Ќе ми останеш како најголема болка. Со години наназад и самата помисла на овој чин ме расплакуваше, секое поздравување имав кнедла во грлото. Еднаш те сонував дека си умрел и се разбудив со плачење. Арно ама сега не е сон.
Толку прекрасни спомени ми остави, толку убави ритуали си имавме. Беше толку добар и сестран човек, душа од човек. Приказни безброј, беше како книга. Ни глас повишен, ни лош збор изустен. Секогаш простуваше, никогаш не држеше лутина. Скромен.Често од други луѓе дознававме за сите добрини кои си ги направил. Уживаше во животот, беше господин човек, боем.
До крај доследен на верувањата кои си ги имаше, и покрај сите маки. Не сфаќав како човек кој цел живот бил верник и тоа искрен верник за своја душа, не за чалам, завршува на таков суров начин. Ама и за тоа имаше одговор. Емке верник се останува до крај. На крај рече секој човек си го носи својот крст. И до крај не се предаваше, во очите ти гледав дека имаш желба за живот. И тогаш сфатив дека секој е скроен да го носи сопствениот товар, а ти беше величина од човек спремен за се. Ако крајот ти беше тест, дефинитивно го положи. Морам да верувам во рај бидејќи само тоа е достојно место за тебе.
Се надевам дека ќе си најдеш мир. Проштевај за сите грешки, се беше од љубов. Бескрајно ќе ми фалиш и секојдневно ќе се сеќавам на тебе. Намини понекогаш на сон, да ми раскажеш некоја приказна и мудрост.
Почивај во мир генерале.
Ајдеее!
Ајде, кде?
Дебар на бана.