Драга Кајгана (виртуелен дневник)

C

Castiel

Гостин
Keј


Се изнадив колку мачовци имаш тука што се јаки само на тастура..а кога им даваш шанса да се докажат се кријат како стаорци...ама тоа ти е...и они не се криви што се исфрустрирани.. Иначе времово е полудо и од март....2 дена сонце топло па 2 дена ладно и дожд па повторно иста песна...све е пореметено
 
Член од
21 јуни 2011
Мислења
93
Поени од реакции
170
Хелоу,
Го имам најлудиот мачор на светот, напаѓа луѓе, каса, гребе, а има само еден месец, не знам како ќе излезам на крај со него кога ќе порасне... Како поминува времево се побесен и побесен е и многу си е опуштен.
Периодов сум нервозна, немам време за возење, како да влегов во машинеријата работа-дома и се чуствувам некако...безвезе :( Празно, многу празно.
Јбг има и такви моменти...
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Мех.
Прасе во кафез, на антибиотици.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Македонски интелектуалец е најголемиот оксиморон што може да постои.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Јас сфаќам дека има луѓе кои просат на улица за да соберат пари за парче леб, ама верувај дека има и такви кои човек психички го измачуваат. Прееска еден крајно одбивна налудничава фаца, абе кога почна да дели некои флаерчиња, да напиња, ти му викаш немам, тој кога запна стои до тебе, ти објаснува ова она.

Ваквите нападни што просат ми ствараат некое језиво чувство:sick:
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Секоја птица лета во своето јато
 
A

Antigona

Гостин
Драга Кајгана,

Си седам така на нет и едно време ми текна дека одамна немам гледано порно , па пуштив да погледам. Туку се прашувам дали му се дига на камерманот додека ги снима порно глумците (маж и жена ) во акција или можда е геј човекот ? :toe:


П.С. Не ми замерувај Кајги , ама периодов сум под притисок па се трудам максимално да се опуштам . Ко што велат старите - диши длабоко :kafence:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.152
Поени од реакции
16.095
Драга,

Не можам да се освестам цел ден.
Трипати заспав од прееска, не знам што ми се дешава.
Ни ГоТ уште не ја имам изгледано. Имам желба, немам енергија.

Најјако ми е кога ќе ги видам колегиве од факс на малиот како му љубоморат, поготово женскиве, кои да можат очите ќе му ги ископаат. Е боли кога некој работел за време на факс, го научил тоа што требало, па си нашол работа сам со својата способност, а не преку врски од партија или мама/тато/чичо/баба. Чекајте вие на некој друг да ви најде работа, трчајте ко овци нестрижени, ладете си се без да се замарате за учење после факс, ќе ви најдат секако. ;)
Јас му викам само да им каже дека можат комотно да му ги почешаат јајцата.
Премногу е фино детето за да им го тропне ова, не е ко мене. :kruna:
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Драга,
По прв пат во животот се исфарбав. Т.е извадив прамени или како и да се вика тоа. И косата сега ми е како да ми ја фатила радијација од нуклеарна бомба. Лажам, не знам како изгледа радијација ама да ти доловам, е толку е лоша. Кога се гледам у огледало не знам дали да го скршам или да се смеам или да повраќам. Па уште кога ќе ми текне колку пари ме кошташе целава трагедија ми доаѓа да рикам:place:
Ок, морам да признаам дека и смешно е. Кој знае со што сум ја заслужила кармава:D
 
Член од
8 мај 2015
Мислења
12
Поени од реакции
2
драга кајгана кога ке заврши целиот страв и ужас што се случува во државава?до кога ке страдаме и гинеме?инаку пред една недела си земав мало маченце и многу си сакам и тоа поздрав :);)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мој братучед се врати од работа по ~3 дена нешто налик дежурство, речиси ич сон и лекување на повредени полициски сили на клиника заедно со неговите колеги. Да ја искористам логиката на луѓе очигледно паднати од количка на глава како мали и да прашам нешто.

Како не ви е срам на вас што само ги вреѓате докторите дека не се грижеле за вас кога ќе отидете на лекар, каснеле, сте чекале по 3 часа за преглед, немало материјали, се чекало со месеци за снимање???? Не се осеќате глупо сега што работеа 70 часа и спасија еден чопор полицајци? А? А? А!!!!!!!!!!???????

Глупа е логикава? Не е исто? Аааааа што било работата.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
Вчера на Wikimapia, еден advanced user (модератор) од Украина, решил да ја оправа Wikimapia и да става анводници и да регулира телефони во описот. Се отепавме од објаснувања дека ние не користиме такви симболи. Модератор, а не разбира англиски. Ај тој не разбира англиски, јас лошо се изразувам на руски. И на крајот, си е*а мајката, се откажа. барем од него дознав дека ме спремаат за advanced user :vozbud:, ама копукот украински гласал против заради шо сум му ги бришел наводниците.
Мислам Кајги, кој користи онакви симболи наместо наводници во Македонија? Русите ги користат, не ние.
----6.png
Bye bye, sweety pie.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Секоја прилика да се искористи за да се собере политички поен. Во гроб да ги носите проклети кучиња... Остана ли нешто разумно и човечно тука?
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Кеј,
пред неполн месец имаше вест за студент прегазен од воз во Скопје. Вчера дознав дека тоа бил дечкото на моја другарка. Арно ама со неа не сме во постојан контакт иако си го имаме муабетот и ете не сум знаела. Останав запрепастена и уште не ми се верува, зашто имав прилика да го запознаам дечкото и ми остави прилично добар впечаток. Знам дека беше и најдобриот студент на економски.
И ете, од вчера не можам да престанам да мислам на тоа, не можам да се ставам во кожата на девојчето, не можам да и се јавам и да прашам што, како... Не би знаела ни што да и кажам. Во такви случаи не постојат зборови за утеха...

Јасно е само дека Никој од нас не знае каде животната патека го води. И се нешто ме стега околу срцево деновиве...и оно е мрачно како и ситуацијава...

И фали љубов во воздухов, многу љубов...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom