Од каде да почнам?
НЕ МОЖАМ да разберам родители да не ги вакцинираат своите деца заради ретардирани работи кои ги прочитале на рандом фб групи дека вакцините давале аутизам и којзнае ти што. Колку треба да ви е празна главата за да веруваш во вакви работи и БЕЗ никаква грижа да си ги шеташ децата на јавни места кај што има луѓе кои можеш да ги заразиш?
Епа драги мои, така доаѓаме до моментот што јас (вакциниран во 1994 година и во 2000 година) пред 8 па до пред 4 дена наеднаш се здобив со температура до 39 која што не паѓаше, со главоболки, болки во стомак, морав да пијам секакви видови апчиња незнаејќи што ми стана наеднаш, супи, чаеви, цедени сокови, секоја вечер да се будам во 20 пати во бунило, за на крај пред 4 дена во ден недела да станам рано наутро и да видам дека на целото лице и врат сум исфрлан и наеднаш се ми стана јасно. Не знам од каде имам фатено морбили, не сум бил околу мали деца или во амбуланти последниве месец дена, ама е сигурно од овие јавни места како City Mall, маркети итн.
Сега сум на боледување веќе недела и кусур, изолиран сум од СИТЕ за да не ги заразам, не можам мојата фамилија да ги гушнам и да ги поздравам, не можам роднините, не можам со никој да се видам, не можам девојка ми ни да ја видам ни да ја гушнам ниту да ја бакнам, затоа што мене лично ми е страв и шубе не дај боже на некој да му го префрлам ова. Па знаете ли како се осеќам сега , ради вас? Ради тоа што глумите лудило бидејќи детете ќе ви добиело аутизам преку вакцина ?? Што ова морам уште недели сам да седам во карантин, за целиот осип да ми помине?? Дали знаете вие КОЛКУ душата ме боли што морам да сум вака изолиран?? Полн сум со нервоза, лутина, тага.
Само ради "научници" т.е слепци wannabee родителчиња ко вас што за жал ви е дозволено да се репродуцирате. Епа кратко и јасно кажано, мамицата у пичка да ви ја ебам ретардирана на ваквите родители кои глумат лудило и одат против НОРМИ И ПРАВИЛА И СОВЕТИ УСТАНОВЕНИ ОД ДОКТОРИ СО РЕНОМЕ НИЗ ЦЕЛ ЕБЕН СВЕТ.
Извинете за овој vent , малку барем да ми олесни на душата
Бидете и останете здрави.