Никад не сум ги сфатил луѓево што предолго раскажуваат приказни кои можат да се поедностават за 90% од содржината која е раскажана. Значи, тоа ми дава некаква идеја за особата која онака нема осет за приоритети, што е битно, што небитно, и не може да си го организира животот.
Сеа, си отишол 7 дена на одмор, и нормално ќе те прашаат другарите како си пројде. Ваквиве луѓе раскажуваат епска поема, Хомер да позавиди. Првиот ден вака, стигнавме беше ваму, ама имаше брдо, па заборавивме пешкирите, па ај барај, па уствари не чек тоа беше вториот ден од плажа коа се вративме, а првата вечер прво видовме едно местенце, и не отидовме, па отидовме на друго место, ама пак се вративме на првото ама гувжа беше...
И приказнава тече едно пола саат, дур сите околу таа особа се као „аха... аха..“ и пробуваш очајно да смениш тема, или бар да дадеш гестикулација, или дури и буквално со зборови да речеш „пер добро, не мора толку детали у курац“, ама најчесто е џабе. И тоа сум приметил најчесто ваквите долги досадни приказни не се од луѓе што мнг сакаат да зборат и све да кажат, туку од некои што стварно немаат осет за тоа колку и како нешто треба да се каже. Од таму потекнува и неспособноста да си ги подредиш секојдневните активности и да бидеш продуктивен.
Не знам, ја коа ќе идам негде или коа ќе иам некоја дешавка и ќе ме прашаат као сум си прошол, у кратки црти. Видов интересни ствари, прошетав на неколку места, неколку вечери ваму бев, најубаво тоа, најлошо тоа, у главно супер, и едино ако има само некоја специфична случка што треба да се раскаже ќе ја кажам со 2-3 реченици без предолго и широко опишување, и ај зз. Шо има ново кај вас?
НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА СЕКОЈА СЕКУНДА ОД ТВОЕТО ПАТЕШЕСТВИЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!