Од секое дрво не бива шупелка, од секој "бербер" не бива бербер, значи од секого не бива било што. Разбирам концепт на работа и на труд и на искуство, но се ти е џабе ако го немаш хватот, односно магијата во прстињата и главата за да направиш некоја работа убава и до крај. 2 години барам бербер кој ќе ме сфати и ќе научи како сакам да се шишам, и секое наредно шишање да ми биде како претходното без да морам да му цртам и прераскажувам нацрти и да покажувам слики кај што си се свиѓам ама сум излегол намќорест како дебил. Да, имам голема глава, главоња сум невиден, ама и Форест Гумп ќе научеше после 5 пати како убаво да ме потшиша. Имав едно време додуше најдено еден бербер, ама детето педер излезе дека е, па почна на кафиња да ме вика, да добивам позиви во ниедно време, на бургери на Косово да сме оделе, и го баталив. Немам ништо против педери, имам другарче би што е, ама заеби кога ти ме глеаш како парче месо. Е денес, одам од сабајле да се шишам кај еден дечко, во надеж дека после 10та шанса конечно ќе научи да ме шиша, и дечкото не беше на работа. Втора смена бил. Внатре еден матор, што поима нема од шишање и подобро би му било да се откаже, и едно дете, не повеќе од 16 години, и пубертететски брк, абе у фаца како глушец. Не ми остави впечаток на доверба, ама па јас сум болен за такви работи, и кога ќе ми порасне косата сантим, дур не се ишишам на ништо друго не ни можам да мислам ни планирам. Викам ај ќе се шишам, па што биде нека биде. Детено фрац фрац со машинка, потези во рака како да има 20 години искуство и како со машинка и ножички да се родил. Топ, ме погоди, ми се обрати со брат што мене ми ласкаше многу, му дадов пари и задоволен накај дома. Е така се праат нови муштерии, а не на секое идење расказ и пак да те утиња.
2. Не го разбирам муабетот - кола за почетник, па ни мање ни више до 3500 евра. Брат, за почетник, едино да земеш некоја канта, ние кога бевме почетници, тоа беше југо, и да учиш на југо. Е тоа е поентата. Нема кола за почетници и напредни, едноставно има кола, која, зависно од твоето искуство и потенцијали, можеш да ја искористиш. Па ако немаш две чисти во глава, дека треба да возиш по пропис и све тоа, џабе ти е и југо, ќе го превртиш на кров ако си дебил. Камо среќа моите да ми купуваа кола кога положив, уште повеќе некоја од 3500 евра.
Трето, искрено, никогаш не сум ги сакал бадниковите огнови и ретко сум одел, а последниве 7 8 години сигурно не сум бил ниеднаш. Едноставно не сум можел да ја спојам таа атмосфера на пијанчење и духот на Божиќ, и воопшто целото православие, како вера која јас лично ја сметам за најпитома и најдобронамерна. Е годинава ме викнаа, и не можев да одбијам, и си поминав толку убаво и јако, што си одлучив дека догодина пак ќе одам на истото место. Можеби беше и до луѓето, не знам, не пиев воопшто алкохол, зашто не сакав на крај да се најдам во ситуација да праам глупости, а не сум лик кој може да застане на 2 3 пијачки, односно одам од крајност во крајност, или пијам, или не пијам, едноставно е. Како и да е, позитивно изненаден и од самиот себе, па нека каже некој дека луѓето не се менуваат.
И последно, кој ви е тој муабет со потекло, од кај си што си. Од кај сакам сум, ок? Глеам група на фејсбук, Стари Скопјани, и по што се стари, дека навистина се стари по 70 и кусур години, или демек стари како староседелци? Е колку треба да отседиш во Скопје за да бидеш стар Скопјанин, дали од време на султанот само се важи или може и друг да аплицира со 4 5 генерации? Друга работа, вика, како да се фали, абе ние Брезничани такви сме, демек луди сме, темпераментни? Извини што, кое е тоа место, стварно не знам, ебати селското фалење. Јас по потекло сум од Краина, позната, по наравот и темпераментот на луѓето и како Лута Краина, па никогаш тоа не сум го спомнал во живот. Демек треба да се гордееме со тоа што сме сељаци по однесување и што имаме краток фитиљ, као? Не бе другари, финтата е бидеш чил, и да ги контролираш емоциите, и ти да одлучиш како ќе се однесуваш, а не другите. Навистина, не го разбирам тоа фалење со нешто, што не зависи од тебе, кај си се родил и слично.
Среќна Нова година на сите, среќни и спокојни празници, помалку да се читаме и пишуваме оваа година. И така, посебно поздрав до сите оние што ми се симпатични и ги сакам, се знаат самите кои се.