Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.798
Поени од реакции
17.338
Драга

Како никој не работи во неделата, така и за сајтон за вакцинирање е неработен ден изгледа.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Кајги, лани за 8ми март на мајка ми и бев купил само еден бел лилјан, и тоа луковица за садење пошто знам дека такви сака за во дворот.
Поминувам годинава и гледам никнале девет нови. ⚜
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Сам се смеам кога ќе се сетам дека еден другар долго време не можеше да најде на кого да ја продаде колата, па на крај ја продаде на татко му. hhhhh :giggle: :ROFLMAO:
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Драга,
оваа што коментира уметничко лизгање на мрт (незнам ни која е) е некст левел пристрасна. Значи она не е навивање, поезија и лигавење е. Добро свативме дека навиваш за русите, тоа не значи дека и ние ко гледачи ќе навиваме за нив.
Јас како и секогаш навивам за Канаѓаните. И нема што да навивам, едноставно најмногу ми се допаѓаат, субјективно е.

 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Не е битно во која ситуација, едно 50-тина Македонци не кажале фала или барем да климнат со главата, пред некој ден прв пат го слушнав зборот фала за оваа ситуација од Ром или Циган како сакате, обичен збор на навредува како мислењето и делата. Интересни ми се вакви некои случки кои ги доживувам во животот, кои докажуваат дека не е секогаш се црно и бело.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Mi se gleda krajot uste samo 10 dena od izolacijava.Najako od se sto maticnata mi vika pesacenje,planinarenje zabraj sega za sega.Alkohol nikako mhm ke bide.Pa koj moj da izlagam,slobodno produzi mi do Veligden :D

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.957
Поени од реакции
8.141
ДК,

ако знаеш да сметаш, пресметај го збирот на Али Баба со неговите разбојници и ќе го добиеш бројот на починати денес.

Предностите од невакцинирањето веќе даваат резултати!
 
Член од
29 март 2021
Мислења
6
Поени од реакции
37
Драга Кајгана,

очигледно повторно ти се вратив, во друг облик. Овој пат наместо да читаш зборови, пушти ја музикава https://www.youtube.com/watch?v=QNRxHyZDU-Q, небаре така подобро ќе ме разбереш, оти зборовиве како зборови се празни, како мене, и колку и да напишам нема да можам да го искажам она кое во мене тлее.
Секогаш кога го слушам ова беспрекорно парче мелодија во главава ми се појавува една толку убава слика, слика од некој се' уште непроживеан миг од мојов живот, слика на некој вселенски мир во душава, а во неа и чувство на некоја сигурност во животов и одраз на спокојот по кој чежнеам повеќе години.
Во таа слика се' уште имам надеж и се' уште ја чекам.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Дечки, ја сега стварно не знам што да правам.

Премиерот кажа дека секој што вели дека државава не е спремна за попис во Април е човек што сериозно и наштетува на државата и прави нешто контра-патриотски.
Патриотското нешто е да се попишеме.

А исто така нема простор за патриотизомот во 2021 и е нешто заостанато што треба да се батали.


А исто така и многу пари беа потрошени на маркетинг на истиот, како и за патување на одредени терористи политичари за да бараат попис на сите швајцарци, косовари и останати. А уз пат беше и побараноо легализирање на Косоов.

Дури и пропаганда имаше, ама онака као демек суптилна, дека само идиоти нема да се попишат во Април и само идиоти мислат дека е лош потег да се премести пописот.

Дали оваа пропаганда сака да каже дека Заев е идиот? Пошто искрено... јас не можам да размислувам за себе и својот став го добивам од работи што се платени од одредени организации?
А ако пропагандата сака да каже дека Заев е идиот... дали тоа јас треба контра од него да одам? И сега во септември кога ќе треба да каже да се попишеме.... јас да не се попишам?
Пошто нели, пропагандата вели тоа.

А јас своите ставови ги формирам преку тотално легитимни и нималку платени спотови и маркетинг кампањи?

Не знам, ви реков и пред некој ден...

Премногу сум збунет и навистина не знам што да правам, се надевам ќе се појави Мирко Попов од некаде за да ми каже што да правам.

Или евентуално ете, Васил Гавранлиев, Тамара, Бени и уште пар луѓе нека снимат некоја песна, за да знам што да правам.


Ептен сум збунет. Ептен.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Ziva vistina da se cudis, kade odi svetov-narodov.
Porano pred zemjotresot,majka mi (nikogas ne sfativ dali treba odvoeno ili zaedno) koga ke napravese nesto domasno,najcesto sukano, pita,kifli,kolaci baklava, ke stavese od toa vo tanjir , ke pokriese so ubava salfetka i ke me prati mene da odnesam na komsiite (oti bratmi se sramese).
A potoa se znaese,po nekoj den pak komsiite ti go vrakat tanjirot-cinijata so nesto nivno domasno napraveno i toa sekogas najubaviot del-parce.
A sega........................?
Vcera i nosam na kerkami edna tepsija pita so praz i urda (site drugi velat so sirenje) i edna tepsija so kifli, ama ubavo porasnale i izgledase kako pogaca(mnogu zena mi ja biva za meseno)
Odam denes tamu me vikaat im puknala cesmata i kerkami mi gi vraka tepsiite vo kesa i toa taa so rackite podvrzani vo cvor.
- Neka gi za tebe,nie imame-jas i velam, (znam deka e taa posiromaska i nema)
- Ne nosi gi sto ke mi se mene,jas ne pravam - mi veli taa kerka mi (sega odvoeno eve)
-------------
Si doagam doma i nesto poposle zenami otvara keseto i sto da vdidi. ???????? da se cudis.
Dvete tepsii taka ne da recam prljavi ama samo sto ja izvadile pitata i kiflite i taka potoa tepsiite gi zatvorile vo kesata i ni gi davaat. Bar da so edna lazica (preporaclivo drvena,da si go soberele ispeceniot susam koj go imase vo golema kolicina.( jas sekogas go pravam toa i mi e najsladok).
-------------
Ete taka da so znaete i posle..................
I posle t.s. segasno nesto ke imalo KORONA, pa ke ima...
ili i posle ke se cudis sto ne snaslo....
ili ima (li) gospod...
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Драга, на врвот на гласните жици пеам:
Дај разбуди се го немааа сонот на вљубенииитеее
И оди си. Ти чувам место во споменитееее
Но некогаш тргни низ времетоо и простороооот,
И дојди на место на злосторооот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom