Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Dr... le,le. i ti li mori draga imas vakva nadimka pred imeto, sta sam ono hteo da kazem drugovi.
Retko idam na doktor epten ako se mora pa taka i vcera bev i gledam i zjapam dolgo vreme na djamot so natpis,
D-r toj i toj, znaci nekoj D crtica r i ime i prezime i rabotno vreme i broj na telefon. A taka ama.
Sto prajme so drearite od zavod TTTT, pa i so mene sto tie ili jas da si stavime pred imeto o prezimeto Biva vaka D-r (drear) Anco od kajgana.
Ili zosto li tie luge-rabotnici na masina da nemaat D-r pred imeto, i ovo gde sam ono stao drugovi i drugarice.
Sto pravime so drvosecacite na Plackovica,koga i tie ke pobaraat da imat pred imeto D-r (drvosecas) toj i toj rab.vreme od =do i tel.
Ama ima uste dogramadjiite isto dostavile vakvo baranje vo uprava D-r (dogramagjija) toj i toj i t.n.
Автоматски споено мислење:

Dr... le,le.
 
Последно уредено:

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Многу е лошо кога сопствена мајка не сака да ми го чува детето 2,3месеци, кое откако се роди сами го растеме, никогаш не сум била товар на никој, нема везе што едвај успевам да направам оброци или домот да личи на нешто, само - грижата ми е на нула. Тргам на работа и не може да го чува, сакала на кратко само.

Откако престанав да живеам со нив од пред неколку години, многу напредок имам во делот да си верувам на себе и всушност да мислам дека заслужувам и јас грижа и респект, дека вредам. Сепак во многу ситуации идам контра себе и не си го давам тоа што ми е потребно. Тоа од дома и ми почна, некој цело време да те обезвреднува не е мала работа. Пораснав со толку несигурност, дури и 20тите години ми поминаа со толку двоумење во самата себе, а требаше да правам големи одлуки.

Сега со дете, јас сум неговото се`. Јас сум ресурсот од кој црпи. Не можам да се самосожалувам, да завршувам работи касно ноќе, да не спијам итн. Напротив, морам редовно и целодневно да правам работи кои ни го подобруваат секојдневието, колку и да се ситни а исцрпувачки и повторливи, од типот на миење садови. Значи дури и такви навидум ситни работи. Едноставно мора да продолжиме со денот, некогаш колку и да не сакам да си помогнам на себе, се потсетувам дека едноставно мора.

Едно знам, дека јас нема да всадувам несигурност во него цело време, како што тоа ми беше правено мене.

Би сакала да гледам некој драма филм за да се исплачам убаво, али немам време ни за тоа.
 

ToXic_

Booyah!
Член од
19 март 2009
Мислења
275
Поени од реакции
196
ДК,

Како да не му ја шлапнеш на некој преку глава шо мисли на скопски улици е Сена и влага на кривина (црвено) како у Ф1 да е.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.822
Поени од реакции
6.415
Драга,

имам ново омилено уметничко дело, ама место во темата за арт ќе го постирам овде. Кз поголема гледаност. :P Не, реално ретко налетувам на нешто што ми е ново омилено, па затоа вреди да оди и овде. :toe: Самата перспектива, убавицата во центарот за која од Португалија до Полска се зборувало дека е најубава жена во Европа. Според записите била природна русокоса.
Лукреција Борџија владеј со Ватикан во отсуство на папата Александар VI.
Една форумска колешка пред некој ден жените ги опиша како историски инвалиди. Треба да чита повеќе. Многу повеќе.

 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.836
Туристиве ебање машала ама Охрид крепење браос...
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.822
Поени од реакции
6.415
Драга,

деновив се изначитав за Ренесансата. The topic revisited. Колку е добро да се биди Либерал. Колку е добро да знаеш дека твоите луѓе го движеле светот и го направиле далеку подобро место. Место каде има простор за Универзитети. За Анатомија. За Медицина. Колку е добро да читаш дека на старите црковни прдешки лагите и моќта им се лизгале од рацете и тие немале контрола, немале начин да ја спречат плимата на знаење. Светлината. Со секое наредно откритие. Гневни биле на интелектуалците и уметниците. Знаеле дека со книгите и телесокопите во рака, тие идат по нив, идат по нивната Догма. Идат по нивните вековни ЛАГИ. Идат да им ја земат моќта, стекната преку угнетување, преку притисок. Ги гонеле преку планини, полиња, ридови. мориња. И? Пак никој не ги знае имињата на извесни Кардинали кои го тероризирале светот. Ама кога ќе го слушниш името Леонардо Да Винчи, знаеш дека he's the real deal. Разликата меѓу вистински ЧОВЕК и гневно животно. Животно кое не мисли добро, кое сака да предизвика пакост, кое сака да предизвика страдање кај невини. А со тоа да оствари и моќ и пари, многу пари. Никоја ера на човештвото не прави така јасна дистинкција меѓу поимите човек и животно - примитивец. Хуманизам - пробај, но прво види, дали навистина вредиш за да се наречиш ЧОВЕК? Или си некаков примитивен суб-вид? Чунки за човек треба многу. Во Ренесансата човекот е бог, човекот е недостижен, а не Господ. Мажите се вредни, често портретирани со книга во рака, зад нив стојат статуи од мермерни голи божици. Имаат големи дланки, тоа значи дека можат да работат. Жените се високи, со невина убавина и благи насмевки на лицата.
Да живеат Европските Либерали. Сето она што го знаеме како денешна европска култура и цивилизација е нивно директно творештво. Ако Европа ја има моќта да предизвика нова преродба од исти размери како оригиналната Ренесанса, европјаните можат да станат и мулти-планетарна цивилизација.

