Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Влегов во 29та недела.

Ме клоца, ми зборува. Ѝ пуштам музики, се плашиме заедно со татко ѝ во каков свет ќе ја донесеме, направиме човек. Дали ќе потфрлиме? Ќе бидеме ли океј? И слични паранои во 4 по полноќ.
И секое убивање бубашваба ми го чисти и просторот од помислата дека морам да создадам совршен простор за мене и мојот пород. Хемија и природа во комплетен спој.
Во суштина, ми се плаче. Нормално, изворот е некаде длабоко, а суштината на емоциите е измешан ко турлитава. Стравови, грижа, љубов и многу верба и надеж. Друго не знам.

На денот на книгата, излезе и второто мое книжевно бебе „Напишан дом“. Ќе ја промовирам и на Саем и се радувам што излезе во толку пролетна и полетна енергија. Читајќи си ги песните во печат, сфаќам дека јас не можам да бидам ништо друго освен спасувач на моментите и запишувач на животот. Не ме бива за медицина, не знам да ракувам со машини, тапа сум за природни науки, но сакам да готвам и хранам луѓе, да пишувам и да стоплувам амбиент со волјата што фала му на животот, не ме остава на цедило.
Кога сме кај волја, вчера го запознав Мици, сијамски мачор стар 18 години. Имаше волја за живот повеќе од некои живи собитија човечки што ги познавам.

Денес е ден за нови чевли и ручек со сестра ми.
Длабоки молитви без божјо присуство, само желба за бидеме добри едни со други.
И љубов, само љубов со многу препреки, затоа што поинаку не може да биде.

М.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Недај боже денот да ти почне на болница, суд или по адвокати и нотари.

Или администрација.

Пиши пропало на цел ден.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Кајги.. Животот кога дојде у Македонија си рече “ Нема живот овде, јас да бегам “ и си отиде изглеа а ... ееех што клето место сме ...
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.673
Марчело е убедливо најинтелигентниот лик од регионов шо успеал да се промовира и да успее на сметка на својот квалитет. Неверојатно е со каква леснотија и едноставност удара во сржта на проблемот.

"Ако је отаџбина мајка, факат фура чедоморство" :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

 
И

Име И Презиме

Гостин
Шо 1ви мај ?
Нема веке работничка класа, нема скара и пивце.Дојде живот, сите по дома .:kafence:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Драга,

Изгореници, алергија во фул налет и добиено. Се тоа заедно не ме нервира колку коментари од типот - Хехе, нежничка си, затоа. :rolleyes:
А они ќе умирале од обична настинка. Лиглиња, да се јадело гомна само.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Каде за 1ви Мај? И ден потоа: Кај беше за 1ви Мај? Се прашања кои што ме вадат од такт. Заедно со: Каде за нова? Каде за празнициве? Каде на одмор...
Не дај боже да речиш нигде или дома. Во истиот момент добиваш коктел од чудење, потсмев, авто психоанализа на твојата ментална и емоционална состојба, сожалување, испитување на твојот социјален живот...

Што значи, во нашата општа колективна свест е врежано мислењето дека човек треба да има ептен дебела причина за да не учествува на настани од ваков социјален карактер, како што е 1ви Мај. Одговори од типот: не ми се одеше, решив да одмарам дома...до длабоки објаснувања зошто 1ви Мај се слави погрешно кај нас, историски ретроспективи, финанскискиот товар...ништо не помага.
Кај нашиот народ 1ви Мај е ден наменет за излет, правење скара во природни резервати, локање алкохол, пошо ако не се направиш земја-воздух исто ко да не си бил. И врвно достигнување е ако за 1 Мај заминеш надвор од државата, тогаш си "класа" човек.

Зимото сите кенкаа и изиграваа еколози, загаден бил воздухот, животната средина...
Денес човек да помини низ местата каде пола држава правеше излет и скара на отворено, ќе најде една огромна дива депонија, наследство кое што нашиот трудољубив скараџиски народ го остава на идните поколенија.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Зошто никој во државава не сака и не знае да си ја работи работата а 95% имаат факултети ?

Зошто се како стресени кога требит еден документ да ти средат а по кафани се мислат дека се Џордан Белфорт ?

Пред некој ден носев боловање на работа, тој таму во кадрово се изгуби шо ме тераше мене да му ги собирам документите низ фирма, брат ако ти се работит работи, јас сум на минималец, според вас сум неписмен, слободно работи си, не ми плачи мене дека немаш како да се правдаш.

А за тоа како поминав на шалтерот на интерно и во општина...ево, административна работа при која се губи дипломец од правен како би ја сработил некој што е вработен преку партија ?

 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.135
Поени од реакции
13.261
Како мал си викав еј кај им текнало Ван Нистерлој да го вметнат во новогодишно - божиќна песна и убеден бев дека креаторот на песната бил за Јунајтед. Еве 15 години подоцна после гледање на првата епизода од Симпсонови дознавам дека всушност било „Jingle bells, jingle bells Jingle all the way Oh what fun it is to ride“, бидејќи ќе си ја пеев до крајот на животот јас “ џингл бел, џингл ол д веј, Орефан, Ван Нистерлој“, овој Орефан не знаев кој е ама мислев дека е некој од стручниот штаб на Јунајтед. И така, ништо сега веќе нема да биде исто :eek:
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
On the Statue of Liberty it says "give me your tired your hungry, your poor..." well Македонците are tired and hungry and poor, and I say until you take care of that, close the fucking book! 'Cause we're losing, we're losing our right to pursue our destiny, we're losing our freedom, so that a bunch of fucking foreigners can come in here and exploit our country!
So look around you,this isn't our fuckin' neighborhood this is a battlefield we are on a battlefield tonight..make a decision: are we gonna stand by the sidelines quietly standing while our country gets raped?Fuck no!" Are we gonna ante-up and do something about it?FUCK YEAH!" You're goddamn right we are!

 

Kajgana Shop

На врв Bottom