*става маска*
Драга Кајгана,
Не сфаќам кога ќе дојде денот кога ќе престанам да се изненадувам од срањата со кои треба да се носиме како општество. Види ја корона ситуацијава - сите се понашаат како живот да им зависеше од одење у кафана и зедоа се натуткаа без маски небаре банкети за војска/момачки/девојачки забави прават. Нема да го оправдам тоа со 'Ама ми фали да си се видам со блиските' пошо блиските моеш да ги видиш на поотворен, широк простор каде сите ќе носат маски и никој нема да ве спречи и да јадете и пиете истовремено.
Кафана бре со музика, да излезе душата на маса на живо музиче, хармоника да ти свири на увце да лупнеш едно пееФче на чело на кларинетистот шо ти ја почна 'Туѓа си бескрајно', иначе идеш на life support без тоа.
Не може простиов народ да разбере дека нишо нема да биде ко порано, нишо не може да се врати назад и мора, АМА МОРА да се најде нов начин на функционирање колку и да сакаме сè да е ко порано. Поише од 2/3 од народот шета или без маска или со маската под брада или под нос. Па не можеле да дишат, па мачно било, па сафра ги фаќало - себичност со лопата да ринеш. Општествена одговорност нигде.
*му се замаглуваат наочарите од маската*
На страна од тоа на луѓе исто така им пречи шо дел од народот тука, па и низ остатокот од светот изјавува поддршка за протестите во Америка. Смешно било пошо не било кај нас никаков ефект ќе немало. Никако да сфатат дека секој еден пост, секој еден разговор, секоја една слика на тема анти-расизам оди во прилог на развој и на нашето општество. Но, секако ние сакаме да се убедуваме дека не сме расисти и дека такви поделби кај нас не постојат, пошо нели Македониичево ни е едно розово сликиче за у рамка и на ѕид да си го стаиш.
Премногу се фрустрирам од тоа колку е мизерен светот и колку никој не сака промени кои очајно мора да се случат.
Одам виски да турам една чаша, не се седи на трезно деновиве.
Биди ми поздравена Кајгано, и практикувај социјално дистанцирање колку можеш повеќе.
*вади маска*
*мие раце*
*става пак маска*
p.s. А има решение за вирусов, не дека нема. Само треба да ја послушаме девојката која искоментира на фејсбук на статија твоја, а нејзиното решение во прилог: