- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.587
Ми текнува дека лани предновогодишно на темава правев листа од најдобри и најлоши работи што ми се случиле таа година на приватен план. Сега нема да го правам тоа, може пошто оваа 2019 имаше помалку важни настани а може и јас не им давам толкаво значење... Ама имаше многу моменти за паметење. Конкретно годинава ми се исполнија две големи желби што за мене ја прави 2019 добра и успешна година и како што викаат западњаците That's all that matters. Со тоа сврзав две години кои можам да ги оценам како добри и тоа е многу, многу океј.
Некоја посебна новогодишна еуфорија не ме фаќа. Повеќе им се радувам на слободните денови и на одморот. Драго ми е што без многу замарање се договоривме со еден другар да тркнеме 3-4 дена настрана и што нема да ја дочекам новата година тука. Секаде е клише ама мислам дека тука дома тоа го осеќам повеќе отколку кога сум во странство.
После да можам цела прва недела од 2020 би седел дома, би гледал филмови и читал некоја добра книга. Во последно време ич не ми се излегува по кафичи и дискотеки. Никогаш не сум ни бил по тие шеми ама во последните 3-4 недели кога ќе се најдам на такво место како да ме фаќа некоја алергија. Затоа и во оваа последна саботна вечер од 2019 си седам лагано дома, штракам по форумов и во позадина врти добро музиче.
Што да кажам друго тука, тоа е... Веројатно ова е последен мој пост во ДК за оваа година па еве прилика да ви кажам убаво да си поминете за празниците па да се читаме и догодина. И дај боже да живне малку повеќе форумов.