Кеј, прати случај.
Бидејки немаме приклучоци за перални машини во становите, во приземјето има голема соба каде што стојат сите машини. Секој стан си има свој приклучок и потрошувачката на вода и струја си оди на тој стан. Мојата машина се наоѓа помеѓу машините на сириецот од приземје, и проститутката во станот спроти мене. Јеп. За да не го качувам прашокот секојпат кога перам си ставив едно како пластично на машина, и го оставам внатре.
Од почетокот на ноември до сеа веќе 2 пати ми крадат цело паковање прашок, па ми скисна и решив да ставам камера во собата да видам кој го лапа, а прашокот нормално го оставив врз машината да се гледа, и 100 % бев сигурен дека ќе ми го украдат. И ми го украдоа.
Преги ја мотам цела снимка во забрзано движење цели ебени 42 саати, и стопирам само кога забележувам движење.
Ситуација 1: Прв влегува сириецот, оди кај неговата машина ја отвара, внесува алишта, си вади прашок од ќесето шо го носеше со себе. Става прашок, пушта машина, си собра ќесето и си отиде. Значи океј, дечкото не краде прашоци, супер. Сигурно затоа и си го носи со себе бидејки и него му го имаат украдено.
Ситуација 2: Некои 7-8 саати после сириецот се појавува проститутката. Девојчето носеше еден куп ствари со неа, размотуваше таму некои кесиња незнам шо, и почна да си ја чисти машината со некои средства. Кога ја исчисти тргна се настрана, ги зема моите и стварите на сириецот ги тргна на една маса, ги исчисти и нашите машини, и ги врати стварите на свое место и излезе.
Јас гледам, премотувам и пак гледам, не ми се верува шо уствари се деси. Девојката ги исчисти сите 3 машини и не се ни дрзна да зема ништо.
Ситуација 3: Наредниот ден тоа веќе, 3-4 саати пред да ја тргнам камерата. Влегува Јована, жена му на комшијата секој ден шо пиеме пиво, од Берово се. Гледа лево, гледа десно, отвори една црна вреќа собра се шо имаше по машините, изгаси струја и замина.
Па дали е можно да сме толку северни бе? Јас мислам дека ова е дно за кое неможеме ни да сонуваме дека сме го стигнале. Ова е толку нов степен на дно, шо и регуларното дно се срами од тоа колку е ова дно.
Сириец шо се тревкосува секој ден со по 5-6 џоинти, и проститутка шо прима секој ден по 5-6 кура, не го украдоа прашокот. Јована од Берово го украде. И тоа не само мојот, сите ги собра шо си имаа ствари оставено. Точку е трагично шо дури е и смешно.