Има денови кога сакам да се потсетам на сите починати лица што ги познавав и по некоја посебна карактеристика што ми оставиле во сеќавање.
Почнав со првиот мртовец што го видов у живот, кога имав само 10 години, моја другарка, учевме заедно.....и така си почнав по ред, комшии, колеги, роднини, родители, глумци, пејачи....стигнав до над 200 луѓе...некои млади, некои стари, кој од болест, кој од сообраќајка....го напнував мозокот да проверам да не испуштив некого...бог да ги прости сите....
Од толку убави работи за правење, јас добив желба да бројам колку починати лица познавам.
Боже, јас ли полудувам или треба понекогаш да се спомнат мртвите!?
И едно и другото.
Имаше на Фемина форумот една форумџика за која запкакав, иако не ја познавав, но тие што ја знаеа објавија дека била болна и починала.
Плачев, да...ни фалеа на сите нејзините мислења ..колку и да се караме овде, колку и да имаме несогласици меѓу нас, дали некој е добар, лош, безобразен, сепак ти станува некое мало делче од твојот живот.