Кајганицо драга, барем на тебе да ја стресам цела нервоза, сето разочарување од овој чурук двотарифен народ...ма изрод е боље кажано...
Слушам на телевизија, народов се јавува во емисија и се препукуваат, плачат, пцујат, демек како за муслиманиве било вака, за христијаните така, па Охриѓаните успаничени дека Скопјанчиштата че им го донеле вирусот, па......тешки бљувотини од човечка покварена уста
Аман бе луѓе, оти плачете, па имате за одење на гробишта и друг ден ако ви се оди....
Аман бре луѓе, оти им љубоморите на тие што си отишле во своите родни села, во своите викендици..
Аман бре луѓе, па минатата година грчката и бугарската граница беше гужва невидена..демек ке седевте во Скопје ако границите не ни беа отворени.
Како не сфатите дека светов има проблем, дека човештвото има иста судбина, дека сме сите качени на еден ист брод и треба заеднички да мислиме како да излеземе здрави и прави без многу последици од пандемијата!!!???
Престанете со препукувања, навредувања, говори на омраза, мешање на вери.....сите сме во ист казан и се вариме во него...
Проблемиве нема да ги решиме со молење, ниту со ритуали....отворете ги тоа тиквите и пребарајте си го залутаниот ум, совест, одговорност...доста се занимавате со болеста, зафатете се за како да оздравиме, како оболенава планета да ја вратиме во нормала....а за тоа ни треба заедништво.