Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
5 март 2011
Мислења
841
Поени од реакции
824
Сакам да ги имам живците на жената во Германска амбасада што ги сортира документите на влезот
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
ДК
толку е актуелна приказнава со земјотресите...па то лични искуства, немири, психолошки трилери.
А јас целата прикаска ја преспав како најголем труп. Баш некако хендикепирано се осеќам...
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.986
Колку се луѓето засегнати од земјотресиве,колку ги боли кога е во прашање сопствениот газ.А кога гореа шумине у Амазонија,кога танкери излеваа нафта и умираа илјадници птици,белите мечки пред истребување,до скоро нуклеарни проби се правеа,абе пепел ја направивме планетава и коментарите беа абе ај шо се замарате со глупости...Епа како за сите така за и за нас,таква е природата.Кој ве е.е,нека дрма пепел нека не направи,се надевам дека што побргу човекот ке го снема од лицето на земјата
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.790
Стјуардеса, нормално на социјални мрежи накитена со кежуал #travelgram #instatravel #traveler #travelphotography тагови.

Ок, кучко, а кога ќе ставиш реален хаштаг за твојот лајфстајл како на пример #кечапмајонезможе? #чајиликафегосподине? #соилибезшеќер? #екстрапарфеми3за100€ #несебуткајтепредизлез #трицепсодкревањеторби
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
Ја разоравте и распарчивте оваа света земја, сега Господ ве разорува и распарчува вас, во животот не е ништо случајно се се случува со причина и тоа во право време и на право место.Македонецот е трпелив но не и уплашен тоа се докажало низ историјата сме го истрпиле турското па бугарското па германското и италијанското ќе го истрпиме и шиптарското и сите други племиња што ќе дојдат.И ќе продолжиме да постоиме,оти оваа земја е некогашен Ерусалим од тука започна и тука ќе се заврши Божјата света мисија, така да внимавајте што и посакувате на оваа земја сите вие сегашни и идни непријатели.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Црни јајца од лажни попусти и гратис грип од гужви по продавници....и пак на секој празник/недела на конзумеризам и малоумие искачам со идеја дека може нешо ќе начекам....аматер...
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Денес требаше да ти славиме роденден. Јубилеен, 30-ти. Требаше... Ако животот не беше проклета кучка. Велат дека на оние што заминале треба да го одбележуваме денот кога отишле ама јас баш денес голтам кнедли... Беше некоја традиција да си ги честитаме родендените со откачени пораки. Затоа овој датум секогаш ми беше весел. А на крај ако добро се сеќавам глупата судбина сакаше да се видиме последен пат баш на овој ден пред две години...

Прослави горе на небото, другар... Наздрави за нас што останавме тука да се грижиме за секојдневни глупости... Се гледаме во некој нареден живот...
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Навистина ми е жал за сите вас утре што ќе одите по моловите,трговските центри,ќе се буткате,ќе дишете смрдливи мишки,ќе се соочувате со руинирани стари лица,со шеснаесет годишњачки излезени од часови од карев,и најбитното со измислени непостоечки попусти,згора на тоа утре ќе бидат засилени инспекците на терен,пајак служба и сите безрбетни цицачи,па гледајте возилото да го чмугнете “кај што никој нема да види“ за на крај вашата Блек фрајдеј манија да биде навистина Блек како норвешки блек метал од Нотодден.
Дами и господа ја сум ватомир ви посакувам пријатна ноќ,и најбитното чувајте се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom