Драга
Мајка ми нема појма дека вчера владата ја префарбаа.
Мајка ми нема појма дека ЕБР беа распоредени до 1 км должина.
Мајка ми нема појма дека све живо и диво тепаа.
Мајка ми нема појма дека се кршеа полициски коли, дека за прв пат откако сме под режим денес се покажаа забите на многумина.
Мајка ми нема појма за вресоците на една девојка откако и се вдадоја 3ца специјалци додека поминуваше улица (не смеела да поминува од таа страна де)
Мајка ми нема појма за случката во читална, дека никој не учи во 11 нели.
Мајка ми нема појма дека во Кузман девојче беше малтретирано од наркоман, а ни пуштија еден цајкан да направи записник додека ЕБР беа на неколку метри од нас.
А, мајка ми нема појма ПОШО МЕДИУМИВЕ СЕ КРЕТЕНИ.
Колку ги потплатија да ќутат? И од Телма се разочарав. Додека ситуацијата ескалираше, на мајка ми и се јавувам ја прашувам дали даваат нешто на Телма, таа ми вика дебатна емисија гледала.
Алооо!
И на генералот Ангелов нека му е добро утрото. По медиуми секој ден, ова вака, ова онака, јас сум јак, јас сум ова, јас сум она, ама морал да замини на друго место да се бори, за туѓи интереси, место за своите.
Е, тоа е македончето (намерно со мала м). Тоа сме ние.
Не можел финансиски да издржи. Да издржи за шо? За кампања политичка да води кога ќе дојдат СДС ? Или да се задоволи секое барање на сопствените деца?
Живеам со 500 денари неделно, зборувај ми за финансиска издршка молим те.
Кретени, кретени насекаде.