира секој проблем, колку и да е тежок и комплициран, да го пронајде виновникот и да го казни. Горенаведената госпоѓа беше обвинета дека го запоставува семејството и брачните обврски и дека е себична. И беше укажано дека треба повеќе време да посвети во кујната и во спалната соба.

Добро, ова можеби и не е најдобриот пример бидејќи се работи за неколку тешки будали, ќе речете, но можете сами да ископате подобри примери во секој даден момент.

Светот е поларизиран на ниво на кое не бил од студената војна наваму. Промените се вршат воглавно присилно и без потребен консензус. Работите кои денес се прашање на избор, утре нема да бидат. Правилата се свртени строго против малиот човек, кој е доволно паметен да ја работи работата за која е остручен и доволно глупав да не го види камионот кој пичи кон него со 100 на саат, додека истиот си ги чеша јајцата.

Се плашам дека забрзано се движиме кон дистописко општесто.

Ај, ќе биде се во ред:

 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.920
Поени од реакции
40.888
Дк,

После среќно избегнување од речиси две години, конечно ме стигна и мене за прв пат кинескиот вирус, и само едно сакам да им порачам на тие жути говна од Азија, да бог се распали, да бог испоцркате сите и се спаси светот од вас, гонете се у три лепе...
 

fat

Член од
3 ноември 2014
Мислења
54
Поени од реакции
117
После неколку врски со дијаметрално различни жени (збориме карактер, зошто на изглед сите до една биле грди ко кур) можам да гарантирам дека врска со жена како "pozdrav eden topol" или "bijons" е многу подобар избор одколку врска со жена како "Darling".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom