Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.808
Кајг,
види го ова си влезе сред Венеција, мува не го лази ма, тоа ти е туризам!

 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
D.... ne sum znael deka sum se uste DECKO, ke pocnam da brkam devojki.
Se naljutil deeckoto a ima 68g. na momata od 72 g. sto mu raskinala i go odbila pa ovoj ja natepal.
Ne veruvas,otvori denesni mediumi sekade go ima ova kako TOP vest.
Kaj otide narodov i musko i zensko.
Odi mori zemi pletaloto spleti nekoe copapce za vnucite,ne tuku mi se E....j
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Може да си кул колку сакаш, ама никогаш не можеш да си покул од рендом копање на гугл мапс во Харлем, Њујорк, радувајќи се дека си нашол човек како влече огромно плишано мече и правејќи приказна дали тоа медведот е за црномурестото момче позади него или само рендом се наоѓа во проаѓање малиот или може сака да го дрпне. И секако не завршив тука на оваа улица во 4 51 бидејќи сакам да го посетам Њујорк, туку најдов во reply на некој забутан коментар на некоја забутана песна дека на оваа улица се наоѓал муралот на Биг Л на ќошот каде што бил убиен. Типична ноќ на Фиљо, како што Рибља Чорба имаа една песна "jos jedna propala noc i novo svitanje". Чек од каде сега овој Чорба спомнува, нели Биг Л збореше досега, кога ќе размислам нема многу луѓе на светот кои слушаат и Биг Л и Чорба, како што нема многу луѓе кои се будни во ова време, бар не во Европа, добра ноќ.

asdasdasd.png
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Ветувам дека нема да ги завршам сите обврски до 10 мај, нема да полагам за кола есенва, нема да се запишам на курс по Шпански идна година, нема да се преселам во Јужна Америка за две-три години.

Да видиме дали функционира обратна психологија :kuracc:
Хах, некој ми го лајкна постов пред некој ден. Не се ни сеќавам кога сум го напишал.
Не се ни сеќавам што е тоа што требало да го завршам до 10 мај 2016. Веројатно сум го завршил, 2016 ми беше една одлична година во животот, со многу промени на сите полиња.
Не се запишав на курс шпански, ама запишав англиски :icon_mrgr:
Like in the old times, ќе завршам осми степен до лето. Каков труп сум бил за граматика, дури минатата година сфатив. Топ „тичерка“ си имаме, топ група со загарантирана дружба после часови. Стомаков ми отиде три метри понапред од сите пива кои ги имаме испиено после „напорните“ предавања.
Тешко дека ќе се преселам во Јужна Америка оваа година, а мислам дека повеќе ја немам оваа желба.
Не полагав за кола есента 2016. Но, конечно земав часови во есента 2017, а положив на почетокот од 2019. Нормално, не полагав додека не дојде јајцето на газот. Ја заокружив третата деценија од животот со една возачка дозвола. Да остане запаметено дека за прв пат излегов со кола пред некоја недела. Сакам да го посетам секое место во државава, а тоа не можев да го направам без возачка.

Ми се врти некој филм во глава. Екс Ју, јас со стокецот на татко ми. Бел стокец, со радио со касети. Возам по автопат, отворен прозорец, заглавен со штрафицгер. Триаголникот-прозорец, отворен до половина. Од радивцето рока Прљаво Казалиште, а ти само си возиш безгрижно. На совозачка седиште, лепша половина си пуши цигара со раката низ прозорец. Одиме на одмор во Крани, во кампови сопственост на фабриката. Ги користиш придобивките за членство во синдикатот. Веројатно сум се родил во погрешно време :icon_mrgr:
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Никако да разберам како тоа е задолжително со кола да одиш у место со предзнак "фит", па и да блокираш главна градска улица со 6 траки со аутото....и што тоа има "фит" во MONSTERBURGER-от, BEEFSTEAK-от и пржениците во Fitness house? Да не даваат ваучери за липосукција со нив?
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.648
Поени од реакции
27.970
Година и половина како не јадам месо,не се фурам здрав живот,веган и остали помодарски срања,него имав прилика да влезам по работа у една кланица,тоа да ти било сачувај боже,хорор у живо,невиден хорор.И како јас згрозен го барам тлото под нозе никогаш нема да ги заборавам оклештените фаци на тие сељачиштата таму што се вработени.Па пичка ли му материна,вреди ли за една плескавица или кременадла толку патња и страдања да правиме ние лугето?Друго ми беше муабетот.Што ми текна,поминував кај "плескавиците од 2ка" што беа порано кај Алкалоид а сега кај Коце Металец,си викам после толку време ај ке јадам една јеби га.Немаше никој да чека,и викам на таа ај една шоферска,и додека чекам да се допече плескавицата позади мене се паркира пикап еден,излага возачот и вади една картонска кутија со лепчиња ама му се отвори и се растурија лепчињата по улица.Се наведна човеков,ги собра у две три кеси и ги подава на женава што прави сендвичи.Фати таа едно од кесата и плескавицата директно у него.Гледам едно куче улично тука ме гледа у очи,дечко да ти ставам кечап мајонез зачини нешто ме праша таа утката,викам не не треба ништо.Си платив,му го фрлив сендвиот на кучето и метак да ме нема.Така требало да биде,ке си продолжам кога ке седнеме у кафана да си порачувам помфрит со сирење,биено на скара,печурки на жар и никому ништо.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.944
Помфрит со сирење, пица бурек и чоко-желе.
Јадења кои се јадат строго со цилиндар на главата и монокл, бели ракавици и пинки ап.
Кавадарка со рандом-кола, после.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Драга,

