Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ф

Флеш

Гостин
Денеска, влегувам случајно во една банка.Земам бројче и застанувам во ред, за на шалтер.Се појавува мое бројче и идам на шалтер секако.Застанувам.Здраво сакам она она бла бла работа .А у мозок ми се пали сјаличе .
Абе девојчево ми е ептен познато.Извинете дали смеам да прашам,многу си ми позната,името да не ти е Симона?! Учеше во тоа основно,сигурен сум дека заедно 8 години учевме!!! Се дружевме доста,имавме заеднички пријател.Многу ми е мило што те стретнав пак.Од основно,се немаме видено.Како си?

Искрено,девојчево многу го сфиѓав,беше супер другарка,дел од детство и меморија.Многу се израдував кога ја стретнав,немаше гужва и мислев кратко муабет да напраиме.
Сики,ме препознаваш? Гром од ведро небо.

Не ! :mad:o_O
Големо down :notworthy: Изгубивме контакт зошто се пресели на друго место,доаѓаше у школо да дозаврши година.И имаше пар средби потоа и ја немав видено 14/15 години .:( Ептен ми беше драга.

Но највеќе ме разочара што извини не те познавам,да учев таму,но тебе не те знам.Извини .:unsure:И после највеќе шо ме изнервира,е тоа што грубо силно ми се нафрли,господине ако е тоа се,пријатно:sick:

Највеќе ме нервира фактот што учевме 8 години,заедно градинка,сум бил кај нејзе 100х дома,живееше 300 метра од мое место.Кажано од пелени.
И оној македонски синдром се појавува одма.Заедно сте деценија,ќе помине година дена и не се знаеме на улица туку така,ни здраво,дури и комшија ми е.Исто и средно.Учите 4 години,се стретнувате на улица или автобус,повторно истото.Туѓинци.Сме биле на роденден,слава,кафичи било што и се забораваме после.

Поентата ми е што не цениме пријателство,близок човек.Го забораваш,како ништо не се 10 години,испаѓа изгледа се е од интерес.За момент тука сме,за иднина забораваме се.Не цениш. Девојчево го сакав,убаво ми беше со нејзе,но како ладен робот да немаш емоција и забораваш е не,не.Лошото е што има многу роботи вакви во Македонија.Македонски синдром .Забораваш роднини и пријатели.Порано роднини одевме кај секој,денес не знам ни кој ми е братучед,освен на свадба здраво и на погреб здраво....
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Драга,

Другарка ми некни имаше постирано стори од одделението на внучето, машките беа маскирани во ѓаволчиња, а девојчињата во ангели. Ме фати смеа некако. Али претпоставувам дека немаше да е изводливо да им ги смешаат костумите пола-пола, нема да има логика, бар не за нив. Да им ја оставиме невиноста и розевото ѕвоно колку што може повеќе.

Сменет е мирисот во воздухот. Веќе ми почнува омилениот период од годината. Мислиш ли дека сите се осеќаме подобро во тој омилениот период или до мене е? Ни липите нема да ме нервираат, чесен збор.
 
K

kicodarker

Гостин
Ми се повраќа од закони. Ми се слошува секојпат кога ќе видам закон кој го донесол некое мизерно човечко суштество кој одлучува за некое човечко суштество дали и што ќе јаде пие ебе каква музика ќе слуша и буквално што ќе прави! Иако сме 21 век сеуште ропството постои и сеуште некакви “власти“ одлучуваат кој и што може да направи. И тоа не правам муабет за нешто во кое ете би страдале други лица туку за лично задоволство.Дали некому му е убаво да запали марихуана, дали да се напие алкохол,да јаде некакво месо, да верува или не верува во нешто...
Ми се повраќа секојпат кога ќе видам дека еден човек има желба да направи роботи испаднати од фотокопир кои ќе извршуваат една иста функција.Како друиди во Clone Wars.
Но најголемата повраќаница ми доаѓа, кога ќе прочитам македонски коментари по фејсбук.Ова е само случајно сега одбрано, но во принцип сите се тешко разбирливи коментари мислиш ко од лудница излезени пишуваат, како гугл транслејт да користеле. Добар дел воопшто и неможеш да најдиш поента на коментарот,а останатиот дел не ми се верува какви инквизиторски сфаќања ги има. Не само за ова кое коментираат туку општо во секоја тема. Почнувам да мислам дека моментално Македонија е некоја ментална хаотична утопија за пореметни мозоци.

11.jpg

222.jpg
33.jpg
334.jpg


Индивидуа не смее да однесува одлуки кои ќе опфаќаат друга индивидуа и ќе влијаат на неговиот личен начин на живот. Почнува очајно да ми фали општество во кое ќе се почитува индивидуалноста. Кој што јади што пие што ебе што прави и сите негови лични одлуки кои не ги опфаќаат другите треба да се почитуваат и во никој случај мешање во личниот избор.
Законите треба да важат онаму каде една индивидуа го нарушува општото добро и го повредува личниот начин и квалитетот на живот на другиот.На пример, фрлање ѓубре насекаде.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Мене најјаки ми се овие што се тепаат по фб за ваучери. :pos:
Па уште и коа ќе видам по 1000+ коментари на "наградната игра" ми се кења одма.
Ајде деца, ама луѓе бе во години се тепаат за ваучери од 50 денари во Спортлајф, или за патики од Aliexpress.
Напиши во коментар ДА и Сподели !! :pos::pos:
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.243
Поени од реакции
8.313
Kur da jadat tie sto smislile deka sijalicite treba da bidat na senzor poradi energetska efikasnost.

Zaradi taa glupost ne mozam da ja isklucam sijalicata barem 1 minuta i kopitoto da go vadat vo kovceg od rabota.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Жена ми си прави муабет со мајка и и оваа ја прашува за сите по дома што прават и дојде ред за мене да каже, па ете го одмара и јаде суви сливи.

И оваа од позадина Афричка слива. :pos:

Слушнала нешто по реклами, а не разбрала. Ти ибам жената, само да знае што глупост тресна. Ај слива е. :pos:
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Д.К

До пред некој период сите ги ставав на прво место, гледав да помогнам, беа приоритет број еден во мојот живот, почнувајќи од родители до личности кои едвај ги гледам по еднаш во годината а јас да се оставам на последно место и да се запустам.
Од сега ќе биде поинаку. Од сега јас ќе бидам себична, од сега мене ќе ме молат за помош а јас нема да помагам.
Ќе гледам и ќе се ситам и смеам во нивните грди фаци гледајќи како тонат во бездната барајќи помош.
Ќе им се ситам на несреќите, на сето лошо што им се случува додека од позадина јас ќе гледам како се мачат. Нема да гледам кого е во прашање.
Наместо да им подадам рака, јас ќе ги туркам подлабоко.
Целиот мој живот сум била во заблуда со реченица - прави добро, со добро ќе ти се врати.
Кај мене веројатно е обратно - Прави добро, со лошо ќе ти се врати.
Смачено ми е од токсични луѓе во мојот живот.
Јас не бев таква, но животот ме промени, и редно е сето она што го чувствував изминатите години, истите тие луѓе да го почувствуваат на своја кожа.
Епа доста ми е.

На здравје.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.135
Поени од реакции
107.415
Обележуваат пешачки во четврток во 10:30 кај Коце Металец средното :popce: Јас се чудам зашто има колона до Белви, си викам е у курац пак некоја сообраќајка и делегација, а оно овие пешачки си бележат, нормално ставени такви чуњеви за да не може да се вози по таа лента и секако крах во сообраќајот. Па ај овие од општина што се ненормални со тајмингот, па и возачиве прича за себе, колона километар долга овој земал вози по тротоар мисли дека магично ќе се убаци на чело на колоната и дека прв ќе стигне да го испие еспресото од 40 денари во некој селски кафич, све ли да ви наебам нечовечно јас на вас.

И ајде пројде тоа, завршив работа, се враќам накај дома и после мостот Близнак, кај ФОН, лабаво камион паркиран на сред улица го прават тротоарот, односно патеката, вадат стари плочки ставаат нови. Да, во четврток во 12 часот, мртви ладни паркирале камион на сред улица и заглавиле сообраќај до Драчево.

Не бе, на нас да ни ја дадат Норвешка да живееме и владееме во неа за помалце од месец дена ќе ја направиме на ранг на Бурунди и Сомалија.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Искрено, незнам дали да се смеам или плачам. Гледам филм прееска, го начекав Twilight на Cinemania мислам, и така забуљан малце во телефон малце во телевизор, кревам глава и читам превод: "Има ли некој вид на говедско месо меѓу нив?!". Си викам, чекајте малце другари, што е ова. Враќам програмата неколку секунди, и врколакот Џејк го слушам: "Is there some kind of beef between them?"
Да драги гледачи, нашите експерти преведувачи вака го превеле прашањето.. или јас толку разбирам ?!
 

Attachments

Ф

Флеш

Гостин
„СЕВЕРЏАНСКА ПОШТА“ е олицетворението на Њуман ...
Секогаш, пратката твоја е отворен крими процес кој е ставен на истрага најмалку 2 месеца додека не се загуби случајно негде нарачаното.

 
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Се "расправав" нешто со мајка ми на телефон и го имав повишено гласот и само комшијата од горе почна да ми лупа на парното. Алооо работен ден 3 сатот после ручек е. И други пати му се десило да се жали за глупости, телевизорот бил пуштен навечер касно, сме разговарале до касно, што знам јас. Па што сме ние криви, зградава што има никаква изолација. Што треба, дома да не правиме муабет, телевизија да не гледаме. И од комшијата до мене кучето нон стоп по неколку сати на ден лае кога е само, па што треба зидот да го турнам? Ако не си се научил да се социјализираш и да живееш со луѓе оди во пештера живеј, таму никој нема да ти смета. До сега никој друг за ништо не се пожалил, само на овој идиот нешто му смета. Добро е што постои кајганава тука да си го истурам бесот, готов бев да му се качам, веќе ја прелива чашата во последно, не знам како ќе го трпиме. Цела зграда другите комшии се топ, секој со секого се сложува има муабет и мора да се најде некој таков да уништи, не може барем една работа да биде до крај убава како што треба..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom