Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Мислам дека конечно е време да се затвори форумов. Ептен ненормален џган се има собрано кои шират секакви налудничави теории на заговор, кои воопшто не се интересни и напротив, се штетни. Беше што беше, форумов веќе не е место за забава и комуникација, туку е дувло на потенцијални затвореници.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Сонував вчера дека умирам во локва крв, а досега кого и да сум сонувал како умира во реалноста после неколку дена има починато. Иако не верувам во такви работи, ме стави во мисла сонот и ме натера да размислувам подлабоко за некои работи. Малку подоцна ми заѕвони телефонот, ама не се јавив бидејќи видов дека е бројот на личноста која ме повреди и скрши во емотивна смисла на зборот. После половина час некој заѕвони на вратата. Пред вратата беше девојка која никогаш во животот претходно не ја бев видел. Ми се претстави и рече дека е сестра на личноста која пред малку ми вртеше. Ми кажа дека нејзината сестра била во тешка состојба и дека сакала да слушне дека и простувам за сето тоа што ми го има направено. Реков дека едноставно не можам да заборавам и да простам, ако има Бог од него нека биде простено ама јас не можам да простам. Посакав брзо оздравување на нејзината сестра и доколку оздрави би сакал да дојде да види дали ќе може да го препознае човекот кој го уништи и кој секој ден пропаѓа. Можеби нејзината сестра сега мисли дека сум лош и бездушен човек, ама никој не може да знае низ што поминал другиот и дали може да прости за она што му било направено свесно и намерно. На неа и посакувам да се опорави што побрзо и да живее уште многу години и знам дека подоцна ќе заборави дека побарала прошка од мене во овие нејзини тешки моменти .
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.979
Драга,

јас не би бил Византиец, ако не ве почестував со вакви мега хитови одвреме на време. Во овај пост има и мудрост, спремна да биде насолена над вашите глави. Имено, поентата на овај пост е да ве научи никогаш да не ги потценувате оние кои ви се чинат како најмали, најситни, најнебитни. Веројатноста е дека тие ќе ви го накачат најјако. Грците се вечно умислена нација, со на нас како Македонци добро познатиот "само јас победувам" менталитет. Никој не им може нив ништо. Сепак, претходниците на Таркан ги смачкаја ко мува. Ги здробија ко сува пиперка. И никогаш нема да се опорават.
Венецијанската Република од друга страна, им праќаше Ренесансни сликари во дворот на Турците. Чунки да ги сликаат нивните ој величествени турбани. Се додека во детали не ги научи како дишат и колкава закана се. Па ги среди во два до три потези.
Енивејс, сега парти. И запомнете, не потценувајне, студирајне.

 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
898
Поени од реакции
3.507
За жал ептен го замразив Скопје последниве 10, а посебно многу овие 5 години. Веќе личи на населба во Бангладеш нема ред, превалкан е и пренаселен, улиците се вдлабнати, растопени и никакви а секој месец и година станува сè полошо и полошо. За тоа како е издеградирано на културен план нема ни потреба да зборувам а сега од октомври кога ќе почнат отровите во воздух и ќе стане најзагаден град во Европа ќе биде само шлагот на тортата.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Зошто е форумот денес таков каков што е.

Е па остаре, се избумеризира, тие што беа млади на времето во пикот на форумот веќе или не пишуваат или остареа и им се сменија ставовите, а надојдоа еден куп “во години“ госпоѓи и господа со дискутабилни ставови и уверувања.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.555
Поени од реакции
8.384
Изгубив нешто, па си го вратив назад.....во вакви моменти у задње време си ја слушам оваа трака
Ја препорачувам на сите.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.412
Има денови кога сакам да се потсетам на сите починати лица што ги познавав и по некоја посебна карактеристика што ми оставиле во сеќавање.
Почнав со првиот мртовец што го видов у живот, кога имав само 10 години, моја другарка, учевме заедно.....и така си почнав по ред, комшии, колеги, роднини, родители, глумци, пејачи....стигнав до над 200 луѓе...некои млади, некои стари, кој од болест, кој од сообраќајка....го напнував мозокот да проверам да не испуштив некого...бог да ги прости сите....
Од толку убави работи за правење, јас добив желба да бројам колку починати лица познавам.

Боже, јас ли полудувам или треба понекогаш да се спомнат мртвите!?
И едно и другото. :(
Имаше на Фемина форумот една форумџика за која запкакав, иако не ја познавав, но тие што ја знаеа објавија дека била болна и починала.
Плачев, да...ни фалеа на сите нејзините мислења ..колку и да се караме овде, колку и да имаме несогласици меѓу нас, дали некој е добар, лош, безобразен, сепак ти станува некое мало делче од твојот живот.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Немаме, во нашиот јазик, поилустративен опис од douche chills, за тоа шо ми се случува кога ќе прочитам како поранешен член изјавува гадење од моменталната интелектуална испустеност на форумов.

Тоа е како сцена од прослава на десет години од матура, кога иде некое типче шо се отселило во поголем град, нашло некоја работичка со, не знам, датабази, стасало до некоја платичка над просекот и купило некоја количка, па влегува меѓу поранешните соученици како кит меѓу планктони, седнува до таа шо не знаела како се вика додека учеле заедно и почнува со „еве шо си испуштила“ муабет. Па гласно го сере градот кај шо пораснал, тврди дека бил мочуриште, провинција, дека селандурија живеела таму. Мава некој зашопошо „руката ме боли“ дијалект, се фали како цела Шпанија ја прошетал со негова кола...и си оди. Мишн акомплишт. Не знае дека таа пак нема да му го знае името, дека останатите пак ќе се заебаваат за тоа како руката го болела, ама вредело за тие пари, дека никаков впечаток не оставил, освен некое чувство на лична сатисфакција додека сам вози навечер и си оди од градот шо бил ист и кога он живеел таму и кога заминал. Не знае дека на еден од неговите поранешни соученици ќе му текне на него само како асоцијација на чувство, тоа чувство на туѓ срам, на douche chill, кога ќе прочита поранешен член на некој форум како го сере стариот бунар.

За разлика од други поранешни членови и потенцијални затвореници, кои сигурно супер си поминале на десет годишнина од матура:
Драга Кајгана, здраво.
Love your son!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom