Имагинарна ситуација...
Се работи за еден дечко и едно прекрасно девојче од маалото. Во училиште како деца освен некои закачки и дружби по родендени немале никаков контакт. Се среќаваат после училиште секој ден. Со родителите за рака се разминуваат, погледите на двајцата им се во земја, срамежливи дека. Школска симпатија. Мислат дека ќе им помине, што знаат што е љубов. И завршуваат тие години, доаѓа време за средно. Се разминуваат и губат секаков контакт. Скоро и да заборавиле еден на друг. Со индексот во рака, прв ден на факултет се гледаат и двајцата, станале колеги. Низ текот на годините немаат разменето многу зборови, ама се чувствуваат доста блиски. Стануваат најдобри другари. Он има поинаквии емоции ама го крие тоа од неа. Она се прави дека не знае, а он повлечен и не го прави првиот чекор. Десет години се неразделни, заедно поминале низ се и сешто. Двајцата знаат дека има некоја искра, но молчат.
Флертуваат на секое искачање, кино, ресторан, кафе, после секое вино. Низ годините и двајцата имаат партнери, тоа не менува ништо. Дечкото сфаќа дека е време да ги сподели своите чувства према неа и разговорот се одвива одприлика вака:
- I'm in love with you.
What?
- I'm really sorry if that's weird for you to hear, but I needed you to hear it. Probably not good timing, I know that. I just...
What are you doing? What do you expect me to say to that?
- I just needed you to know. Once.
Well, I... I... I can't.
- Yeah.
You have no idea what your friendship means to me.
- Come on. I don't want to do that. I wanna be more than that.
И двајцата имаат партнери, ама се несреќни. Стравот лежи во тоа дека ако преземат нешто по ова, е дека може да го изгубат нивното пријателство. Поминува цела година, пријателството остана меѓутоа ништо не беше исто. Дечкото сфаќа дека нема да ја преболи, и пробува да најде утеха во некоја друга. Џабе, на ум има само една девојка. Собира храброст да и каже дека ја брише од животот, дека мора да продолжи без неа. Нема начин како да остане нејзин другар. Он заминува, додека девојката останува во солзи.
И двајцата живеат во различен град па немаат прилика за "случајна" средба. А, не останаа ни во контакт. Помина еден месец... и девојката му пиша. И двајцата сакаат да се видат.
Како беше она за бакнежот, најдобар бил оној што е разменет 1000 пати со очи додека да стигне до усните? Ова беше размена од 100000 погледи. Експлозија. Се топат, се бакнуваат, а очите им светат од радост. Она му вели дека никогаш не била посреќна. Он почнува да дтка. Го има тоа што го посакувал 10 години. Ситуацијата е конфузна, и двајцата се во врска со други. Ама добро се познаваат па знаат дека конечно искусија вистинска среќа. Животот не бил фер ни за него ни за неа, ама за миг додека траеше тој бакнеж исчезнаа сите проблеми. Се видоа уште еднаш пред да заминат во своите градови. Во тоа гледање немаше простор за разговор, го користеа секој миг да надокнадат за она што го пропуштиле низ годините. Има време за разговор. Се разделија, без да знаат кога ќе се видат повторно.
Секое збогум боли, ама ова кине срце. Сега и двајцата се збунети и не знаат што понатака, дали има иднина тука или ова беше само збогум?
Не знам, ќе видиме. Ситуацијата излажав дека е имагинарна, а кога и дали ќе ја видам исто не знам. Ама имам некое чувство дека нема да има среќен крај.
Заклучок? Не биди глуп да чекаш 10 години. А, еве и реален приказ на животов последниве 48 часа.