Конзервативците од друга страна можат да се пофалат со Средниот Век. Беда и сиромаштија. Војни за Израел. Жени кои со години не ги гледале сопрузите. Лепра.
Исто можат да се пофалат и со Втора Светска Војна. Една форумска колешка рече, оваа војна била најголемиот прогрес во Европа. Некој во до темел разурнатите градови и домови и мажи со пресечени нозе гледа прогрес. Тука е разликата меѓу ЧОВЕК и животно. И во времето на Леонардо и денес.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.811
Поени од реакции
5.593
ДК,

100% сум убеден дека најсељачкото нешо од нашиот примитивен народ излага во оној момент кога ќе стапне у авион на Виз Ер... добри 70% од патниците во оној момент кога ќе напуштат терминал и ќе влезат у авион за лет према Скопје/Охрид, автоматски се претварааат во најмизерното нешо шо може да го замислите... најголемите сељачења и курчења и чалами сум ги видел у авион не у биртија... трагедија драга, посебно трагично е за стјуардесите што мора тоа се да го толерираат...
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
Збор на денот - "Салата со зборови"

Word salad

A word salad, or schizophasia, is a "confused or unintelligible mixture of seemingly random words and phrases",most often used to describe a symptom of a neurological or mental disorder. The term schizophasia is used in particular to describe the confused language that may be evident in schizophrenia. The words may or may not be grammatically correct, but are semantically confused to the point that the listener cannot extract any meaning from them. The term is often used in psychiatry as well as in theoretical linguistics to describe a type of grammatical acceptability judgement by native speakers, and in computer programming to describe textual randomization.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Ми се допаѓа препукувањето на Визаентиец и Дарлинг, навивам да си разменат бројче и да развијат љубовна романса, ако веќе не се среќно средени на тој план :icon_mrgr:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.057
Ако нешто знае да ми убие расположение тоа е монотоноста и повторување на исти работи скоро секој ден. Се вратив од 5 дневен одмор и имав малку време за рефлектирање од што ми се состои еден ден. И сфаќам дека секој ден е исто, секој ден стани за работа, горе-доле заврши ги истите задачи, тук-таму некој курс/академија, па зготви нешто за јадење, еве и со трчањето скоро секогаш ми е иста рута. Приметувам дури и јадењата дека ми се повторуваат, бар 2-3 пати во неделата јадам исто јадење. Дури и релаксирањето се состои од истите работи, филм, серија, книга, музика, шетање низ парк.
А, највеќе ме убива тоа што секој муабет со близок е колку животов е стресен, или коа на некое теле треба иста работа да му повториш 100 пати.

Деца кога бевме, немавме многу ама сме уживале многу повеќе отколку сега, и тоа е сосема нормално. Тогаш нашите не чувале од грижи па сме имале колку толку среќно детство. Сега ако сакам да се релаксирам треба сам да се затворам во соба, затоа што секој муабет е за работа, за кој ти сакаш да бидеш, што правиш со животот и слични глупави муабети. Не знам до што е ама осеќам притисок од сите страни дека очекуваат нешто повеќе од мене. Во овие моменти, сакам да сум дете да излезам надвор и со џамлии да играм. Да седам до 5 сабајле на клупи комшии да ме опоменуваат, или да се собереме со друштво да играме игри. Без никакви стресови што и како со животот, како е на работа, како фамилија. Мозок на пасење.

Сега не сум дете, заработувам и повеќе од доволно ама што фајде кога нема како да се ужива на тие пари. Одам на одмор со мислите на работа. И на тој одмор пак монотоно, шетај низ град, сликај, седни на ручек/вечера, кафе некое и толку. Еве овој одмор пробав некои работи од таа to-do листа или бакет листа како и да се вика, и уживав максимално во секој момент.
И на се тоа му дојде крајот, и после ми текна... цела година за ова мало задоволство ли работиме? Монотоност, пак. Веројатно и следната година исто. Треба нешто да се промени, ама as I said, у моментов не сакам да мислам на тоа. Џамлии ми се игра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom