Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.702
Поени од реакции
24.167
Читам сладоледот поттикнувал лактација и ми текна дека имам кило и пол сладолед во замрзнувач, го земав и директ од кутијата со лажица, гејмам и сркам. Едно време приметувам дека сум при крај и си викам "ми нема логика... Која состојка би ја содржел сладоледот што би создала повеќе мајчино млеко и зошто баш сладолед?". Се враќам на текстот што пишуваше за лактација и читам поубаво "Бен енд Џерис сладолед со ОВЕС", битната состојка била ОВЕС и тој потпомагал за лактација. FFS! Отидов и си купив кило и пол овес. :confused:
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Денеска дознав дека починала Мира Фурлан, нормално не можам да бидам рамнодушен кон таков настан. Па кога ќе ми текне како хрватите ја отпишаа оти била мажена за србин :facepalm: сваќам колку народот е овца, ма какви овца, амеба:mad:
И веќе не ми се анализира во што се претворивме после тие девеесети, батали ова веќе не се оправа.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.625
Successfully broken Widevine.
FUCK YEAH!
Ме боли глава ама јебига.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.863
Поени од реакции
54.398
Све почна со мачката што мрдаше напред назад со главата односно тактизираше додека дечкото со тарабуката нафрлаше зборови и звуци, притоа создавајќи сосема коректна, интересна и пред се заразна мелодија што сама ти игра и пее у главата.

И се појави Берни Сандерс и неговата поза која за ден-два стана ултимејт меме материјал. И ок, имаше смешни слики, имаше тажни слики, имаше глупи слики. Имаше и едно видео, Берни Сандерс не реагира на полката, односно не вајба. Не се понаша како мачката. Ладен е, неактивен, не мрда и не постои додека дечкото до него урла со тарабуката.


Си викам чекај да видам што е целата фама и која е оваа песна, ако воопшто е песна. Од десната страна на јутуб видеата се појавува Loituma - Ievan Polkka, сигурно е оригиналната верзија ова. Таа е.
Секако ништо не се разбира од пеењето, мислев дека е нешто турско, ерменско, можеби азербејџанско, грузиско, тука негде, кај кур знам. На крај испаѓа фински јазик. Иначе фински јазик заедно со грчки, италијански и ирски би слушал без престан цело време некој да ми збори. И ја слушам едно 650 пати песнава и викам време е да видиме и други автори, музичари со изведба на истава нумера.

Наоѓам едни дечко и девојка со бенџо (ваљда) и хармоника. Ај да видиме што ќе понудат. Прекрасна и интересна изведба. Кул. Слушната 200 пати. Ќе ти ебам песната викам, не ми искача од мозок. Зараза.

Ајде друго видео, ууууу опасно, рок верзија, згора на тоа и во живо. Што ќе видиш, тотално вриење и класично жнеење од настап. Урланац.


Е ова ми е најјака изведба од сите слушнати. Мислев дека се некои металци или рокери кои само ја пеат ко кавер верзија песнава, конкретно на концертов. Види ги, фронтмен со суканици, облечен у кожно, бос басист со бела брада и тотално непостоење на сцена, гитарист како плав Слеш односно бубњарот на Ганс ен роузес, хармоникаш избеган од Рамштајн, виолинист ко Иан МекГрегор од Стар Ворс, и бубњар класичен возач на камион некаде во околината на Аризона кој патува до најдалечните северни делови од Канада.

Пишувам на гугл, Korpiklaani, енциклопедијата вели дека се фински фолк-метал бенд. И ова дознав дека постои како правец во музиката. Премногу ме заинтересира како звучи ова нешто.
Го пуштам концертов подоле, во живо од Wacken Open Air 2006та година.


Па ја нешто боље неам у живот слушнато. Ова комотно на свадба би ми свирело, ете има и хармоника, таман да не замараат средовечните рандом роднини гости кои ќе бидат поканети на таа веселба организирана првенствено од мојот машки родител, деклариран фан на Борко Радивојевиќ. Иако ќе бидам избркан од истата но добро, ете според мене ќе свирел фински фолк метал на свадба у Северна Македонија каде народот ти се лути и те осудува ако речеш дека нема да праиш класична свадба, со идење по невеста и со бричење со секира.

Реалноста е дека Династија бенд ќе свират на свеченоста, ќе бидат поканети 300 гости, ќе се играат ора и слични наши музики збогатени со циганчица и уште неколку српски брзи, а во вториот дел од свадбата блам ќе избијам од себе коа ќе се качам на тапан на Распукала Шар Планина и слични традиционални македонски песни.

Нема да праам свадба никад.

Поентата на постот ми е за концертов од последново видео, и сите други концерти кои немилосрдно и без престан ги слушам еве веќе 2 дена.
Ова се финскиот Гуча фест, на ова се пие, на ова се дрогира, на ова би играло и младо и старо, на ова се урла у некоја викендица со прејаки звучници и јако друштво упропастено од све.
Ова е најубавата музика во историјата на сите музики.

Мега јако.

tervehdys.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг,
како ми е криво што немам за некои работи, подобра мемориска картица, ниту памтам каде сум напишала ниту памтам кому сум напишала, ама со сигурност тука некаде во твоите теми напишав дека „можно да се зема плата, а да нема здравствено осигурување“,
е па се надевам, дека истите го следат твојот дневник, па ќе прочитаат им го должам примерот каде и дека е можно:

,, 50 дена без здравствено осигурување биле војниците и вработените во армијата. Од синдикатот на одбраната и безбедноста тврдат дека правото на бесплатно здравство го изгубиле во ноември лани.
„Не сме здравствено осигурени од 01 декември 2020 година до вчера, денеска е се уште работен ден. Значи невозможно е, ние сме примиле плата во декември и јануари а немаме здравствено. Тоа го увидовме кога по реакција на нашите членови кои заминале дали заради себе или за својата фамилија на лекар и таму се изненадени дека државна институција како што е Министерството за одбрана има забрана за здравствено осигурување“, вели Ристо Ајтов, Претседател на синдикат на одбрана и безбедност...,,
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Наеде се како што га ранив прасе или свињу пред продавање и с'к ќе пишкам како жена пред пораѓај. :несвест:
 
H

Hyperion VI

Гостин
„Роденден"
Најдепресивниот ден во годината,
се будам во 5:00...со панични тегоби и мамурлук :(...си лепам авто-шамар да се освестам.
(оти предходниот ден сум се направил стока).
Го пијам транквилизерот,ја палам првата цигара и сипам чаша црвено вино(клин со клин...)

Веќе 8:00 почињаат честитките на телефонот онака ,досадни,автоматски,ботовски и какви не...здравје ,среќа
(во тој стил),
па нормално и зборот „фала" ми е копиран,во умот и на клипборд,за да не го згрешам одговорот,па да лупнам погрешна фраза како:

„Навистина роденден"или
„И на тебе нека ти е среќен".

Веќе почнувам да се двоумам во која од двете омилени локални „биртии" да го продужам денот...

Па да почастам по една пијачка некои локални пијандури што моментално ќе се затекнат таму... (секако дека тие ќе ми бидат поблагодарни,отколку познатите другарчиња и роднини).
......Фино.......
После ќе се запиеме и ќе разврземе маалски муабети:
фамилијарни дрва,политика,економија,ова,она...све...

П.С.
Во секој случај ќе заштедам на торта,како и да е...
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.992
I miss the good old days каде во овој спот каде од денешна (па и од тогашна) перспектива НЕМА НИШТО КОНТРОВЕРЗНО AT ALL..

....ама сепак тоа не ја спречи жолтата штампа (ви текнува кога имавме жолта штампа? Или било која боја на штампа? Или било какви музичари или медиуми? хех) да прави муабети дека спотов имал лезбејски undertones


Ама ете, ако млади надежни режисери го читаат ова..

Еве ви шанса за римејк на "Кршенгрб планина" со младите две каубојки Калиопи и...ок, имево на другава девојка не ми текнува, ама знам беше актерка по вокација






 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Една поучна приказна....


Таткото му кажал на синот -Дипломираше со почести, еве ти подарувам еден автомобил што го купив пред извесно време.....стар е.
Но пред да ти го подарам, однеси го на авто-пазар и кажи дека сакаш да го продадеш, прашај колку ти нудат.

Синот го послушал својот татко, бил на авто-пазар и му вели на татко му....Ми понудија 1000 евра затоа што бил премногу стар и валкан.

Таткото рече......оди сега и прашај во заложна куќа, види што ќе ти каже заложникот.
"Заложникот нуди 100 евра, затоа што тоа е премногу стара кола"

Таткото со насмевка на лицето, му рекол на синот.....оди во автомобилски клуб и покажи им ја колата.
Синот го стори тоа. Тој се врати кај својот татко и му рече: "Некои луѓе во клубот понудија и над 100.000 евра, бидејќи станува збор за Lancia Delta Hf Integrale.....иконски автомобил, кој многумина го бараат".

Таткото му рече на својот син: "Сакав да знаеш дека на вистинското место, те ценат вистински.
Ако погрешно те оценуваат, не се лути......тоа значи дека се наоѓаш на погрешно место".
Оние кои ја знаат вашата вредност се оние кои ве ценат.
Оние кои ја знаат нивната вредност, не остануваат на место каде што никој не може да ја препознае вредноста.
 

Mundell

тој со бројките
Член од
24 септември 2014
Мислења
622
Поени од реакции
1.059
Еј кајгана, од такт ме вади аплоудов на слики. Цело време ерор. Јебо те ерор!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom