Денеска интересен ден.......станав сабајле, отидов на работа....работев богами добро....истовремено исповртев некои телефони во Србија....добив позитивни информации од таму.
Ми заврши работното време, го дополнив резерварот, дојдов дома да си го земам пасошот, во кола и правац за Врање.....еве го кај е 100км во правец.
......Врање....прв пат одам таму, не сум имал потреба до сега.
Кога сопствената држава не се грижи за здравјето на своите граѓани.....чарето мора да го бараме надвор.
Сега само што легнав во кревет, пред два саати се вратив во Скопје.
Купив Српски при-пејд броеви за мене и тие што ми се под кров.....се видов со човекот од центарот за имунизација (пријател на мој колега).....вели се ќе биде во ред, не си ни прв ни последен од Македонија....поднеси барање за вакцинација....ќе изгураме работа.
Што беше најинтересно.....без да бара/очекува било каков возврат....му велам ќе те почастам кога ќе бидне работата.....категорично ми вели не доаѓа у предвид.....ми смо наши!
Инаку во Врање народот е кул (опуштен)....голем број се веќе вакцинирани и се опуштени, слободни, маски носат ептен-ептен ретко, во затворен простор само ради закон и тоа спуштени на пола уста.....дури и чудно ми беше. Се чуствував како да сум во паралелен свет.
Српските граничари не носат маски повеќе.....вработените на патарини во Србија исто не носат маски.....колку убаво за очи.
Животот им се враќа во нормала.....се гледа и се чуствува тоа.
Јбг....се вратив назад во Македонија, ги наредив СИМ картиците во телефони.....утре да пуштам пријавите и нека биде се како што треба....успешно до крај....дај боже.