Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ф

Флеш

Гостин
Вчера бев у скуп ресторан оти скуп беше навистина оти морав да идам заради ветување. 80 денари за додаток кечап/мајонез ..... 120 денари за едно стаклено шишенце КокаКола .....
Затоа е боље да носиш у локална биртија каде е поефтино баајги и за 150 денари јадеш комплет сервирано шарска плескавица со комплет лебче,компири и тако даље. А вака 120 денари за шишенце и 80 денари додатоци,одете башибош ....

Носиш некој,
Абе носи у некоја локална кафана ко чоек а не скуп тренди ресторан .... Брејј проработи тетовското у мене ....
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.787
Поени од реакции
17.307
Драга

За жал Драгомир Бојаниќ Гидра починал откако сум се родил. Бата Живојиновиќ и Никола Симиќ имав среќа да ги гледам уште во неколку маестрални остварувања, но и тие отидоа на некое подобро место. Лане Гутовиќ не ми беше омилен како првите троица, ама бескрајно го обожавам и почитувам поради тоа што ни го подари продолжението на Тесна Кожа во вид на Бела Лаѓа и неговите „пустоловини“. Одењето на секој великан е тешко, посебно на оној кој ви го чинел животот поубав.

Почивај во мир Лане и поздрави ги сите колеги таму горе...
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.180
1630070553043.png

Типчево, самопрогласен автор, авантурист, ММА борец и тренер, ловец на среќа, јутубер, предавач, музичар, креатор на содржини, адреналински зависник, редовен подкаст гостин, очигледна модно-авантуристичка икона, и што уште не...

Може го знаете, може и не.... небитно. Типов (хрват) прави кариера и станува препознатливо лице на балканските алтернативни (пред се YT) медиуми.

Наводно, иде по опасни локации низ јужна америка и ја прикажува џунглата, прашумите и тн и тн на еден многу занимлив и интересен начин, привлечен за гледачите. Демек оди на некои отсечени локации длабоко во Амазон и густите шуми во Јужна Америка, прави досега "невидени" снимки од некои живописни и авантуристички места во тие предели и истото му поминува и стекнува популарност... арно ама, во денешно време, благодарение на интернетот, некои работи не поминуваат така лесно и постојат луѓе кои можат да намирисаат bulshitter на далеку.

Нејсе, типов го расклинкуваат и му прават демаскизација и демистификација, каде што докажуваат дека истиов лаже и лажно претставува некои туристички места како "најзаебаното место во цела Ј.Америка" или дека не знам, сам се движи или сам иде до некаде... Се испоставува дека голем дел од тие места се достапни преку некои травел пакети и туристички водичи/агенции, и се испостави дека само си плаќал тури на рандом туристички водичи од Еквадор/Бразил или whatever, a во видеата на YT, неговите авантури ги прикажува како допир на мадињата господови.

Што е поентата, прво, многу битно е што Балканот врие од вакви bullshitter-и, а правило број еден во bullshitting e - Never bullshit a bullshitter.

Друго, благодарение на многу софистицирани методи на едитирање, монтажа, продукција и останати процеси во креирање на видео контент, денеска стана многу лесно да се пласираат и презентираат bulshitter-и како некакви си самопрогласени експерти и да добијат на легитимност и експертски статус. Подкастингот како подкаст е многу интересен формат, ама доминантно е присутен на YT, и проблемот во овој случај е што YT алгоритмот повеќе те цени по конзистентност и константност (повеќе видеа дневно/неделно) отколку релевантност, легитимност и квалитет на самиот контент.

(шпекулирам) : Доста актуелна во последно време, доста гостуваше кај реномирани подкастери и тн и тн - Yeonmi Park, цицлеста избеглица од Северна Кореа која кажува за сиот терор и целиот терор на Ким Јонг Ил и Ким Јонг Ул. Сега, не негирам дека тој терор навистина постои и дека Северна Кореа не е диктаторски режим каде што има милион нечовечки срања на секојдневна основа, ама нејзините настапи ми го вклучуваат bullshit алармот што го имам. Драматизира, преувеличува, посолува приказни и го користи тоа за да биде во центарот на вниманието. Секако, нормално е да се преувеличува за да се постигне драма-ефект, ама оваа мислам дека ја прелеа малце чашата.

Вакви има многу примери во ера на доминација на подкаст.

Поентата, никогаш не верувај на некој што сам за себе си лепи етикети, или сам за себе (на социјална мрежа) или ќе напише дека е нешто како пример (animal lover, feminist, progressive, adventurist, book nerd, sci fi addict, movie fanatic, artist, influencer, musician, martial artist enthusiast)... Тоа е Bulshitting 101.

Македонските поговорки ќе кажат - "Фалбата е рѓа", "Чекај друг да те пофали" и тн и тн, скроз се заборавија и запоставија во ера на социјални мрежи. Најголема хипокризија евер е кога некој што изнапишал 50 етикети за себе, и споделува цитати или слики за "Stay humble". Поголемо дно од ова нема. Смешно е колку луѓето сакаат да зборат за себе и за своите квази достигнувања... запрепастувачки дури.

Скромноста во малограѓанска средина како Македонија стана реткост. А скромноста е антитеза на егото, па сега прорачунајте колку сите нас индивидуално не дрма его секојдневно.

п.п.с Во скоро случајно ги видов дечките од "Шанса за Центар". Некои активисти кои се кандидирале за независни кандидати за советници и во очи ми паднаа епитетите што (ваљда самите) си ги ставиле за себе. Феминист, борец за човекови права, прогресивец, експерт по XYZ, учесник во XYZ, еко-активист, урбан лик, авантурист и тн и тн... И инстантно ми се вклучи bullshit алармот. Човек што има такво високо мислење за себе, не е на арно. Далеку од тоа дека имам против нив конкретно или против некои независни кандидати за локалниве, баш напротив, само ги земав за пример.

Чудно е колку луѓето сакаат да си даваат епитети за себе и за она што го прават и колку егото ги доминира.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.895
Поени од реакции
25.216
Свекрва ми го зема малиот да го причува затоа што се утепав од жалење дека немам кога да исчистам.
Јас, 5 минути откако заминаа: ima li nekoj za kanter?
I believe it's called "self love".
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.404
Драга,

скоро сите овде сме го гледале American Psycho (2000) со Крисчан Бејл. Има еден лик на форумов кој тотално се поклопува со дијагнозата која ја глумеше Бејл. Его до плафон. Неможност да поднеси луѓе кои имаат нешто подобро од него, макар и да е тоа една обична визиткартичка од парче бела харија, со тајмс њу Роман поддршка. Во неговиот ум, тоа смета, тоа е недозволиво. Имено Бејтман сакаше на место да ги задави тие за кои осеќаше, дека знаат нешто подобро од него, или имаат нешто подобро од него. Истата опсесија со музика која мора да е исклучително авангарда, за која тој ќе има познавање во детали и за која ќе може да аборува со векови. А на крајот од денот, тоа е едно обично песнуле, кое повеќе од веројатно го слушнале и широките маси - Јозеп, Марија и Исус, каков грев.
Хм, веројатно поентава на постов е да укажи на тоа, дека на форумов копа на дијагноза.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.115
Поени од реакции
30.182
Draga

Ziveeme vo era koga e najpotrebno i moralno medicinata da se smeta i prima so zdrava skepticnost, zatoa sto samata medicina koja doaga od zapadot koja neli za nas e "napredna" ne gleda nikakva problematika vo stopiranje na pubertet kaj deca i nivna hemiska kastracija.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom