Денеска ме разбуди телефонскиот повик од менаџерот.
Си реков во себеси пред да одговорам дека неможе ова да е убава вест.
Пред две недели имавме состанок и добивме две опции, или да ни се скрати по 30% плата или некои луѓе да бидат отпуштени. Компанијата воопшто не прави пари периодов затоа што Италија ни е пазарот, а таму е катастрофална ситуацијата.
И ок, сите прифативме да се скрати по 30%,иако е 3 месечно кратење.
Но, сабајле кога го видов повикот, очекував нешто во врска со ова...реално, и нема за што друго да ме бара менаџерот во 9 сабајле.
Ми се јавува, некако потопен, да ми каже дека јас сега за сега сум сигурен на својата позиција, ама 11 колеги ќе бидат отпуштени и покрај тоа, ние пак ќе имаме 30% кратење.
Вака во кратки црти е објаснет капитализмот и правата на работникот во денешно време.
Компанијата пред коронава правеше по 10 милиони € неделно, да сега неможе да издржи ниту месец ипол да ги плаќа своите вработени.
Допрва има да ги осетиме последиците, ова ми се чини е само почеток на лошите вести и рани утрински повици.