Сериозно размислувам да се вратам на старата професија...Беше понапорна, подинамична и постресна, но повеќе ме исполнуваше, а и спремна сум да го надградам своето образование заради понатамошен напредок. Почнав да станувам алергична на државен сектор и све што е во корелација со партии и неписмени партиски овчари...А, државниот сектор - токму таков е...
Токму во оваа тема овде се сеќавам дека често ги пишував импресиите од моите стари работни денови. Тогаш сонував да преминам во државен сектор, а се чувствував и фрустрирано што не го работам тоа што ми го пишува во дипломата. Сега после 3 и нешто години, откако горе-доле добро се реализирав таму, сфаќам дека овој изместен систем на вредности нема да се промени - барем не во догледно време...За 3 години остварив такви резултати што моите колеги кои се со децении таму можат да ми завидат само (чест на исклучоци)...А, сега веќе таа работа ми стана монотона, затупувачка и досадна...Ја изживеав едноставно...
Почнав да работам на случајот за враќање на старата добра професија, поврзана со медицина и наука, динамична и напорна.
Учам интензивно Deutsch, бидејќи и опцијата за таму не ми бега...
Моментно сум во токсични околности и гледам по секоја цена да се отарасам од нив...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Од полуписмена младина што фрла ќеси со ѓубре преку прозор , преку антиваксер мамички кои секој ден киснат на кафе кај локална бајачка, до партиски полтрончиња што „не ни знаат“ дека нивните синчиња и ќеркички се вработени преку партија.... Не ни заслужуваме нешто подобро.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.329
Ај па една работа што имаме тука во земјава па да им се ругаме на сите како биле вработени, партиски, преку чичко или преку стрина. Вработен тука треба да жалиш со бедно платиче од 12 000 не да го мразиш. Жално е ако е партиски вработен, трчал се замарал, лепел плакати, се карал со мајка му за партијата и на крај еве и администрација нека е и да седиш 8 саати за 12 000 е тажна работа. 6 000 е само струјата зимно време. За да му се оддолжиш на човек добро да му вратиш за нешто што си заслужил ко трчање по партии ко што викате, тогаш треба да го телепортираш надвор од тука, не да му најдеш работа тука и да го заебеш... Смешно е да речеш дека некој работа си нашол тука. Што работа имаме жити се, што имаме ние тука па да работиме со тоа или кои луѓе ги има да работиме до нив или за нив. Бедно е, смешно и трагично. Чисто уназадување само. И замисли го вработиле од партија и сигурно 100 пати се покајал што е таму и 1000 пати ги голтнал кнедлите од понижувањето, милион пати му било извадено на нос, којзнае уште колку контра услуги му биле побарани, а да не зборам па за оние по фабриките, прогамирани роботи, не знам кај ги вработила партијата општо зборам онака дека од тие таквите и тоа нивното ние ништо немаме заслужено, тие се загреота, нив треба да ги сожалуваме не себеси дека со нив живееме.

А за мамичките пример да, еве јас имам блиска скоро стана мамичка, ептен се поремети ама начисто ептен, знаевме да си лежиме заедно кај неа или кај мене навечер пред да биде оплодена и до сабајле да лупаме глупости за најголемите тајни на човештвото, ја мислев посебна, а таа... Мамичка.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.433
Поени од реакции
19.630
Топло ладно

Најглуп десерт. Топче сладолет од триесе денара и вулканесто колаче што не вреди ни дваес денара, заедно се продааф за сто пеес или двеста денара.Али декорација фршти,плаче за на инста. Док да га изнасликаф бидне ладно ладно : D

Исто и клуб сендвич,ладни мали сендвичиња сс мало купче помфрит двеста денара.Да га расклопиш ни шеес денара не вреди.
Цене су ни за у Монте Карло.
А људи што искочиф су сс бројани паре стиснати у џеп. Кд да видиш... ништо не си видеја.
Ем беспарица ем сфе скупо, ем срање некфалитетно.
Еве вечер почиња лига шампиони,ке се дреме по кафиќи два саата сс едно еспресо или чај.
Треа да не увлече некоја црна дупка, да не смачка како мељано месо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom