Пред една недела ја имав честа да го посетам музејско-меморијалниот центар на Дражен Петровиќ во Загреб. Накратко, бевме во посета на Хрватска, каде што го прошетавме Загреб накратко и требаше да тргнеме од Нова Градишка да трчаме до Крушево во чест на Тоше. Но, не сакав за тоа да пишувам сега. Сакам во овој мој пост да споменам две работи. Првата е Бисерка Петровиќ, жена кое има срце големо како планина, жена борец, на чија храброст и издржливост може секој да и позавиди. Најпрво, кога истатата група маратонци била во Загреб лани, таа веднаш побарала да дојдат во посета и да ги види, но веќе биле заминати. Оваа година месеци унапред побарала да одвоиме време да дојдеме во центарот и да не пречека, секако првото место кое го постивме беше меморијалниот центар. Жената има инвалид маж, починат син, но со толку позитива гледа на животот на свои 80 години, и толку добро се држи физички и психички што е за неверување. Таа самата ни кажува ние да бидеме јаки, и да се носиме со се што ни нанесува животот, и да го прифатиме таков каков што е. На свои 80 години често вози и патува со кола со мажот на релација Загреб - Шибеник, баш кажа и луѓето си велат што е со женава како издржува, ама кога правиш нешто со љубов ништо не е тешко. Во неа во големи делови ја пронајдов и мојата мајка, но нема да зборувам за тоа сега. Мамо фала ти што си борец целиот живот и кога си издржала да бидеш мајка и татко и баба и дедо и чичко и стрико и се.
Второто нешто кое сакав да го споменам, е самиот Дражен Петровиќ, на кој денес му е роденден. Јас не сум ја имал честа да го гледам во живо, ниту пак сум бил жив во негово време, но преку видеата, песните, приказните за него, сум имал чувство како да сум го прател низ целата кариера. А и човек умира два пати, еднаш физички, другпат кога ќе отиде во заборав. Многу луѓе отишле во заборав, Дражен и Тоше се личности кои никогаш нема да отидат во заборав. При просетата, мајката на Дражен ми даде еден стрип, кој уште во автобус го прочитав два пати, и уште десет пати дома. Стрипот е краток, ама со неговото читање кое трае 15 минути, јас сум исполнет бидејќи знам како некој навидум толку мал, успеал да го направи целото семејство, нација, фанови, толку големи. А и да, во Загреб до меморијалниот центар има кафич, се вика Амадеус, бидејќи Дражен е кошаркарскиот Моцарт
Останува само да си замислуваме до каде ќе покоруваше Дражен и колку рекорди ќе срушеше. Среќен роденден.