Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.985
20200204_211035.jpg
Автоматски споено мислење:

Со четири шрафа М12 заштрафиле билборд тежок 1тон.Пу да ви се мочам у руките,среќа не отепа некого
Автоматски споено мислење:

IMG-2672f7e549575c8d8dc66537d32b43d1-V.jpg
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.798
Два месеца како скоро секој ден идат да јадат кај мене на работа две Србинки одбојкарки шо играат за некој локален тим.Пред некоја недела еден колега од Косово проба да и се пушта на едната и го употреби најглупиот лајн што правиш вечерва, е сега прочитајте си го преведено на србски(шта радиш вечерас) и замислете си како звучи кога ќе се каже со акцент на албанско-србски.У кујна умревме од смеење, одбојкаркиве еве веќе 2 недели како не пуштиле нога да влезат во ресторанот, колегава прави муабет како демек трансфер направиле не дека поради тоа не идат :icon_mrgr:

Инаку вечерва за прв пат во животот доживеав жена прва да ми пријде, 60 годишна баба ми понуди вожња у кола, на одење пред паркингот на ресторанот


Тргнав да напишам повторно сериозно мислење на тема македонскиот работник и тоа колку е сјебан во психа ама подобро да се напише некоја смешна случка него реалност која е станата утопија.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Некогаш мислам дека социјалните мрежи на Македончето му дојдоа како кец на десетка за изразување фрустрации, лечење комплекси, сеење омраза и фаќање сеир. Во моментов тоа како да е пуштено на максимум. Барем за мојот град зборам ама не е ништо поразлично и на другите места.

Малку беа политичките сајтови по ФБ наменети за плукање на „оние“ од другата политичка опција и расправање со нив на најдолно ниво во коментарите. Сега нова мода е водење на трачерски и сеирџиски сајтови. Па демек од „доверливи извори“ се објавува кој со кој бил во швалерација, кој на кој му должел услуга, кој со кој водел бизнис. Нормално, сето тоа поткрепено со нула докази. И ако во нормална држава ваквите сајтови се игнорираат или банираат, тука имаат илјадници следачи и куп „фанови“ што коментираат „Еј брат, како му го спушти на овој“ или „Еј види ја ороспија, мамето нејзино“.

И како бе да очекува човек дека државичево ќе тргне напред кога на пола население ова му е главна занимација. Да не зборам па дека има пациенти што прават лажни профили само да трачарат инкогнито. Работата е и за пцуење и за жалење во исто време...
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.094
Поени од реакции
15.955
Додека јас се мислев 23 годишното крцкалче дали е премногу мало за мене да го изнесам на вечера / кафе, Босанчето се омажило викендов за некој циган во Австрија. Има бре од сега на секоја да и барам пичка, ако ништо друго барем лепотан сум.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.489
Поени од реакции
16.137
Невработеност голема, работните услови катастрофа, младите бегаат од државата, битно владата ги награди највредните "работници" во државава од администрацијата со К-15.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.018
За две недели доаѓа Луси. Уште не можам да поверувам дека девојка доаѓа од друга земја за да биде со мене неколку дена. Веројатно ќе поверувам кога ќе ја гушнам. Не очекував дека некогаш некоја девојка би го направила ова за мене. Да патува од друга земја за да почне нешто со мене, нешто што можеби требало да почне пред три години. Не знам, малку е лудо сево ова, ама и прекрасно. Веројатно е храбро од нејзина страна да го направи ова и јас го ценам тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom