ДК
Незнам од кај да почнам со една многу јака дешавка од ова лето. Ама ајде вака некако ке почнам. Ова лето имав прилика да работам во мојот роден град(Охрид) на брод. Една несекојднева и специфична работа , секој ден различни искуства со различни луѓе.
Па да почниме вака некако ми се одвиваше денот.
09 часот 27 Август. Утрото одам на брод и го спремаме за патување до Св. Наум. Во 10ч бродот тргнува и јас на него. Иако не сум по професија шанкер често работав/чепкав во шанкот на бродот. Па така до Св. Наум за сат и половина уз работа испив 1-2 џин тоници со што го отворив денот. А да денот беше одличен и јас таман се расположив. Стигаме во Св. Наум и луѓето излегоја од бродот. Место да останиме таму бродот тргна некаде... Јас се чудам затоа што знам по распоред денеска одиме само еднаш.. После неколку минути и уште еден џин тоник дознавам дека имаме скоро 2-3 сати слободно време па одиме до Трпејца. Трпејца застануваме со бродот и тука почнува првиот дел.
Во еден локален етно ресторан додека ги чекавме полнетите пиперки, наздравивме со една лута домашна ракија.. Ма да не сум љубител на ракија и се префрлив на нашето најдобро пиво Даб.
Имаше уште работи Трпејца на кратко ке спомнам додека се правеше ручекот, со постар колега ги посетивме и другите ресторани. Кај ке поминевме по 1 пиво ми следуваше од газдите на локалите..
Конечно го донесоја ручекот и сите јадевме. Муабети , пивце , ручек, мезење салата сиренце итн..
Дојде време да одиме Св. Наум затоа што слободното време помина и луѓето што ги донесовме требаше да ги вратиме... До таму одма стигнавме за 15 минути негде и тргнавме према Охрид полн брод. Јас иако не смеев да пијам на работа, ептен не можев да одолеам па си продолжив со пиво да се ладам во тие топли мигови... Ете сме во Охрид 5 часот завршени скроз со работа. Малку бев во ефект од пивото да не се лажеме 2-3 литри имав во цел ден испиено, ма да одлично ми беше. После работа од еден пријател на градско пристаниште земавме катамаран и земавме пиење со нас.. Лудории лево десно вака така се повозавме и слеговме. Другите колеги после возењето си заминаа секој по својот пат.
Одиме во другиот дел од приказната.
Сите си заминаа но не јас и уште еден повозрасен колега тргнавме према стариот ден на градот и така двајцата пијани(повеќе развеселени) гледаме група од повеќе девојки во друштво од 6-7 души. Ајде прошетка со кајче им викам со смеење... После неколку моменти се најдовме јас и колегава со нив во чамецот а јас возам... Тука се паркирани такси кајчината па го начекавме без газда кајчето и така тргнавме
. Ги возиме накај Канео и јас им објаснувам ова е црквата , овде е плажата овде живеат тие и тие риби и така натака...(Пуста желба за водич)... Се стемна полека а ние пиење немавме па застанавме со колегава со кајчето да доземиме пиење и се префрливме на бело вино. Вино зедовме од едни пријатели од стариот дел на градот.. Веќе 9 часот не фати кога слеговме ги истоваривме луѓето ама 2 од нив биле сместени Пештани.. И будала работа тргнавме да ги носиме за Пештани , за баксуз над Горица на уба височина полиција ни дојде, ние ни документи ни возачка за кајче ни нишо... Арно среди колегата со нив некако па заминаја.. Малер број 2.. глисерот од полиција замина ама пентата не ни пали.. Мачи се тргај ништо.. Чекаме пола сат па не зема друго кајче со влечење до Охрид.. Нашиот инает не престанува па упорни сме тие 2 девојки да ги носиме со брод до Пештани(таму им беше смештајот). Тргнавме сред вечер веќе и 11 11 и нешто беше. Убаво све возиме до таму со нив убав помин на бродот и таму на еден мост се врзуваме. Одиме кај нив со нив продолжува вечерта вотки ова она ... и натака знајте...
Касно накај 3-4 некаде чуден ветар задува, одиме со колегава глеаме заштитините топки се скинале од бродот, па јас скоскав пливав ко будала во 4 сабаје. Конечно после пола сат борба со бранови и топки и ветар и све.. тргнавме за Охрид. До Охрид се исушив конечно па се закотвивме и се врзавме кога стигнавме.. Заминав дома затоа што имав уште 2 сати за спиење до следниот работен ден. Се на се еден мн јак и несекојдневен ден.
Можда се прашувате зошто го пишам ова. Ке ви одговорам дека ми фали многу лето и ми фали оваа работа, во моментов седам на кревет пишувам и се сеќавам на спомени од летоска.. НИКОГАШ не очајувајте. Јас случајно ја најдов оваа работа, никогаш немав на брод работено и немав план да работам ама од нигде никаде се деси ова лето прв пат да бидам таму. Совет до сите НАПРАВЕТЕ секоја работа да ви е уживање и не дозволувајте некој да ве скрши и да ве убедува дека не сте за некоја работа ..
До наредна случка
Со почит:
Ваш ААбрат.