Драга Кајгана
Денес ќе говорам на една тема за која не верував дека некогаш,и ќе ја започнам.Станувам едно прекрасно утро ова беше едно од тие утра што сакаш да ги гушнеш и никогаш да не го пуштиш,сонцето ти се смешка,небо синило,распеаност,денот те повикува,и ти ги нуди сите потребни убавини.Не те интересира ништо друго освен фактот како ти ќе се забавуваш,односно како прекрасно ќе го поминам денот што и се случи.
Скролам се што сум испуштил за тие 7-8часа спиење,и наидувам на еедна работа која како да ви кажам,јас ја нареков искрено=Борбата на Мексикански картели.Сигурно во овој момент си мислите дека ќе говорам за наркотични средства,нелегално превезување на алкохол,или пак други опасни супстанции,НО овој наш случај говориме за ореви.
Да прејдеме на главното го читам ова=
Обесил верверичка во Соње зашто му ги јадела оревите
Прво мислев дека е факе њуз знаете,некоја заебанција,интернетот малце да се пошегува и тн,но ова е жива вистина подоле во спојлер ќе ја видите и самата фотографија од обесената верверичка(во случај одговорните да сметат дека не е добра за форумот,нека ја тргнат и тн тн).Видете ако ја убил верверичкава,и ја фрлил,у шума никој нема да поведе истрага за тоа како е мртва,нема да има обдукција,нема да има сектор за криминалистика,цси и тн,ако некоја шета низ шума,и рече еј мртва верверичка сигурно некој љубител на природата нема да рече мора да е убиена,ајде да го пријавиме случајов во полиција,не ќе рече сигурно се самоубила од депресија,или случајна несреќа паднала од дрво на глава и тн,НО НО НО кога вие ќе ја убиете,и ќе ја обесите за сите да видат тука имаме проблем.Целата работа се состои во тоа што овој што го направил ова се однесува како да потекнува од Венецуела,Колумбија,Мексико или некоја друга Латино земја,каде што цвета нарко заедницата,па и обезглавените тела,или обесените по самите улици како знак да не ги допират,односно владите на тие земји да не пробуват да војуват со нив бидејќи многу луѓе ќе настрадат.Застрашувачки.
Е сега некој ќе каже ватто да не претера,ја однесе целава ситуација многу пошироко,ДАЛИ,не би рекол,искрено,кога ја направил ова работа,човеков сака да испрати порака,на една вервричка и дал јасно на знаење,а другите верверички да видат како не треба да му ги допират оревите,смешно или не,трагично или не,животот за сите нас продолжува,се додека не му ги допреме оревите на сељандурата од Соње,па да завршиме обесени.И уште нешто за крај пред да наидам на ова сторија за соње само неколку дена пред,гледав едно доста интересно видео што ни доаѓа од Велс ако не се лажам,локален фармер забележува дека некој му ги краде констатно овошките,зеленчукот па решава да стави камери за да констатира кој е одговорен,кога да види,еве го одговорниот,потоа ја носи и својата девојка ,заедно јадат,сопственикот,ја објавува целата приказна на интернет,потоа им гради специјална градина на овие двајца,и се ќе биде за нив.
Повеќе за ова приказна може да прочитате на chunk the groundhog story.
А сега и сељакот од Соње
Дами и господа ја сум ватто,ви посакувам се најдобро,и едно од најважните нешта Чувајте се.