Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.901
Имам една колешка на работа нова е, ама таква е дружељубива и за краток период успеа да се спријатели со сите. Жената секогаш е насмеана и се чудам како секој ден и е погоден и со секој знае да направи муабет, секогаш да има насмевка на лицето и кој и да ја повика не одбива да му прави друштво.

Гледам денес ме најде на фб и ја прифатив и ги разгледав сликите и жената уште што нема поминато во животот.
Пред 6 години и починал 8 годишен син единец од рак немам појма од што. :(

Секоја чест за ваквите на кои колку и да и тешко сепак знаат да си ја задржат насмевката на лицето и да продолжат понатаму после таква несреќа.
Пред тоа мислев дека жената е ептен задоволна и од брак и од работа, има 3 деца и е најсреќна мајка на свет, а не храбра жена која го има изгубено единственото дете...

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Кога ги читам сите овие вести за пожари, палење шуми, ниви, трски (заради градежни интереси и други финансиски бенефити), за кршење урбана опрема, клупи, ламби, корпи, кога ги гледам сите депонии купишта ѓубре во природата, покрај патиштата, во градовите, во тие моменти најискрено многу ги мразам граѓаните на оваа квази-држава, не можам да ви опишам колку ги мразам.
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Буквално од 7 саат сабајле со душа чекам да дојди вечер да легнам и да спијам до 100 саат .
Имав два дена доста напорни, со доста обврски, вчера спиев само 2 саати, денес цел ден не сум застанат постојано во движење, отепан и психички и физички.

Вечерва откажав кафана, мобилниот го искл. и си легнав во 11 за да спијам, еве веќе ближи 1 и пол,нема ни абер од сон, очите пукала,крвјосани, никако да заспијам.
Имам во фриждер едно пиво од оние по литро и пол,па во него ќе го барам спасот за сон сега.. :sakasuste::sakasuste:
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Мислам дека редно време е да посетам психолог, во најмала рака.

Мислам дека јас ги истрошив сите мои капацитети на наоѓање на одговор на прашањето што треба да правам јас во животов. Ништо не ми го задржува интересот повеќе време, освен пишувањето и мажите.
Ме фасцинираат луѓе кои можат толку многу да се исклучат од светот и да учат работи кои ги интересираат толку многу, што забораваат да јадат.

Не се сеќавам јас дали имам нешто такво во животот. Некоја работа која комплетно ме исклучува. Порано имав кога бев помала, кошарката како и секој спорт тукуречиси со топка. Глумата исто. Читањето исто. Пишувањето исто.

Од сите овие нешто, остана само читањето и пишувањето.
Ама некако како да бидувам само просечна во животот а некако како да одбивам да верувам дека ќе сум само просечна. Дури не ми ни смета, ама да имав една работа во животот во која ќе наоѓав страст.

Затоа и мислам дека ми е потребен разговор со некој постручен на темата 'работа на себеси' од мене.

Шо велиш ти Кајги?
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Какво време дојде,од сите учители,наставници и професори што ни трубеа над глава учете ова учете она,ке ви треба у животот,само тој по Германски јазик испадна у право
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.838
Поени од реакции
38.002
Кајг,
се прашувам зашто овие од Гевгелија, Струмица, Дојран, Велес произведуваат само слатко од незрели смокви? погадно нешто од „слатко“ не може да се доживее од горчлива смоква бљаааак, а што убавина е вистинско слатко од зрела, голема, жолта, вкусна смоква! мљааац! што е работава? не можат да дочекаат да созреат смоквите? :toe:

 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
2019 година, век 21 а некои се уште се срамат да разговараат со родителите на тема секс или да посетат гинеколог, посебно машки гинеколог бидејќи имаат срам или страв ама го немаат тоа кога уште на најрани години стануваат интимни без да се распрашаат за последици, сексуално пренесливи болести или нешто трето.
Имаш интернет, ако имаш страв или срам од твоите прогуглај и искористи да дознаеш и научиш нешто ново за да не кукаш по некој период на 16 или 17 години - Се ебев со дечко ми, сврши во мене, јас останав бремена, се плашам, не знам што да правам и како да кажам на родителите.
Во последен период кога разговарам со помали од мене забележав дека многу се неуки за тие работи, немаат основни познавања но битно се плескаат како фоќи во години кои се уште не се зрели, немаат оформено карактер или до вчера мирисале на млеко и подоцна кукаат по форуми со глупави прашања - имав петинг со дечко ми, дали сум бремена?

Страшно.
 
Последно уредено:

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.380
Поени од реакции
4.934
Со секоја промена на времето/часот, мене ми се случува некоја промена во мозокот, па и на духовно ниво.
Во моментов ми текнува на Spud ..
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Ништо неможе да ми го затопли срцето на овој свет како тоа што го прави циганот во 09часот сабајле урлајќи за тоа како откупува старо железо,би му го дал сето железо на овој свет само да престане да го прави тоа.Бидејќи мирниот сон и спокојот навистина ми значат.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.592
Мирна, скромна, повлечена девојка. Не се истакнува со ништо во околината, не личи на ниедна глумица или пејачка, повеќето мажи би ја заобиколиле без да ја погледнат. По игра на случај ќе ја запознаеш. Ќе се насмевне, ќе каже нешто или ќе направи некој потег што ќе ти се види интересен. И веќе несвесно ќе ти влезе под кожа. И ќе ја сакаш покрај тебе. Другарите ќе се чудат што си видел во неа. И потсвесно ќе ги сфаќаш. Зашто стварно има поубави, посекси, поопуштени... Ама тебе баш таа ти се врти во глава. И ќе направиш се’ што можеш, ќе се надеваш, ама таа на крај ќе ти каже “Не е моментот“. И ќе оставиш времето да си го направи своето...

И ќе запознаваш други. Црни, плави, ниски, високи, вакви, онакви. И ќе помине време. Ама неа пак ќе ја сретнеш. И ќе почнеш муабет како ништо да не било. И ќе ти даде комплимент. И ќе ја заследиш на Инстаграм. И таа ќе те заследи тебе. И ќе почнеш пополека да и го гледаш секој пост и секое „стори“. Ќе почне и таа. И ќе ти текне дека од она „не е моментот“ поминале скоро две години. И дека ти си се изменил. И дека сигурно и таа се изменила. И дека баш „моментот“ се изменил. И додека си станал свесен за тоа, таа пак ти влегла под кожа. И пак си почнал да планираш. И да се надеваш дека овој момент, тука и сега, е баш тој „момент“ што се чека. А знаеш дека надежта е зезната работа, ама тоа ти е.... Емоциите и логиката обично не одат заедно. А против логиката може да одиш, ама против емоциите тешко малку...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Драга Кајгана,

Денес си ја испратив најдобрата другарка за Австралија. For good.

Другарка која ми била здрав разум и совест. Другарка која ми била поддршка за сè и која секогаш ми помагала и ме учела како да се сакам и прифатам себе онаков каков што сум. Другарка која никогаш не ми дозволила да се сомневам што сè можам да постигнам. Другарка која ме научи како да не трошам време и енергија на небитни луѓе и работи. Другарка која беше спремна да жртвува од себе само за да го заштити нашето пријателство. Другарка со која сме го испиле целиот алкохол на светот, сме ги исплакале сите тажни песни и сме се смееле до грчеви во стомак. Другарка со која си ги знаеме најинтимните тајни, најголемите стравови и најубавите соништа.

Денес си ја испратив другарката која е пола од она што сум јас.

И среќен сум Кајгано. Среќен сум што оди во подобар живот, што ќе има прилика да живее прекрасно и да напредува. Среќен сум што оди со човекот кој ја сака највеќе и што ќе даде сè од себе она секогаш да е насмеана и задоволна.

Едно ми е мака само Кајгано. Знаеш ли кај е Австралија? Знаеш ли колку е далеку?

Имајќи план и самиот јас да си одам од Македонија, само на другата страна на светот, свесна ли си Кајгано колку нè оддалечува нас двајца животот?

И тешко ми е Кајгано, многу ми е тешко.
 
Последно уредено:

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.709
Поени од реакции
34.251
are you even springing/instagraming ako ne stavis up close slika od rascvetano drvce so bokeh efekt, ali na smetka na stopletnoto vreme zapazeno ratio-to razgoleni dekoltinja kade se parashutiram na sekoja pauza od borba so veternici

i got nothing

:angel:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
I ova docekav da go vidam...
sekoj den mu nosat pici do vrata,nadvor ima parkirana Mini Coper za do rabota i edno Smart za zenata, dole vo Garaza WW pasat (ili kako i da e) bela boja i mi zvoni na vrata mi bara stravciger da go izvadel bagasnokot za skii.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom