Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Драга Кајгана,

Другарка ми Тиган е Блек Уидоу у Дизниленд Париз, а мојата кредитна е изцедена ко лимунче...
Додека да се вратам у финансиска нормала, фото од ФБ...

 
S

silmarillion

Гостин
Да повториме, Godfather е едно Best man е друго. Кога ја постирате таа прекрасна слика од Журнал со дебелата невеста и кумчето у трегера што му вирее 15 сантима од тело, не пишувајте Godfather. Треба прво да имате секс, да затрудните, да се породите и после на таа слика од Ресторан Градина кај што ќе праите мекици ќе го тагнете како Godfather.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890
Абе кoмaрци ли се oвa штo ли се,живи луге јaдaт,преку oблекa кaсaaт.Кoј е нaдлежен зa oвa сaмo гoл врзувaње крaј некoе мoчуриште,жив дa гo изедaт кoмaрци и муви
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Кога станавме нација на Принглс, Сириал, пршута, панцента(?), смрдено сирење, авокадо, тонус, чиа...

Јас паметам дедо ми кога беше жив што се јадеше дома, пиперки, патлиџани, грав, месо, млеко и јајца па ништо не ни фалит.

Пола од тие работи сами си ги садевме и раневме, во викенд одевме до всело и старите работеа јас до ждребиња и кокошки се бркав.

Сеа све мрза до мрза, никој не работит, и работа не е само таа што ја имаш за пари, и домот си бара работа, да дојдиш да средиш нешто околу куќа, секогаш има нешто шо капит или чкрипит.

Абе од шо сме мрзи напраени одат во маркет роварат низ лебот ќе им паднит некое парче и не го пофаќаат, го прескокаат ама не го фаќаат, не ќе се исушит во рацете ако го фатит ама ајде.

Култура и чуство за другиот околу тебе нула, срам да ти е да кажиш со какви живееш, многу лош период за мрзливиот некултурен арогантен антички маќедонец што се рани со принглс и сириалс.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Само за 2ри е преполн Охрид, не дека е нешто убав туку дека сите журки се тогаш нели, ај згора на тоа годинава сите инстаграм инфлуенсерки го запоседнаа Охрид, ми ја отекоа пајпата со тоа кај да јадиме што да правиме ти реков ми рече. Абе Охрид е сестро, максимум што можеш да правиш е да кисниш во кладилница, да поднесиш данок во ујп или да имаш брачед во урбанизам што ќе ти среди за легализација на парцела.
Ај не е важно, одам со мачето на кубанкине куба либре сабота, кејфот и беше голем да играла на латинска музика ова она, и ај си реков пошо периодот на гужва седам подалеку од Охрид, кај баба ми, ќе палам кола и одам да барам место накај стадион. Армин имаше настап вечерта, си реков ќе ризикувам ако треба кај паднатине борци ќе ја паркирам, ама одам, инает ме фати. Гужва, затка, дечурлана нема игла кај да се фрли, коли на сите страни, кога гледам на кружниот пред Билјанини, едно, едно факинг место за кола, доволно големо колку за мојата кола, ни сантиметар повеќе ни сантиметар помалку, требаше паралелно да се паркирам, пуштам 4 жмигавци на сред туристичка, и велам на мачето излегувај за овој момент возев цел живот, ќе ти ебам и паралелно и све, калап ми доаѓаше, собрав сили зедов воздух, без многу маневри, без пот, жглап, влегување од прва, и ајде мачето да частиш џими, па ќе частам шо ќе прам, дури поубо е чувството и од клецкање.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Цел живот се жалат дека немаат пари и слободни денови за да одат на одмор и доаѓа лето истите тие ги среќаваш на туристички места секој ден седнати во кафана каде ручек или вечера за 4ца е најмалку 50 евра.
Изгледа само сакаат да се одморат од немаштијата и мизерниот живот, а изгледа и во септември ќе им треба уште еден таков одмор. <3
Значи ако немаш, немаш.

И оние што се жалат дека земаат мали плати и на нив сто години не им е покачена платата всушност тие земаат дупло поголеми плати, а не признаваат.;)

Има една фамилија што ми должи пари долго време и на фб слики каде биле на прошетка и шопинг, каде ќе да одат, што купиле, колку потрошиле со слики од фискални, а за парите се немаат јавено милион години.
Демек тие позајмените пари на некој од небото му паднале и на нив им ги има дадено, па не мора да ги вратат. Своето го ценат, а туѓото не. :toe:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.938
Поени од реакции
35.344
Месец ипол сум надвор од Македонија, и вчера ако не оклучевме еден ресивер шо фаќа македонски телевизии и гледавме вести, ќе заборавев шо е тоа тешка фрустрација...
Не дека тука е идеално секоја средина си има свои проблеми и предизвици, али поарно да се нервирам дека неможам паркинг да најдам и на километарските редици во супермаркетите, отколку да ми се гади од вести како некоја шо тепала дете у градинка или сечење лента за префарбан пешачки премин.
Вчера бев во банка да правам опција за онлајн банкинг, стигнав 15 мин пред терминот шо беше закажан и на самиот влез те пречекуваат, те носат во чекална, ти варат кафе, и кога видоа дека незнам добро јазик повикаа друг вработен од другата филијала за да се разбереме на англиски. :cuc:
Едноставно ти даваат волја и желба да се трудиш и да бидеш продуктивен за на некој начин и ти да придонесеш за системот.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.479
Поени од реакции
16.099
Значи не сум националист и не мрзам ниедна националност која живее на планетава. Ама ова секој ден славење на Албанциве на сунети, свадби, родендени, погреби итд. со веење албански знамиња небаре освоиле Светско првенство (ни тогаш нема да се накитат толку со знамиња) не можам да го сватам. Смеете ли вака да правите по западните земји?
Друга работа не знам зашто нема закон или ако има не се спроведува да се казнува сељачанава што пушта секаква гласна музика од автомобили, небитно дали е Македонец, Албанец, Србин, Англичанец, Марсовец итд. Ок гледаме дека имаш јака кола, ама не треба да се докажуваж дека си сељачина ако пуштиш раста, цеца, дуа липа, ера истрефи итд.
Трета работа најголеми казни во сообраќај би им лупал на овие со моториве што им ги вадат ауспусите за да брчат посилно. Прво би лупнал парична казна, а потоа ги ставил во просторија каде има голема бука за да им текне дека брмчењето им смета на луѓето во околината каде се движат
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.704
Кајг,
онака се прашувам, зашто денешниве „модерни“машки купачи се од папок до колена? што останува место да се исонча? ај да речеме ги носат тие што се малку покрупни, а што со тие „идеални“ мачо мажи?



не мора слип стил купачи, доколку не се чувствува сигурен,



може нешто скратени шорцеви...ама немој со купачи шорцеви до колена, џабе тело џабе фраерлук смешени сте покрај атрактивна женска со мини бикини или танга вие со шорцеви широки кои се мавтаат натаму наваму посебно со цветни детали и „женски бои“ :facepalm:

 
Последно уредено:

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Драгице,
Сакам да живеам на место кај што растат зокуми високи како палми. Силни и прекрасни. Да седам на некоја тераса со поглед на морето. Љубовта да хрчи на лулашка..и така.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom