Некогаш мислам дека социјалните мрежи на Македончето му дојдоа како кец на десетка за изразување фрустрации, лечење комплекси, сеење омраза и фаќање сеир. Во моментов тоа како да е пуштено на максимум. Барем за мојот град зборам ама не е ништо поразлично и на другите места.
Малку беа политичките сајтови по ФБ наменети за плукање на „оние“ од другата политичка опција и расправање со нив на најдолно ниво во коментарите. Сега нова мода е водење на трачерски и сеирџиски сајтови. Па демек од „доверливи извори“ се објавува кој со кој бил во швалерација, кој на кој му должел услуга, кој со кој водел бизнис. Нормално, сето тоа поткрепено со нула докази. И ако во нормална држава ваквите сајтови се игнорираат или банираат, тука имаат илјадници следачи и куп „фанови“ што коментираат „Еј брат, како му го спушти на овој“ или „Еј види ја ороспија, мамето нејзино“.
И како бе да очекува човек дека државичево ќе тргне напред кога на пола население ова му е главна занимација. Да не зборам па дека има пациенти што прават лажни профили само да трачарат инкогнито. Работата е и за пцуење и за жалење во исто време...