Работев по 2 смени периодот пред Нова Година, решиле да ме частат, неделава ми ја дадоа слободна и сега не знам што да правам со времево. А и времево па надвор мизерија, саат време пукна сонце, мислев ајде ќе прошетам и сместа на дожд смени. Се кладам од понеделник кога ќе морам да се вратам во дувлото ќе биде 20 степена
Порано кога активно пливав Aрена (за тие што не знаат, име преку кое Aдидас е во пливачкиот свет) ме контактираа мене и уште 2-3ца за еден вид соработка, не со договори ама да ни праќаат поклончиња од време на време а ние да им ги носиме на натпревари наочарите, купачите, капите итн. Е јакото е што не пливам активно веќе 4-5 години ама ликовиве уште си праќаат од време на време по нешто. Пролетоска маичка и пешкирче, есеноска ми пратија наочари и капа a денес ми стигна по пошта, хард кор честитка која заради македонски пошти (голем кисс до вас :* ) касни ~20 дена. Муабетов ми е, кога на нас задња рупа свирало до ден денес ни праќаат по нешто, можам да замислам која поддршка ја даваат на посебно германските спортисти а понатака и оние што имаат професионални договори со нив. После ќе ти каже некој антички или некој граѓанин, агенцииве наши им помагале на спортистите, да земеш да се колеш полека со мало лажиче. Чим не излегов зедов да си го средувам шкафот, си ги видов работите и ми текна да го пишам ова