Дк
Си станав сабајле убаво наспан, си изгледав едно лабаво вестернче со Гери Купер, го наранив мојот стар пријател Мурто, веќе му се приметува дека и он е остарен, после и ја се наранив со три варени полу ровити јајца ги трефнав баш као што ги сакам, отидов да возам точок низ сончевото есенско шаренило во националниот парк Маврово, заборавив вода да земам, а многу ми се пиеше па си се напоив од едно рекиче мало над Леуново, водата добра е у моментот али после неколку саата ти врти стомакот сепак само на вртење остана. Се вратив таман за да имам време да направам канелони со бибоп џез у позадина пред да ми почне Јуве кој рутинирано си тепаше, а после се фаќаше сеир на Реал Минхен и пресвртот на Јунајтед, па дојде време да се направи еден десерт од Шумеча што ми фати око, се идеше добро ама место прво да матам слатка павлака па жолчки јас обратно напраив зашо мајка ми ми се јави у тие моменти и ме поремети во процесот важно солидно испадна ќе видиме утре и на вкус, а у позадина ечеше макфест финална вечер победи некоја 17 годишна и си зема 5000 евра, јас продолжив да си вртам низ јутјубот некои мк песни, падна и караоке на неколку од Ѓорѓи Крстевски и толку отприлика..
викам ај да и кажам на кајгана шо праев денес зашо стално ме прашуе, а и малку у Вато стил сакав да ми биде зашо интересен ми е тој стил, важно убав ден беше денес после цела недела арбајтен по 10 саата на работа.